Контакт

Daily news

Јасна Котеска: Онлајн невидливоста ќе биде следниот битен тренд на интернет

Објавено пред

Бидејќи нашето постоење во реалноста е паланечко, логично е и нашето постоење во виртуелноста да биде паланечко, вели за „Макфакс“ професорката по книжевност и теоретска психоанализа, чии книги, меѓу другото, се занимаваат со феноменот на интимата во ерата на тоталитарноста

dobivaj vesti na viber

Летово покренувате своевидна акција на омасовување на психоанализата низ одржување бесплатни курсеви низ земјава.
Ова е сè уште идеја во зародиш. Започна како иницијатива на студентите на Филолошкиот факултет кои слушаат изборен курс за теориска психоанализа кај мене. Се роди едно попладне пред крајот на академскава година, кога интензивно дебатиравме над еден текст од Фројд на тревникот во кампусот на УКИМ. Никој не сакаше да си оди дома, иако терминот за часовите одамна беше поминат, па решивме да продолжиме со неформални средби по учебната година. Форматот не е нов. Мислителите-добронамерници со вековите го култивирале мислењето надвор од академиите, каде мислењето е слободно и не го корумпира болеста на кариеризмот.

Се има впечаток дека сте повеќе ценети и објавувате повеќе во странство отколку дома. Погрешен впечаток?

Впечатокот за поголемото присуство надвор веројатно се должи на последната книга, што ја пишував директно на англиски. Станува збор за супспецијалистичка студија за статусот на материјалните добра во опусот на данскиот филозоф и теолог од 19 век, Сорен Киркегард. Ми беше најлогично да ја напишам за публика што ќе знае поточно да ја процени и да ја употреби, ако во неа има нешто важно. Книгата излезе пред неколку месеци во издание на Тринити колеџот од Торонто. Во јуни излегуваат и првите рецензии од американски Кјеркегоријанци. Од тоа што го видов, тие го фалат истражувањето како ново и провокативно, а го критикуваат издавачот заради едитирањето. Лично бев пресреќна. Американските рецензенти се сурови, но прецизни и професионални, дури и кон своите издавачи и институции. За нив лажна позитивна критика е минус за нив самите. Како мала средина, ние сме навикнати да зборуваме во суперлативи за сечие дело.
Натпреварувањето на глобален терен е тешко, но дава поточен увид каде стоиш со својата работа. Овие децении се појавија успешни македонски писатели од дијаспората, кои пишуваат за македонската публика. Јас одлучив да направам обратно. Да останам дома и да пишувам за светот. Испадна дека може и така. Живееме во ера кога секој може да биде дел од некаков претпоставен глобален, модерен и мобилен „универзитет“, каде националните рамки се неважни пред делата.

 

 

Ако во случајот со вашиот татко, поетот Јонче Котески, станувало збор за „Комунистичка интима“, како што гласеше и вашата книга – инспирирана од работата на комунистичките тајни служби, кои досието за Јонче го насловиле „Интимист“, според интимната поезија што ја пишувал – како би го нарекле масовното тајно следење на комуникациите на граѓаните изминативе години?

 

Првите идеи што ми паѓаат на ум се пост-комунистичка интима, прото-комунистичка интима, можеби тоталитарна интима?

Ако во сите 45 години од македонскиот комунизам (1945-1991) тајните служби произвеле 14,572 официјални лични досиеа, или околу 50,000 досиеја (според неофицијални извори), тогаш следењето на над 20,000 граѓани во нешто над шест години (2007-2013), иако процесот веројатно траел и потоа, ние зборуваме за нова форма на „тоталитарна интима“. Таа се манифестирала преку масовна злоупотреба на државната моќ за прикривање убиства, уценување бизниси, создавање елаборирани мрежи за крадење на изборите, контрола над медиумите и судството, огромно лично богатење, итн. Веќе знаеме дека буџетот за ДБК во 2008 беше зголемен за 60 пати во однос на претходната година, иако во 2007 на земјава не ѝ се закануваше никаква надворешна или внатрешна безбедносна криза. Тајните служби, без исклучок, се формираат за контрола над т.н. „внатрешен непријател“, оние што власта ги прогласила за свои непријатели.

