Контакт

Daily news

Интервју, Миљенко Јерговиќ: Поважно е што мисли Кардашијан од Дилан

Објавено пред

Хрватскиот и босански писател Миљенко Јерговиќ вечерва ќе ја прими наградата „Прозарт“ што ја доделува фестивалот „Про-ЗА Балкан“ за авторски придонес во балканската литература. Независно кој национален предзнак стои пред неговото име, по фасцинантниот литературен опус со близу 30 прозни и поетски изданија, и неброени публицистички текстови, преводи и награди, тој е автор кој е читан низ целата територија на поранешно југословенските земји. Пишува со голема леснотија, интроспекција и течение како длабока река, понекогаш мирно но и бранувано. Го нарекуваат еден од најлуцидните автори на Балканот. На актуелните состојби и вредносната криза во светот гледа спокојно, но вели секако одиме кон планетарен колапс. Роден е во Сараево, во градот синоним за културна мешавина.

dobivaj vesti na viber

Своите ставови и размислувања редовно ги пласира на својот блог, но за Макфакс проговоревме на терасата на хотелот спроти споменикот Мајка Тереза, и направивме кратка „прошетка“ низ мислите и нештата што ги согледуваме.

Неодамна Боб Дилан ја доби Нобеловата награда за литература, но истата не дојде да ја прими. Дали сметате дека наградите се поважни за фестивалите што си градат имиџ врз имињата на наградените или, сепак, тие се значајна валоризација на нечија работа?

– Наградите всушност ништо не менуваат. Писателот нешто напишал, и тоа нешто вреди или не вреди, без оглед на наградите. Наградите тука не можат ништо да сменат. Некој што добил Нобелова награда за книжевност не го прави ниту подобар ниту полош писател отколку што бил претходно. Така што, наградите не се како резултат во спортот за тоа кој е подобар. Важно е дека тие што ги доделуваат ги ценат вашите дела и ги прочитале, и тоа е доволно добро.

 

Колку е важен гласот на писателите кога говорат јавно, се чини дека медиумските идоли и оние кои го креираат јавното мислење се сосема некои други профили на личности и биографии?

– Да, тоа е така и не може да се смени. Живееме во време во кое политичарите и естрадните уметници се мерка за сите нешта, и поважно е што мисли некој селебрити, кој ниту знаеш со што се занимава, ниту какво образование има. На светот му е многу поважно што мисли Ким Кардашијан отколку што мисли Боб Дилан. Тоа е едноставно така, тоа е планетарна пропаст, и фактот што претседател на Америка е Доналд Трамп, човек кој не е ништо поразличен од Кардашијан, човек за кој не знаеме ни што е по професија ниту со што се занимава. Мислам дека не треба да се вознемируваме за тоа, ниту да се обидуваме да бидеме многу гласни за некој да нè слушне. Тие што сакат, ќе допреш до нив, и така е сè решено на многу едноставен начин.

Демократија

Правото на избор и на јавно мислење се чини како врв на демократијата?

– Не е тоа никаква демократија, тоа има врска со начинот на кој функционираат светот и медиумите, и исто така со социјалните мрежи. Секој може на Фејсбук профил да изнесува свое мислење за сè, а особено за тоа за кое тој најмалку знае. Светот е во таква ситуација. Право да го изнесат своето мислење имаат најмногу оние кои немаат врска со ништо, и тие чии ставови се најскандалозни, треба само да се каже нешто сензационално. Најдобро поминува кога ќе се изговорат лудости од различен вид. Сепак, има општества кои се одговорни и сериозни, каде што, сепак, се учи од паметните индивидулаци.

Сараево

„Плочата ‘Нестварни ствари’ на новосадската група Луна (никако да не се помеша со истоимената подоцнежна белградска поп треш група…) ја купив штом излезе, ми се чини во почетокот на летото во 1984. Ја објави љубљанскиот издавач Хелидон, во 920 примероци. Тиражот на ‘Нестварни ствари’ беше минимален. ‘Настварни ствари’ едвај и да беа некаде дистрибуирани затоа што Луна во времето на објавата повеќе и не постоеше, ниту имаше изгледи дека некогаш ќе биде обновена“ – вака пишува Јерговиќ во една своја колумна која е миговно патување наназад во Сараево. Плочата ја купил во родниот град, а ја преслушува некаде во Пула минатата година. Не се забележува вознемиреност кога зборува за Сараево, едноставно Јерговиќ верува во некоја нова еволуција на градовите.

Дали често патувате во Сараево и какви чувства имате кога гледате на неговата блиска историја од денешна перспектива?

– Доста честo го посетувам. Светот се менува па така се смени Сараево па и Босна. Тие промени се делумно причинети од војната, и со самото тоа се негативни, а делумно со едноставното течение на времето. Од времето на предвоено Сараево поминаа 25 години, тоа е огромен временски период. Што се однесува до тоа што е останато од она предвоено Сараево, веројатно тоа што е останато во главите на луѓето што го паметат, нешто на улиците, нешто во Америка и Канада каде што живеат некои сарајлии. Сега се тоа некои други младости, некое друго време. Тие луѓе сега имаат право на тој град како што ние имавме некогаш одамна. Малку е тешко прецизно да се присетам од денешна перспектива какво беше чувството кога почна големата саревска трагедија. Знам дека никој тогаш, ниту, пак, јас можев да замислам како тоа ќе се развива, и како ќе изгледа.

