Контакт

Daily news

Јован Павловски: Новинарството е страст, а пишувањето судбина

Објавено пред

Две незадолжителни лекции по новинарство, кои романсиерот, поет, новинар, раскажувач за најмалите, публицист и енциклопедист официјално не ги предавал, но останале запаметени

dobivaj vesti na viber

Друштвото на писателите на Македонија денеска ги чествуваше 80-те години од раѓањето на Јован Павловски и 60-те години од почетокот на неговото творештво. Павловски поради болеста не можеше да им се придружи на почитувачите на неговото дело.

Но, токму моменталното физичко отсуство можеби е вистинската „проверка“ за духовното присуство на писателот кој, меѓу другото, е автор на првиот политички роман во македонската книжевност („Радиовце“, 1972 год.), но и првиот еротски роман („Сок од простата“, 1991 год.). Родениот тетовчанец за првиот добил критики од тогашните социјалистички функционери, но и признанието „почесен жител на селото Радиовце“, па Павловски секогаш истакнувал дека е првиот македонски писател – почесен селанец. Со вториот доби бројна млада публика.

Како се распадна советската империја

Павловски, како и секој добар пишувач, целиот работен век го минал во новинарството. Кон крајот на осумдесеттите години бил дописник на „Нова Македонија“ од Москва. Интересно време, со еден посебно интересен настан.

Пред точно 30 години и три дена, на 28 мај 1987 год., 19-годишниот германски пилот-аматер Матијас Руст полетал лесна „Цесна“ од Финска, ги минал трите кругови на противвоздушната одбрана на Советскиот Сојуз, и слетал на Црвениот плоштад во Москва. Првокласната сензација веќе била во рацете на дописникот Павловски, кој меѓу првите, заедно со својот колега-дописник од загрепски „Вјесник“, дознал за настанот.

 

 

„Веднаш отидовме на Црвениот плоштад и од податоците што ги добивме направивме добри извештаи. Испратив текст за ‘Нова Македонија“, а во меѓувреме дописникот на белградска ‘Политика’, Душан Пешиќ, кој немаше поим што се случува, спокојно си спиеше. Пред да го заклучи бројот, дежурниот во ‘Политика’ му се јави на својот дописник да му каже за ексклузивниот настан. Бидејќи немаше време, дежурната екипа во Белград ги прибра податоците од различни агенции, му ги испрати на својот дописник, за овој набрзина да направи извештај. Утредента, редакцијата на ‘Нова Македонија’ го констатира фактот дека Пешиќ испратил сеопфатен извештај, а извештајот на Јован има повеќе празнини. Со една мала разлика – никој во Скопје не се потруди како колегите во ‘Политика’.Таква помош сум немал. Никогаш, за жал“, му раскажуваше Павловски на потписникот на овие редови во едно интервју пред две години. Инаку, пред да биде дописник од Москва Павловски неколку години им беше професор на студентите по новинарство.

Потегот на Руст, кој сакал да создаде имагинарен мост меѓу Истокот и Западот за време на Студената војна, му помогнал на тогашниот советски лидер Михаил Горбачов да ја започне реформата во тогашната комунистичка империја, позната како „Перестројка“, која резултираше со распадот на СССР.

 

 

ЦИА на новинарите не им верува

Една од поинтересните приказни за некогашното новинарство, политика и разузнавање, со Москва како сцена, се случила малку пред случајот со Руст. Втората половина на осумдесеттите години во СССР, по смртта на Леонид Брежњев, е обележана со „брза“ смена на неколку лидери (Јуриј Андропов, Константин Черњенко, Андреј Громико…): смртта ги затекнува на челната функција. Тогаш шеф на дописништвото на влијателниот „Вашингтон пост“ од Москва е Душко Додер, Американец со југословенско потекло. Додер и неговиот пријател, дописникот на агенцијата ТАНЈУГ Милан Станиќ, шетале една вечер на Црвениот плоштад и забележале дека иако е веќе полноќ, светлата на Президиумот на СССР биле вклучени. Претпоставиле дека Черњенко починал, отрчале во канцелариите и испратиле вест.

„Вашингтон пост“ ја објавил веста на насловната страница, ТАНЈУГ воопшто не ја објавил. Заѕвонил телефонот во канцеларијата на главниот уредник на „Вашингтон пост“, а од другата страна на жицата бил функционер на ЦИА, кој бесно реагирал: ЦИА не знае дека советскиот лидер е мртов, од каде би знаел некој новинар?

„Вашингтон пост“ во утринското издание не ја повлекол веста туку само ја поместил на 26-та страница. Утредента се огласил Президиумот на СССР со веста дека Андропов починал, а таа година Додер ја добил Пулицеровата награда во категоријата вест. Останал дописник во Москва до 1991 год., потоа станал дописник на „УСА тудеј“ од Пекинг за вртоглава сума пари.

Кога, пак, во 1992 год. од Белата куќа во Вашингтон заминала администрацијата на Џорџ Буш постариот – инаку, претходно потпретседател на Роналд Реган, но и десет години директор на ЦИА, која за време на вториот мандат (2004-2008) на неговиот син, Џорџ В. Буш, го доби неговото име – во американските медиуми била пласирана (дез)информацијата дека Додер бил шпион на КГБ, па затоа имал добри информации.