 

Во есејот „Нож зад грбот“ велите дека 20 век ја омасови културата на тајните служби, па денес, во 21 век, ние самите сме си сопствени тајни агенти кои редовно ги информираат сите за нас самите, преку социјалните мрежи. Што е следно во еволуцијата на личните комуникации и тоталитаризмот?

 

Статусот на приватноста е променет најмалку трипати овие две децении, колку што активно следам. Кога се појавија првите интра-нет форуми (Ѕуница BBS, Информа BBS, и други) во средината на 1990 год., пред појавата на мас-интернет во Македонија, беше нешто како општо догма дека секој од нас е одговорен да ја штити својата приватност на интернет.
Втората промена настана со Фејсбук, Твитер, Инстаграм и другите социјални мрежи. Денес луѓето масовно ја споделуваат својата приватност, како дел од посакуваниот идентитетен пакет.

Третата промена е нешто што веќе подолго време се раѓа. Мојот син (13 години), и неговите пријатели кои припаѓаат на гејмерските заедници, немаат лични профили на ниедна социјална мрежа. За нив анонимус е поатрактивна идеја. Важна им е не моќта на аватарите, туку внимателното изолирање на нивните офлајн и онлајн идентитети. Сигурна сум дека ова не го избираат особено свесно. Онлајн невидливоста ќе биде следниот битен тренд на интернет, секако каде и колкушто се може, бидејќи нема да може целосно.

 

 

Во „Комунистичка интима“ забележувате дека, парафразирајќи ја „Филозофијата на паланката“ (Радомир Константиновиќ), кај нас и комунизмот не можел да помине без паланечкиот формат на ситни денуцијации. Каква е филозофијата на паланката на нашата денешна капиталистичка интима?

 

Либералниот капитализам ги претвори нашите домови во јавни простори, и ги принуди луѓето да ставаат камери и приватноста да ја емитуваат на интернет. Комунизмот наивно веруваше дека ќе ја уништи приватноста ако физички ги нападне домовите и ако луѓето ги извлечка во фабричките сали, на стадионите, во колективните летни одморалишта и зимувалишта, на слетовите, итн.

Капитализмот беше многу поперфиден и многу поефикасен. Ако никој не ме стави под лупа, самата ќе поставам камера и ќе се емитувам себеси на интернет 24/7. Некој ќе мора да ме види. Видливоста стана дел од посакуваниот идентитетен пакет. А бидејќи нашето постоење во реалноста е паланечко, логично е и нашето постоење во виртуелноста да биде паланечко. Тука нема некое големо изненадување.

Во поголемата слика, сепак, и покрај отпорот, сметам дека битката за приватност е генерално изгубена во светски размери. Интимноста и по дефиниција не е нешто што им припаѓа на луѓето. Интимата е само место што сум го оградила од светот и последователно сум го прогласила за „приватно“, но општеството секако ќе ми упаѓа во тој заграден простор, тоа е така отсекогаш.

Денес, пак, а особено откако пред некоја година компјутерите победија во најстарата стратешка игра на светот „Го“, луѓето повеќе немаат начин да ја победат вештачката интелигенција. Алгоритмите за препознавање нечиј идентитет според онлајн интересите се елаборирани до непобедливост. Дури и утре да смените место на живеење, име, адреса, не е важно. Вештачката интелигенција ќе го лоцира вашиот точен идентитет со тој онлајн, само според тоа што го кликате на интернет. Не знам како ќе изгледа светот во иднина, но тоа нема да биде свет во кој ќе има особена приватност.

 

 

Пред неколку години констатиравте дека „Македонија е заложник на сите свои минати влади, не многу поразлична од отоманската, ниту од комунистичката Македонија“. Денес? Каква ќе биде утре?

 

Нам ни недостасува критична маса, и тоа е класичен проблем со македонската држава. Со 2 милиони граѓани, ние сме едвај предградие на кој било поголем кинески град. Не знам каква ќе биде идната Македонија, но за мене би било идеално ако е тоа дел од Европската Унија. По Брегзит и по победата на Трамп во Америка, ЕУ се позиционираше подобро како глобална политичка супер-сила. Мислам дека е тоа добро за нас, и покрај сомнежите што во минатото ги имавме кон бирократијата на ЕУ. ЕУ е федерација, а федерациите се бавни. Но, во бавноста – има мудрост.

