Daily news
Бугарскиот историчар Димитров: Веста за Путин и азбуката oд македонските земји е лажна, каква Македонија, какви 5 лева
“Помислив дека тоа е лажна вест!” Вака познатиот бугарски историчар и антимакедонист Божидар Димитров ја коментира информацијата што ја објави тамошниот медиум Блиц. Тој смета дека изјавата на рускиот претседател Владимир Путин при средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов дека словенската писменост потекнува од македонските земји, е скандал.
Според бугарскиот историчар постоела мапа на бугарските земји во времето на кнез Борис I, кој ги прифатил и ги поздравил учениците на Кирил и Методиј, на која јасно се гледа каде тогаш биле македонските земји, вклучувајќи Скопје и Охрид
“Вистината е следнава – во времето на Кирил и Методиј, Македонија веќе 200 години била дел од Бугарија. Значи – каква Македонија, какви пет лева. Нема такво нешто! Она што го знаеме како официјална руска позиција – рускиот патријарх пред три години изјави дека азбуката, писменоста и христијанство Русија ги добила од Бугарија.
Рускиот министер за култура Владимир Мединскиј изјави при откривањето на изложбата на Црвениот плоштад дека Русија и е должна на Бугарија, вклучувајќи и за писменоста и христијанство. Руската академија на науките неодамна ја издаде студијата “Историја на словенската книжевност”. Таму нема македонска секција, вели Димитров за бугарски Блиц.
Путин, природно, знае што зборува, а што не, можеби станува збор за преиначување на неговите зборови.
Веројатно некој се обидува да направи измислен, меѓународен сканадал со лажни вести! ”
Други историчари исто коментираа дека на пракса Путин да ја кажува вистината, велејќи дека словенската писменост е дојдена од македонските земји. Бидејќи во тоа време таму живееле Бугари и тие биле дел од бугарската територија: “Азбуката доаѓа токму од македонските земји, центар на еден дел од кои во оние години е Солун, а останатите се во бугарското царство дури до Јадранското Море”, вели во реаакцијата бугарскиот историчар Божидар Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.