Војната може да ја убие креативноста?

– Тоа не е вистина, поривот да пишуваш се раѓа во секакви околности, можеби уште повеќе кога наоколу има катастрофа. Тоа е сосема природно.

Балкан

Каква политичка иднина му предвидувате на Балканот?

-Нештата ќе се одвиваат во еден глобален контекст, ако опстане Европската заедница, а мислам дека тоа ќе се случи, тогаш и Балканот ќе биде дел од таа заедница и сите овие земји ќе се интегрираат таму. Ако Европа не преживее тогаш и Балканот ќе ја дели истата судбина. Добро е што нештата не се генерираат од Балканот кон Европа бидејќи историјата покажа дека вообичаено произведуваме несреќа. Нашата балканска генетика е навикната да биде дел од големите империи и последниве години учиме како да управуваме со самите себе, но ми се чини дека не напредуваме најдобро.

Интернационалниот литературен фестивал „Про-за Балкан“ наградата ја доделува петта година за авторски придонес во развојот на книжевноста на Балканот.

Миљенко Јерговиќ, кој беше гостин на првото издание на „Про-за Балкан“, е роден во 1966 година во Сараево, а денес живее во Загреб. Автор е на повеќе од 30 романи, збирки раскази и поетски изданија.

Добитник е на голем број национални и меѓународни книжевни награди, како наградата за мир „Ерих Марија Ремарк“ (1995), италијанската Premio Grinzane Cavour (2003), Ангелската книжевна награда за најдобар роман во Средна Европа (Полска, 2012) и наградата „Његош“ (2015). Тој е еден од најчитаните автори во регионот.

Наградата „Прозарт“ во изминатите четири години ја добија писателите Владислав Бајац, Даша Дрндиќ, Вида Огњеновиќ и Георги Господинов. Со нејзиното врачување на Јерговиќ вечер, во 19.30 часот, во Даут-пашин амам, каде и другите писатели учесници ќе читаат извадоци од своите дела, ќе биде затворен годинашниот „Про-за Балкан“ кој го организира издавачката куќа „Икона“.
разговарала Ана Василевска



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 минути

Едно и пол годишно бебе донесено без знаци на живот на Детска клиника

Бебе од Скопје без знаци на живот било донесено на Детска клиника, соопшти полицијата. Имено вчера во 07.30 часот во...

Македонија1 час

Ганиу ќе ја тужи Арсовска: Моите адвокати спремаат тужби за невистините што ги зборува за мене чесната жена од Град Скопје

Во Чаир нема 150 згради дивоградби, нема дивоградби изградени на државно земјиште и нема темели за 50 нови дивоградби, кажа...

Топ4 часа

Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари Единицата...

Македонија4 часа

Во Тетово ќе се гради Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата...

Македонија6 часа

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторната, уверува Бислимоски

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе...

Македонија6 часа

(Видео) Јанковиќ: Власта нема пари за младите спортисти, а има за ПР-агенции, Борко Ристовски да поднесе оставка

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност,...

Свет8 часа

Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној на Камчатка, ослободува огромна количина енергија. За споредба, атомската бомба фрлена врз...

Македонија8 часа

Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјата

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три...

Топ8 часа

Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ по интерпелацијата на Коцевски: На Македонија ѝ треба обвинителство отпорно на политичко влијание

Социјалдемократскот сојуз и ДУИ, вчера здружно застанаа на браникот да го спасат Љупчо Коцевски, на кого веќе му е изгласана...

Свет9 часа

(Видео) Земјотрес од 8,8 степени за време на операција, докторите останаа смирени

Силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија предизвикувајќи цунами високо до...

Свет11 часа

(Видео) Брановите удрија во брегот – први снимки од цунами по разорниот земјотрес во Русија

Првиот бран цунами ја погоди крајбрежната зона на Севернокурилскиот Регион откога Камчатка беше погодена од разорен земјотрес со магнитуда од...

Свет12 часа

(Видео) Силен земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами, Јапонија и Хаваи наредија евакуација

Силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени што го погоди рускиот Далечен Исток предизвика цунами, а Јапонија и Хаваи наредија...

Македонија21 час

(Видео) Драчево бара лежечки полицајци на „Јустинијан Први“: Не утре, туку сега, пред да има мртви

„Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто? Денеска повторно автомобил излета...

Македонија22 часа

Три активни пожари во државата, чешкиот „Блек Хок“ слета во Скопје, утре ќе гаси на Готен

На територијата на државата има вкупно 20 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК за состојбата до 18:30 часот. Според...

Свет1 ден

„Дедо, работи прво на Америка “: Медведев по ултиматумот на Трамп

Откако поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека Доналд Трамп не може да му поставува ултиматуми на Владимир Путин,...

Македонија1 ден

Со 71 глас „за“, изгласана интерпелација на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Собранието денес ја изгласа интерпелацијата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата „Левица“. Со 71 глас „за“, без воздржани...

Македонија1 ден

(Видео) Митрески: СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на обвинителот Коцевски

Интерпелацијата за јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот,...

Македонија1 ден

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – дозволил дива депонија во населена зона во градот

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно...

Македонија1 ден

(Видео) Лефков: Шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар во Струмица

Во изминатиов период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес...