Daily news
Заев: Поповски ќе биде добар лидер на опозицијата
Благодарам за исцрпната дискусија и позитивната атмосфера. Ќе се обидам да дадам на сите по една реченица одговор. Илија Димовски вели како ќе го весламе бродот Македонија, ние нема да го весламе, ќе му ставиме мотор и ќе оди побрзо. Проблемот со Грција е реално загрижување, ќе соработуваме со опозицијата и ќе има референдум да одговорат граѓаните, рече во завршното обраќање Зоран Заев, пред да биде избран за премиер.
Јас сум Македонец и исто како вас ме боли македонштината. Зеќирија Ибраими, дали знаеме што е реформа, што рециклирање, ветив дека ќе испратам барање до СЈО дали некој има истрага, од таму известија дека сите 25 кандидати за министри, вклучително и мене, не се под истрага.
Стефан Богоев вети поддршка и критика. Ако видите дека нешто не е во функција на граѓаните, вратете го законот. Антонијо Милошоски зборуваше со многу лош вокабулар, лекции ќе добијат сите бидејќи законот важи за сите, но секој за кого има докази ќе си одговара. Некои поединци нема да сфатат што значи капитал, се гордеам со тоа што гласале Албанци за мене, се надевам и за пратеници Албанци ќе гласаат Македонци.
Парите ќе се вратат, законите, кои и денеска важат, важат во тој правец. Афтим Гаши вели сум бил ист како Груевски, ќе докажам дека не сум ист како Груевски.
Влатко Ѓорчев вели не гледам тим кој ќе донесе инвестиции во Македонија, па ќе нема пари во касата. Ветувам многу инвестиции, домашни и странски. Петре Шилегов вели нема да има одмазда и реваншизам, но ќе има казни. Парламентарното мнозинство ќе биде силен коректив на власта.
Ова е мојот кабинет, за мене сите министри се еднакви и ја имаат целата поддршка. Ако некој се осмели да интервенира, влијае врз обвинител или да влијае врз судија, подобро сам да си даде оставка или јас ќе дадам предлог за разрешување. Новата Влада има два помалку министри од претходната Влада. Беше иронично зборувано од Стевананџија како ќе ги вратиме младите, ќе ни треба помош од вас. Сите имаме свои надвор од државата и гориме да ги вратиме младите. Убеден сум дека Македонија и тоа како може подобро на економски план.
Во однос на сите навреди кон мене, времето ќе покаже. Драган Данев вели мнозинството се довело во позиција да биде опозиција, над 700 илјади граѓани еднакви по устав и закон гласаа против ВМРО-ДПМНЕ, тоа е мнозинство. Бандитизмот во претходната власт помогна да направиме Влада. Дадов писмени гаранции затоа што никој не бараше нешто спротивно од Уставот. Сè што ќе работиме ќе биде во функција на унитарноста и согласно Уставот.
Изборната програма е хартија, стоиме зад неа, дај боже да успееме да реализираме 100% од неа. Програмата е составена од програмите на сите политички партии од мнозинството, но и од сите убави работи од другите програми.
Започнува време каде сплотеноста ќе биде императив. Ќе го поздравиме и ќе го продолжиме тоа што е добро. Држете ме за збор, ќе одржиме лекција која ќе остане позитивен пример за сите граѓани во Македонија. СЈО треба да си ја заврши работата, секој за кој има докази треба да одговара. Никола Поповски вети дека ќе бидат добра и конструктивна опозиција, согласно зборовите, ќе бидете добар лидер на опозицијата.
Сериозни лузни останаа во општеството, имаше албанофобија. Имам лузни на лицето, ќе поминат, лузните во општеството треба време за да поминат. Сигурен сум дека на сите им е тешко за 27 април, се надевам нема да се повтори, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.