Контакт

Daily news

Москва: Иванов ја прими наградата „Алексеј Втори“ од рускиот патријарх Кирил

Објавено пред

Утре Иванов ќе има средба со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Патријархот на Руската православна црква Кирил, на свечена церемонија што се одржа денеска во храмот „Христос Спасител” во Москва, на Ѓорге Иванов му ја врачи наградата „Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Алексеј Втори” со која е одликуван за 2016 година.

Престижната меѓународна награда која му се доделува на Иванов,претставува признание на неговите заложби во зајакнување на меѓу-православните односи, улогата на религијата во општеството и воспоставување, односно јакнење на принципите на верска толеранција.

Наградата ја доделува Меѓународната општествена Фондација за единство на православните народи, за извонредна дејност во зацврстување на единството на православните народи и за утврдување и промовирање на христијанските вредности во животот и општеството. Фондацијата е формирана во 1995 година со благослов на патријархот Московски и на цела Русија Алексеј Втори.

– Ова престижно признание го примам како Претседател на Република Македонија, но и како православен христијанин кој е роден и израснат во возобновената Светиклиментова црква – Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Во таа жива Црква, која се возобнови пред 50 години, е граден и изграден и нашиот светоглед, истакна Ѓорге Иванов на церемонијата по повод доделувањето на признанието, на која присуствуваа голем број црковни великодостојници.

Се заблагодари на Меѓународниот фонд за единство на православните христијански нации за признанието, притоа истакнувајќи дека му е особено значајно бидејќи се доделува за 2016 година, кога одбележавме 11 века од упокојувањето на големиот словенски просветител Св. Климент Охридски без кого, како што рече, денес ќе живеевме во поинаква, духовно, културно и цивилизациски посиромашна Европа.

– И денес има голема преселба на народите кои со себе ја носат сета своја етничка, јазична, религиска и културна различност. И денес се ограничува слободата на мисла, совест и вера. И денес на сцена се циниците, епикурејците и стоиците. Во ерата на постмодернизмот има сè повеќе практики и политики кои се косат со етичките начела на речиси сите светски религии. И денес, како и тогаш, поредокот се трансформира. Неподготвени да се соочат со новите сложени предизвици на 21 век, меѓународните институции како да останаа заглавени во 20 век. Глобализацијата економски успеа да го обедини светот, но политички го разедини и придонесе кон создавање конфликти и војни. Двојните стандарди станаа дел од проблемот. Прогонствата, преселбите и конфликтите станаа наше секојдневие, рече Иванов.

Имајќи ги предвид сите овие предизвици, посочи дека како Претседател на Република Македонија се води од три принципи. Првиот принцип, рече, е почитување наместо толерирање.

– Наспроти западниот концепт на толеранција на различноста, насекаде го промовирам македонскиот модел на почитување на различноста, бидејќи се толерира она што се мора, а се почитува она што се сака, истакна Иванов.

Вториот принцип според него е градење единство, но не по цена на различноста.

– Лекот против религиозното насилство не може да се бара во помалку религија, туку во повеќе меѓурелигиски дијалог. Но, тој дијалог меѓу религиите завршува онаму каде што започнуваат нивните суштински разлики. Неопходно е со почит да се прифаќаат разликите, за да не се доведеме во ситуација, бегајќи од радикалниот екстремизам, да се вплеткаме во мрежата на религискиот синкретизам што се обидува да ги поништи суштинските разлики меѓу религиите, истакна Иванов.

Третиот принцип, како што рече, е отворање, наместо затворање на просторот. – Денес, Балканот, Кафказот и Блискиот Исток се кошмар за секој политичар и аналитичар. Но, парадоксот е што токму во овие региони имало најдолги периоди на мир – тогаш кога биле дел од отворен простор. А таму каде што има отворен простор, има и луѓе со отворен ум кои комуницираат и се интегрираат, без притоа да се асимилираат, рече Иванов.

На крајот од обраќањето пред присутните тој изрази уверување дека овие три принципи – почитување, дијалогот и отвореноста можат да помогнат во градењето на новиот свет.

Носители на наградата за 2016 година, покрај претседателот Иванов, се и поглаварот на Коптската црква, pатријархот Тавардос Втори и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, кои присуствуваа на свеченоста.

Во храмот на Христос Спасителот од македонска страна присуствуваа и епископот Климент Хераклејски од Преспанско-Пелагониската епархија и деканот на Православниот факултет Ѓоко Ѓоргевски.

Традиционалното доделување на наградите заврши со концерт на познати руски хорови и солисти кои изведоа песни на македонски јазик.

Настанот, на кој на видео бим беше презентирана и биографијата на Иванов, директно го пренесуваа повеќе руски телевизии.

Меѓу досегашните носители на наградата на Меѓународната општествена Фондација за единство на православните народи се шестиот Генерален секретар на Обединетите Нации, Бутрос Бутрос Гали, српскиот претседател Томислав Николиќ, црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, бугарскиот патријарх Неофит, рускиот претседател Владимир Путин, палестинскиот претседател Махмуд Абас, рускиот премиер Дмитри Медведев, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, претседателот на руската Државна дума Сергеј Наришкин, бугарскиот претседател Георги Прванов, грчкиот претседател Константинос Стефанопулос, претседателите на Република Кипар, Спирос Киприану и Тасос Пападопулос, претседателот на Естонија, Арнолд Ријтел, претседателот на Молдавија, Владмир Воронин, претседателот на Ерменија, Роберт Кочарјан, тенисерот Новак Ѓоковиќ, режисерот Емир Кустурица.

Иванов претходно оствари средби со патријархот на Руската православна црква, Кирил и со епископ Тихон, викар на патријархот московски и на цела Русија. Македонскиот претседател ќе присуствува и на Божествената литургија во храмот „Христос Спасител“ во Москва.

На средбата рускиот патријарх Кирил ги поздрави напорите на македонскиот народ за зачувување на православната вера посочувајќи дека Иванов е особено заслужен за тоа, притоа изразувајќи поддршка и солидарност. Патријархот Кирил истакна дека Македонија е мала земја, но се соочува со големи предизвици, меѓу кои и мигрантската криза која дополнително ја отежнува ситуацијата.

Руската православна црква, како што истакна патријархот Кирил, прави напори да започне дијалогот помеѓу МПЦ и СПЦ. На средбата беше поздравена и соработката на богословските факултети во Скопје и Санкт Петерсбург.

Утре Иванов ќе има средба со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. крај/мф

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и по неисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија23 минути

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија1 час

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија1 час

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија2 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија2 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија2 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет6 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет6 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет7 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет7 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа7 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет7 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет13 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет13 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет14 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија17 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија18 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет18 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...