Контакт

Daily news

Попоски: Локалните избори ќе бидат главниот тест на јавното мислење

Објавено пред

Министерот за надворешни работи во техничката влада и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски смета дека локалните избори ќе бидат главниот тест за тоа што мислат граѓаните во врска со одлуките на политичките партии и со чекорите преземени по парламентарните избори од 11 декември. Во интервју за Независната балканска новинска агенција (ИБНА), Попоски вели дека локалните избори треба да се одржат што поскоро и дека најдобро е заедно со нив да се одржат и парламентарни избори, иако признава дека „Собранието е она што треба да донесе одлуки за следните чекори. Вклучувајќи го и чекорот за тоа кога можеме или дали можеме да ги одржиме очекуваните парламентарни избори“.

dobivaj vesti na viber

– Сакам да речам дека се случиja многу работи по изборите во декември. Имавме исклучително поларизирана политичка атмосфера. Според ВМРО-ДПМНЕ постоеше сериозна загриженост околу фактот дека се воведоа нови елементи што не им биле претставени на граѓаните во текот на изборниот циклус. Одлуките направени потоа во Собранието дефинитивно влијаат врз мислењето на јавноста. Не кажувам однапред што ќе се случи. Едноставно велам дека локалните избори ќе бидат следниот чекор каде што ќе може да се измери какво влијание имале одлуките донесени од едната или другата страна врз мислењето на јавноста. И воопшто не донесувам заклучоци за исходот. Во овој поглед, ВМРО-ДПМНЕ смета дека најдобриот чекор можеби би бил да се спојат локалните со парламентарните избори и да им се даде можност на граѓаните да кажат што мислат за платформите и програмите на партиите. Но реално земено, ова е одлука што може да ја донесе само мнозинството во Собранието – рече Попоски.

Одговарајќи на прашањето дали постои стравување од „Голема Албанија“ Попоски потенцира дека тоа не е патот кој носи напредок бидејќи промената на границите на Балканот, гледано според таквите обиди во минатото, ни донела само лоши работи, невини жртви и ужасни последици.

– Сметам дека единствениот пат напред е земјите во рамки на постојните граници да се приклучат кон ЕУ и да се намалат тензиите преку фокусирање на реални нешта: работни места и економски развој. Убеден сум во тоа – вели Попоски.

Во врска со односите меѓу Македонија и Грција Попоски истакнува дека потпишаниот меморандум за разбирање бил добар за граѓаните и за економијата но тој не е нешто што автоматски ќе ги реши разликите што постојат. Објаснува дека проблемот со името ќе се надмине само преку почитување „на дел од основните принципи на кои се согласивме сите, на меѓународно ниво. Таа сигурно значи дека треба да ги земеме предвид грчките чувства во поглед на ова прашање, но најпрво треба да се почитуваат овие основни принципи и во случајот на Македонија“.

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

САД преговараат со Русите и Украинците: „Мора да бидеме сигурни дека Русите се согласуваат со ова“

Секретарот на американската армија, Ден Дрискол, пристигна во Абу Даби доцна синоќа на разговори со шефот на украинската воена разузнавачка...

Свет25 минути

Венецуела до авиокомпаниите: Имате 48 часа да ги продолжите летовите или ќе ја изгубите дозволата

Венецуелскиот институт за авијација денес им соопшти на меѓународните авиокомпании дека мора да ги продолжат летовите до земјата во рок...

Свет58 минути

ОН: На секои десет минути жена е убиена од близок човек

ОН вчера соопшти дека минатата година речиси 50.000 жени и девојки биле убиени од интимен партнер, осудувајќи го недостатокот на...

Европа1 час

(Видео) Зеленски испрати драматично предупредување: неколку часа подоцна, Русите брутално го нападнаа Киев

Русија синоќа започна жесток напад врз Киев и други украински градови, користејќи беспилотни летала „Шахед“ и балистички ракети „Кинжал“. Нападите...

Македонија20 часа

Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува

Премиерот Христијан Мицкоски од кого викендов на социјалните мрежи се бара извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во...

Македонија20 часа

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели Мицкоски откако судот најави отворање предмет за случајот на Јанкулоска

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели премиерот, Христијан Мицкоски, откако судот најави отворање предмет за случајот...

Топ20 часа

Уапсен 16-годишник од Охрид: силувал 12-годишно девојче, друг малолетник го снимал, а трет го уценувал девојчето

Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025...

Топ20 часа

Бебе почина во Општата болница во Кичево: било донесено во тешка здравствена состојба

Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка...

Македонија21 час

„По налог на Груевски Мицкоски ја враќа државата деценија назад“, велат од СДСМ

„Македонија повторно се наоѓа во изолација. Наместо држава што чекори напред, со јасна европска перспектива, денес гледаме изолирана земја додека...

Македонија21 час

Јанкулоска: Судот во Стразбур отвора сериозни прашања за судењето и пресудата против мене

Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвара сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично...

Македонија23 часа

„Кацарска со двојни стандарди, за себе и судиите полни џебови и привилегии, за пензионерите бара укинување на зголемувањето на пензиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДС. Кацарска како послушничка и извршителка на Заев,...

Топ1 ден

Маж почина во авион пред слетување во Белград: oпшта драма на аеродромот

57-годишен маж од Македонија почина вчера за време на летот од Чикаго до Белград. Според српски Телеграф, на патникот му...

Македонија1 ден

Кардиологот и алпинист Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не...

Македонија2 дена

Четириесет дена откако почина Панчо од „ДНК“, колегите од македонската сцена со трогателни пораки

Четириесет дена по смртта на Владимир Блажев, познат на јавноста како Панчо од хип-хоп дуото „ДНК“, социјалните мрежи повторно се исполнети со неговото име....

Македонија2 дена

11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди, Владата додели над 33.000 ваучери

Владата информира дека заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти, секој во вредност од 15.300 денари....

Македонија2 дена

Градоначалникот Митко Јанчев по скандалот со Аца Лукас: Кочани сценарио нема да дозволиме

Не стивнуваат реакциите по скандалот што се случи со пејачот Аца Лукас кога беше прекинат неговиот концерт во Кавадарци. Тој...

Македонија2 дена

Пакуван помфрит со поминат рок требало да се продава на македонскиот пазар, АХВ го спречи увозот и го уништи

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат...

Регион2 дена

Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови

Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес...

Македонија2 дена

Ако живеете во поплавено подрачје превријте ја водата за пиење 10 минути, фрлете ја храната што дошла во допир со поплавата – ИЈЗ со препораки до граѓаните

Институтот за јавно здравје издаде препораки за населението во поплавените подрачја, со посебен акцент на безбедната употреба на вода, личната...

Свет3 дена

Американскиот план за Украина бара дополнителна работа, велат западните челници

Американскиот план за Украина бара дополнителна работа, се согласија челниците на 11 земји и ЕУ во заедничка изјава по состанокот...