Додер во тоа време бил слободен новинар со седиште во Белград (новото светско жариште е бивша Југославија), го тужеше медиумот и доби отштета од 170 илјади долари. Во 1994 год. два месеци престојуваше во Македонија.

„Му се јавиле од ‘Нешнл џиографик’ на мојот пријател Душко во јануари, и го ангажирале да напише репортажа за Македонија што ќе излезе во септемврискиот број. Освен хонорарот, добил два месеци платено хотелско сместување и трошоци, возач и преведувач. Уредничката на фотографија престојуваше овде два месеци, во април и во август, за да ја фати различната фактура на пејзажот, а од 100 направени фотографии, за објавување се избира само една. А ние ќе ве пратиме наутро со автобус во Охрид, да се вратите до вечер и да направите два текста“, им раскажуваше Павловски на младите новинари во „Нова Македонија“.

Но, тоа е тоа. Јошко, како што го викаат сите, никогаш не рекол дека новинарството е страст, а пишувањето судбина, но, ете, сè некако се сведува на тоа.

Стојан Синадинов

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Мицкоски: Да не дозволиме СДСМ да биде влада во Македонија, зошто секогаш кога се власт се случуваат грешки како прифаќањето на бугарскиот ултиматум

На денешниот народен митинг во Новаци во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Топ16 часа

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Едниот напаѓач ја давел сопругата до бессознание, другиот ја тепал со боксови

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за семејно насилство. Едниот случај е во Ѓорче Петров, каде осомничениот...

Македонија17 часа

Чекањето автобуси што не доаѓаат во Бутел Шукова ќе го решава со БРТ: Овој систем ќе ја намали социјалната и економска отсеченост на бутелчани  

 „Бутел не е далеку од центарот, но е далеку од основните услови за достоен градски живот“, порача денес кандидатката за...

Топ18 часа

Наставник физички нападна ученик во основно училиште во Кисела Вода

Наставник физички нападнал ученик во основно училиште во Кисела Вода. Според информациите на МВР, вчера во 13:10 часот во СВР Скопје,...

Македонија19 часа

До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата

По серија на ладни и топли проби на топлификацискиот систем настанаа нови пукнатини на два секундарни водови, по што одредени...

Македонија19 часа

Обвинителниот акт за пожарот во Кочани – одобрен во целост

Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во...

Македонија20 часа

Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети, кој е на црната листа на САД

Судскиот совет го разреши судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети, од функцијата. Инаку, тој во декември минатата година, заедно...

Македонија21 час

Вработени во Општина Гази Баба организирале создавање и палење депонии, објави Арсовска

Општината Гази Баба и нејзиното јавно претпријатие се затекнати во незаконски активности кои директно ја загрозуваат животната средина и здравјето...

Свет1 ден

(Во живо) Последниот брод сè уште плови кон Газа, Израел објави забрана за влез

Последниот брод во меѓународната флотила за помош за Газа го продолжи своето патување рано утрово, според организаторите, откако околу 40...

Свет1 ден

Трамп: Ако продолжи блокадата на владата, ќе има отпуштања

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека федералните работници би можеле да бидат отпуштени, а проектите би можеле да бидат...

Европа1 ден

Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови

Воздушниот сообраќај беше прекинат преку ноќ на аеродромот во Минхен поради прелет на дрон, чие потекло се истражува, изјави портпарол...

Европа1 ден

(Видео) Орбан: Посилни сме од Русија; Туск: Ми се допаѓа кога ги користи моите аргументи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека Европската Унија не треба да се плаши од Русија бидејќи е посилна од неа...

Топ1 ден

(Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“

Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје на која гледа...

Соопштенија1 ден

(Видео) Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

Со катастрофални економски политики, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во целосен економски колапс, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко...

Соопштенија1 ден

Мицкоски: Димче и Левица обработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип

На денешниот народен митинг во Виница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека на отворена сцена се гледа една непринципиелна...

Европа1 ден

(Видео) Путин: Невозможно е да се користат ракети Томахавк без директно учество на американската војска, а тоа би ги ескалирало односите меѓу Русија и САД

Путин коментираше за можноста САД да испорачаат крстосувачки ракети со долг дострел „Томахавк“ на Украина. „Ова оружје нема да ја...

Македонија2 дена

Камион излета од магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

Од 17:10 часот магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка кај место викано Самоков е во прекин за сите возила...

Македонија2 дена

Извештајот, по сомневањата за непотребни операции на срце, ќе биде јавно достапен, но откога и нашите и странските експерти ќе го завршат

Странските експерти сѐ уште не се вклучени во анализата дали во 13 пријавени случаи имало непотребно направени операции на срце по...

Македонија2 дена

Членка на Судскиот совет користела патни трошоци иако немала право: МВР поднесе кривична пријава

На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и...

Македонија2 дена

Лекари од кај нас ќе одат на краток престој за обуки и во Италија и во Австрија, за Словенија веќе се дефинира соработката  

Лекари од кај нас ќе одат на обуки и во Италија и во Австрија покрај Словенија за каде што веќе...