За нас ќе биде идеално да станеме дел од европското семејство, политички, економски, културно. Наша среќа е што сме дел од европскиот континент. Тоа гарантира стабилност, а конкретно видовме што значи тоа овие години на продолжена политичка криза со авторитарниот режим на Груевски. По сите бавни и внимателни политички потези на светската дипломатија, и ЕУ и Америка, секоја засебно и заедно, сепак, успеаја, без крв и без граѓанска војна, да го размонтираат сериозниот авторитарен режим на Груевски и Мијалков. Сега на нас останува врз тие темели да ги вратиме владеењето на правото, кажувањето не за клиентелизмот, корупцијата и лошите практики од минатото.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Уапсен малолетникот кој избоде маж пред џамија во Студеничани

МВР го расчисти вчерашниот обид за убиство што се случи пред џамија во скопско Студеничани и го уапси осомничениот 16-годишник....

Македонија4 часа

Огромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС

Чаршијата во Охрид го губи својот лик. Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно...

Македонија6 часа

СДСМ нема да му се извини на Љутков: „Сѐ што објавивме е вистина“

Од СДСМ велат дека нема да му се извинат на министерот за култура, Зоран Љутков, затоа што, како што велат...

Македонија6 часа

Николоски: Позицијата на Македонија станува афирмирана во Европа

Дали Извештајот за Македонија ќе се усвои оваа недела и следната во Европскиот Парламент не менува ништо. Ова се историски...

Свет6 часа

Трамп назначи 22-годишен градинар за шеф на канцеларијата за спречување на тероризам

Американскиот претседател, Доналд Трамп, назначи 22-годишник за раководител на главниот центар за спречување на тероризам на Министерството за внатрешна безбедност....

Свет7 часа

Русија го нападна Киев со ракети и дронови, погодени воз и станбени згради

Русија изврши интензивен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев, во текот на ноќта, при што загинаа четири лица,...

Свет7 часа

Незапаметена кавга меѓу двајца најмоќни луѓе во светот: Трамп и Маск „војуваа“ на социјалните мрежи

Само десет минути по почетокот на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц, американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан за сè...

Македонија8 часа

Гужва на граничните премини Богородица и Дојран

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Култура8 часа

Започнува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на...

Македонија19 часа

Арсовска до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. „Мухамед...

Македонија23 часа

Мисајловски на состанок на НАТО во Брисел: Единството на Алијансата е на највисоко ниво

Mинистерот Владо Мисајловски заедно со министрите за одбрана на сојузничките земји денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше на...

Македонија24 часа

За патувањето во Јапонија се потрошени 3.485.080 денари за билети, сместување и дневници, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во интерес на јавноста најостро реагираме на целосно шпекулативните информации и невистинити тврдења дека министерот за култура Зоран Љутков потрошил...

Македонија1 ден

12 повредени од пожарот во Кочани се на лекување во болница, еден е во тешка состојба, рече Клековски

Сашо Клековски од ФЗО на денешната панел-дискусија, „Кочани е нашиот приоритет“, се осврна на ситуацијата во моментот во однос на...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Власта организирано ги штити виновниците за трагедијата во Кочани

Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во...

Македонија1 ден

„Шоферот го унапредил во службеник, вработена во кабинетот ја поставил за претседател на Управен во Опера и Балет, зошто на Љутков му се дозволува аздисување“, прашува СДСМ

„СДСМ денеска алармира за сериозни злоупотреби и скандалозно однесување во Министерството за култура и туризам, под раководство на Зоран Љутков....

Македонија1 ден

Арсовска: Наредбите за девалвации и напади од штабот на ВМРО се спроведуваат

Наредбите за девалвации и напади од штабот на ВМРО се спроведуваат, објави на социјалните мрежи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска....

Македонија1 ден

СВР Скопје го расчисти убиството во обид од 1 јуни, поднесени кривични пријави против три лица

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Г.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за...

Македонија1 ден

Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес-клуб во Чаир

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение...

Европа1 ден

(Видео) Нови сателитски снимки го откриваат обемот на историската украинска операција

Новите сателитски снимки и снимките од нападот со дронови покажуваат сериозни оштетувања на руските авиони во неколку воздухопловни бази за...

Свет1 ден

Севернокорејскиот лидер вети безусловна поддршка за Русија на средбата со Шојгу

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се сретна со секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу во вторникот, објави државната...