Daily news
Скокнаа облозите за „Трекзит” – букмејкерите ја зголемија шансата Трамп да не помине цел мандат
Растат влоговите во Европа и во САД за тоа дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе се задржи на функцијата четири години, пишува агенцијата „Ројтерс”. Зголемениот интерес се забележува откако Трамп го разреши директорот на Федералното биро за истраги, Џејмс Коми, пишува агенцијата.
Меѓународниот проект за политички и финансиски облози и предвидувања со образовна цел „Предикт“ во последните два дена доби рекорден број договори за обложување во врска со прашањето дали Трамп ќе биде отстранет.
Сајтот ги определува „договорите” како прашања поврзани со предвидувања за иднината во политика или финансии.
Во меѓувреме букмејкери во САД се обложуваат на прашањето дали шефот на државата ќе остане на функцијата додека неговиот мандат истече во јануари 2021 година.
Во договорот е нагласено прашањето “Ќе биде ли Доналд Трамп отстранет во 2017 година?” На ова прашање за 24 часа се добиени над 100.000 обложувања, кои се појавија откако Трамп побарал од Коми да ја прекине истрагата за врските меѓу поранешниот советник за безбедност Мајкл Флин и Русија.
Рано во средата цената за „да” достигна рекордни 33 центи – или 33 проценти на 100-процентна веројатност Трамп дека ќе биде отстранет.
Вредноста во текот на денот се намали на 27%, откако во вторникот предвидувањата се намалија за три процентни.
Само пред една недела таа беше едвај седум проценти.
„Предикт“ заеднички го водат „Аристотел” (Aristotle), компанија базирана во Вашингтон, која е основана за политички консултантски услуги, и Универзитетот „Викторија” во Велингтон, Нов Зеланд. Сите корисници на порталот се регистрирани гласачи во САД.
“Педи Пауер бетфаер” (Paddy Power Betfair), која е друга компанија за облози, вели дека приходите кон неа од страна на корисниците, односно обложувањата за предвремено напуштање на Трамп, се во износ еквивалентен на 6470 долари.
Сумата е акумулирана само од првите неколку часа откако се појави информацијата дека Трамп побарал од Џејмс Коми да стави крај на истрагата на ФБИ за односите со Русија.
Прашањето дали Трамп предвремено ќе биде ослободен од претседателската функција , на име на облози собра над 270.000 долари. На истава тема, облози на прашање, дали тоа ќе се случи во 2017, 2018, 2019 или 2020 година или подоцна, е собрано над 480 000 долари.
“Ладброукс” (Ladbrokes), друга компанија во индустријата, веќе смета дека шансите за отстранување на Трамп е поголема и таа го промени предвидувањето од 4 до 5, на од 10 до 11. Тоа значи дека веројатноста Трамп да биде подложен на интерпелација е околу 56 проценти.
“Се занимаваме со политички облози и прашуваме колку по скандалот Трамп ќе може да се справи Трамп”, вели портпаролот на “Ладброукс” Џесика Бриџ.
“И покрај малата добивка на парио поддршката за импичмент на претседателот не ни остават друг избор освен тоа да го промениме предвидувањето.”Крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.