Контакт

Daily news

Скандал: Уставниот суд донесе времена мерка за барокните градби, па се попишмани

Објавено пред

Уставниот суд воведе времена мерка за „барокните градби“, па од непознати причини се повлече и попишмани. Уставните судии пред повеќе од еден месец одлучија со надгласување да ги спасат од барок Градскиот трговски центар (ГТЦ), Македонската опера и балет (МОБ)  и Националната универзитетска библиотека „Св.  Климент Охридски“ (НУБ). Владата лани во јули овие објекти ги прогласи за објекти од посебен интерес и ѝја зеде ингеренцијата на Општина Центар за нив.

dobivaj vesti na viber

На седницата одржана на 5 април мнозинството судии одлучи да поведе постапка за испитување на уставноста на членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, според кој овие објекти се прогласуваат за објекти од посебен интерес заради изработка на планско урбанистичка документација за нив. Но, во исто време донесе и времена мерка, со цел да ги стопира сите натамошни дејствија, до донесување на конечната одлука. Според овој член, Владата може без никакви критериуми и по своја желба да донесе одлука да прогласи објект што е од посебен интерес и да го менува.

Решението за поведување на постапка потпишано од претседателот Никола Ивановски пред два дена е прикачено на веб страницата на судот, но она што е многу чудно и скандалозно е што од конечниот текст „изчезна“ времената мерка. Но, затоа во продолжение на решението заведено под број 136/2016 година е проследено и издвоеното мислење на судијката Наташа Габер-Дамјановска,која реагира токму на овој факт, нарекувајќи го„сериозен пропуст“.

Портпaролката на Уставниот суд, Оливера Филиповска, не сакаше да го коментира „исчезнувањето“ на времената мерка и  преупати одговор да побараме од  генералниот секретар.

„Не е мое да коментирам, јас информирам само за тековните предмети кои биле на дневен ред на седницата. Одговор побарајте си преку е-пошта од генералниот секретар“, додаде Филиповска. Го послушавме нејзиниот свет и испративме прашање преку службената е-пошта на Судот ([email protected]) упатено до претседателот на Судот, Ивановски, како и до генералниот секретар. Но, на нашето прашање, не добивме повратен одговор.

„Тврдам дека со означената усвоена верзија на Решението У.бр.136/2016 на 12 април 2017 година, Уставниот суд направи сериозен пропуст по однос на постапката предвидена во Деловникот на Уставниот суд“.

Како што појаснува судијката Габер-Дајмнаовска, која во овој предмет беше судија известител „И покрај изгласувањето со мнозинство гласови за поведување  постапка за член 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање и за запирање на извршување на поединечни акти или дејствија преземени врз основа на оваа законска одредба (односно изгласување а времена мерка по однос на тој член), преку текстот на Решението кое се усвои на следната седница на Уставниот суд на 12 април, спротивно на Деловникот, Судот ја отстранил веќе изгласаната времена мерка.

Таа нагласува дека фактичката состојба за гласањето од споменатиот ден веродостојно е  контстатирана и во Записникот од IX седница на Уставниот суд.

„Преку вака усвоениот текст на Решението на 12 април 2017, всушност се остварува ново прегласување по однос на веќе изгласаната времена мерка, што е спротивно на Деловникот на Уставниот суд бидејќи двојно гласање по ист предмет и преку тоа отстранување на дел од веќе донесена одлука е невозможно и правно апсурдно и претставува упад во донесената одлука“, укажува уставната судијка.

Таа потенцира и за важноста на времената мерка, која, како што вели, „нераскинливо е врзана со поведувањето постапка за оценување на уставноста на оспорениот член 50 бидејќи законодавецот не пропишал критериуми и рамки врз основа на кои би можело да се определи што се подразбира под градби од посебен интерес и во што се состои тој“.

Поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, не е изненаден од своите колеги.

„Со овој состав на судии сè е можно. Вакво нешто не се случило во историјата на Уставниот суд и претставува преседан“, вели Ивановски. Тој додава дека по правило, уште кога ќе се донесе одлука за поведување постапка со времена меркане се чека објавувањето на решението туку уште наредниот ден се известува доносителот на актот за времената мерка. Времената мерка изразува уште поголем сомнеж во уставноста и  законитоста на оспорениот акт и најчесто води кон голема извесност за поништување. Целта со нејзиното воведување е да се стопираат негативните последици што можат да се случат во меѓупериодот до донесувањето на конечната одлука“, појаснува Ивановски.

Гордана Дувњак

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

(Видео) По десет дена борба, дождот го изгасна пожарот кај Јасен

Дождот кој заврна пред 7.00 часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето Јасен, помогна...

Топ1 час

Отворена истрага: Уапсен 27 годишен скопјанец за детска порнографија

Секторот за компјутерски криминал при МВР до обвинителството поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство...

Свет1 час

Ким Јонг Ун на колена: Првпат призна дека војници на Северна Кореја загинале во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун им оддаде почит на војниците кои загинаа борејќи се на страната на Русија во војната...

Свет2 часа

Зеленски: Мора да се изврши притисок врз Путин, тој не разбира ништо освен сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната....

Свет2 часа

Шведска студија: Овие три професии први ќе бидат погодени од вештачката интелигенција

Веќе неколку независни студии заклучија дека две третини од занимањата ќе можат да бидат заменети или во голема мера извршени...

Македонија2 часа

Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека,...

Македонија14 часа

(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија16 часа

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните...

Македонија17 часа

Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше...

Македонија18 часа

Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење...

Македонија18 часа

Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител...

Македонија20 часа

Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски

Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од...

Топ20 часа

Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга – Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило...

Македонија21 час

Со закана изнудил 1,5 милион денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за...

Македонија21 час

Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на...

Македонија22 часа

(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме...

Македонија23 часа

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции, а по сопствен наод Фондот има извршено девет...

Македонија24 часа

На Табановце откриени непријавени луксузни часовници вредни 38 илјади евра

Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два...

Топ1 ден

Обвинение против осум лица, од нив шест полицајци

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската...

Топ1 ден

Истрага за тероризам: пријавил дека има бомба на летот Скопје – Анталија

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, обвинителството отвори истражна постапка против С.А. (26) поради основано сомневање дека сторил кривично...