Daily news
Хакерски напади: Сите патишта водат до Северна Кореjа
Безбедносните компании се сомневаат дека зад сајбер нападите, кои беа извршени изминатиот викенд, а од кој беа погодени 150 држави, стои Северна Кореjа.
Во првите прелиминарни заклучоци за хакерските напади кои блокираа стотици илјади компјутери во 150 држави низ светот, истражувачот на „Гугл“, Ник Мехта, објави компјутерски код кој покажал многу сличности со вирусот „Вона Крај“ и хакерската операција од 2014 година. Оваа акција пред три години многумина му ја припишаа на Пјонгјанг, пренесува АФП.
Други експерти веднаш реагираа на оваа објава како на знак, иако не дефинитивен, дека Северна Кореjа стои зад најновиот сајбер напад.
Истрашувачите во компанијата „Касперски“, чие седиште е во Русија, во понеделникот рекле дека ова досега е најважната трага, која треба да го утврди потеклото на вирусот, односно дека тоа е клучот за „решавање на мистеријата“.
„Во овој момент е потребно дополнително да бидат истражувани постарите верзии на вирусот“, наведоа од „Касперски“.
Тие појаснуваат дека сличностите во кодот укажуваат на хакерската група која носи шифрирано име „Лазарус“, а за која се верува дека стои зад хакирањето на „Сони Пикчрс“ во 2014 година, кога повторно беше обвинета Северна Кореjа.
Групата „Лазарус“ се сомничи и за хакирањето на централната банка на Бангладеш и други места во глобалниот финансиски систем.
„Обемот на операциите на Лазарус е шокантен“, велат од Касперски.
Компанијата „Интезер Лабс“, со седиште во Израел, се согласува со претпоставката дека Северна Кореjа е поврзана со вирусот „Вона Крај“.
Уште една компанија „Симантек“, исто така лоцирала сличности помеѓу вирусот „Вона Крај“ и методите кои ги користи групата Лазарус, но нагласува дека сличноста за сега „само претставува слаба врска околу нападот“.
Компаниите не ја исклучуваат можноста дека кодот кој е употребен во програмата „Вона Крај“ е само ископиран од штетната програма на Лазарус и дека тоа нема никаква врска со оваа хакерска група. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.