Контакт

Daily news

Даниел Сруер: Грција треба да знае дека Македонија ќе биде поканета во НАТО

Објавено пред

Тој посочи дека луѓето кои сметаат дека е можна етничката поделба преку промена на границите, си играат со кибрит блиску до буре со барут.

dobivaj vesti na viber

Откако во земјата повторно има транспарентно и демократско владеење, Европа и САД треба да кажат дека Македонија сега ќе биде поканета да се приклучи на НАТО. Ова го изјави американскиот професор Даниел Сруер, директор на Програмата за справување со конфликти и соработник на Центарот за трансатлантски односи “Џон Хопкинс” во своето експозе за време на дебати во Поткомитетот за Стејт департментот за Европа, Азија и новите закани.

“Прво, земјите од регионот постигнаа вонреден напредок во десетте години по интервенцијата на НАТО во Босна во 1995 година Но, во последните десет години обидите на САД да ги дистанцираат раководството на Европската унија направија опасни ризици и  падови.

Во Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Македонија сега постојат ризици од нестабилност, која може да предизвика грчеви во целиот регион. Ова ќе се одрази лошо на меѓународната водечка улога на Америка, и е  закана на  три мирни договори и ќе не чини многу повеќе од спречување на конфликтот “, рече проф. Сруер. Тој посочи дека луѓето кои сметаат дека е можно етничката поделба преку промена на границите, си играат со кибрит блиску до буре со барут. Според него слични активности ќе доведат до насилство, вклучувајќи и етничко чистење и дури геноцид. “Тоа се случи во 90-тите години и може повторно да се случи”, посочи Сруер.

Исто така предупреди дека етничката поделеност ќе доведе не само до вооружени конфликти, но исто така ќе предизвика и нов бегалски бран, создавајќи “исламски мини држави во делови на Босна и Херцеговина, Србија и Косово”. “Штетата нема да се ограничат само до Балканот. Русија би поздравила етничката поделеност, бидејќи тоа ќе го поддржи деструктивниот  иредентизам на Москва во Јужна Осетија, Абхазија, Приднестеровието, Крим и Донбас, а би дало на Москва посилна позиција  во регионот.

Тоа би создало географски разлики во НАТО и во ЕУ “, категоричен е Сруер.

Професорот исто така, рече дека на Балканот не гледа алтернатива на политичките и економските реформи кои треба секоја страна да ги исполни за да влезе во ЕУ и НАТО. “Сите сакаат да се приклучат во ЕУ, кој за жал нема да може да почне да прима до 2020 година Тоа, според Сруер го прави членството во НАТО многу важно охрабрување за спроведувањето на реформите во сите земји, без Србија.

“За Македонија тоа значи дека Европа и САД треба да и кажат на Грција дека ФИРОМ ќе биде поканета да се приклучи во НАТО откако повторно е вратена транспарентен и востановена  демократска власт. За Косово тоа значи дозвола Приштина да развие армија наменета за меѓународно миротворство кое нема да претставува закана за Србите. Затоа Србија треба да го прифати суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово, овозможувајќи му да се зачленува во ОН.

Во Босна и Херцеговина членките на НАТО треба да им кажат на Република Српска дека Западот нема да го признае неговото отцепување, ниту ќе доаѓа на помош “, посочи уште проф. Сруер. крај/мф

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во...

Македонија2 часа

Кривична пријава за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И.(58), двете од Скопје поради...

Македонија2 часа

Истрага против две сопственички на домови за стари лица: сместувале женски и машки лица заедно, дел од корисниците биле заклучувани, им биле служеби оброци со изминат рок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични...

Македонија2 часа

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев, не биди лицемерен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг во Гостивар во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година...

Топ2 часа

Уапсени двајца скопјани: предизвикале пожар на две товарни и едно патничко возило кај спортскиот центар „Јане Сандански“

Денеска, во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје...

Свет5 часа

(Видео) Нападнат автомобилот во кој се наоѓал претседателот на Еквадор, луѓе фрлаа камења, најдени траги од куршуми

Автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа бил опкружен од околу 500 луѓе кога тој пристигнал на настан во покраината Канар,...

Европа5 часа

Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и...

Европа5 часа

Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество...

Свет6 часа

Нетанјаху: Ќе продолжиме да ги постигнуваме сите воени цели, Газа повеќе нема да биде закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера вечер им вети на Израелците дека ќе ги постигне сите цели на војната против Хамас...

Европа6 часа

Путин: Се докажа дека бевме во право во февруари 2022 година

Желбата на луѓето од Донбас и Новорусија да ја поврзат својата иднина со Русија докажа дека одлуките донесени во февруари...

Македонија14 часа

Тошковски: Нема да поднесам оставка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот „Фејсбук“ профил реагира соопштението на СДСМ во кое се бара негова оставка....

Македонија18 часа

Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор...

Македонија19 часа

Нема индиции на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово, соопштија од Јавното обвинителсто. „Во однос на настанот...

Македонија19 часа

Поради сериозни пропусти, Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано...

Македонија20 часа

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман: две лица уапсени

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство...

Топ23 часа

Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци. Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело...

Македонија1 ден

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница, најавија Владата и Министерството за дигитална трансформација....

Македонија1 ден

Македонија од денес и официјално дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

Министерството за европски прашања информира дека од денес, 7 октомври 2025 година, Република Северна Македонија официјално започнува со примена на...

Топ1 ден

Две Италијанки уапсени на Табановце, кај нив се пронајдени семки од канабис, ЛСД, кесичка со суви печурки

Вчера во 20:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода 33-годишните Џ.П....

Топ1 ден

Уапсен маж од скопско Мирковци, фатен како краде нафта од училиште

Вчера во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот...