Daily news
Зголемен бројот на заболени со рак на кожата
Расте бројот на карцином на кожата и потребно е населението да прави навремени прегледи и да ја заштити кожата од прекумерното изложување на ултравиолетови зраци.
Денеска се одржа симпозиум „Нови предизвици во лекувањето и третманот на малигнен меланом“, во организација на Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“, Универзитетската клиника за онкологија и Лекарската комора на Македонија.
„Апелираме еднаш годишно да се прегледа населението за евентуална појава за сомнителна бенка, дамка на кожата. Централен настан на кампањата се бесплатните прегледи по дерматолошките институции низ Македонија. Прекумерното изложување на ултравиолетови зраци со појава на изгореници во детството и адолесцентниот период е ризичен и најважен период од животот на една индивидуа“, рече Зорица Зафировиќ и додаде дека треба да се внимава и со одењето на солариум.
„Среќни сме што ќе можеме ова прашање да го подигнеме на многу повисоко ниво. „Борка“ заедно со Алијансата на пациентки организации уште минатата година поттикна создавање посебен фонд за терапии кои ќе им бидат достапни на пациентите со малигни заболувања и имплементирање на нова национална стратегија за контрола на ракот во Република Македонија“, вели Биба Додева. Претседателот на Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“
Минатата недела се соочивме со проблем и пациентите со меланом ќе останеа без лекови, што ќе беше навистина страшно затоа што кога ќе се почне со една терапија, таа треба да продолжи да се прима. Кога пациентите ќе се остават без терапија, тоа значи дека се оставаат да умрат. Тоа не смее да се дозволи. Терапијата мора да биде достапна за сите, додаде Весна Алексоска, претседател на Националната алијанса за ретки болести на Македонија
„Лесно е кога лезијата ја гледате на видлив дел од телото. Малку е потешко кога лезијата е позади на грб, па мора друг да ве види. За жал, кога меланомот е во фаза на т.н вертикален раст се случува имуниот систем сам да го победи примарното жариште, а да даде метастази. Неговата дијагностика не е така едноставна“, рече Милан Ристески, директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.
Светските трендови се стремат да овозможат добро третиран и добро воден пациент со малигно заболување да живее до три години подолго.
Крај/мф/ем
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.