Контакт

Daily news

Зврлевски молчи два дена по прозивките да поднесе оставка

Објавено пред

Не престануваат прозивките до државниот јавен обвинител Марко Зврлевски сам да поднесе оставка и да не чека да биде разрешен од Собранието. Новиот премиер, Зоран Заев, уште во средата навечер, веднаш по изборот на новиот владин кабинет, го повика Зврлевски да достави оставка и да отвори пат за побрзи реформи во правосудството.

dobivaj vesti na viber

И по два дена од „фрлената ракавица“ на новата власт, Зврлевски молчи и ги избегнува новинарските прашања околу неговите планови. Сепак, извори блиски до Зврлевски за Макфакс тврдат дека државниот јавен обвинител нема намера сам да се повлече и оти смета дека нема основи за негово разрешување, затоа што не постапувал нестручно и незаконски.

Професорката Мирјана Најчевска, пак, смета дека Зврлевски ги исполнува сите  услови за разрешување државен јавен обвинител. Дури оди и чекор натаму и вели дека треба и да му се суди.

Член 67 од Законот за јавно обвинителство вели дека Јавниот обвинител на Република Македонија се разрешува од функцијата јавен обвинител пред истекот на мандатот: поради незаконито, ненавремено или недоволно стручно вршење на функцијата, со своето однесување и дејствување покажува дека не е способен за извршување на функцијата, ако не поднесува барање за покренување на кривична постапка за случаи предвидени со закон,поради нарушување на угледот на функцијата.

Таа вели дека Зврлевски не исполнува еден услов, не исполнува два услови, туку ги исполнува апсолутно сите можни услови предвидени во законот како причини за разрешување од функцијата.

„Јас лично мислам дека треба да биде суден и осуден, меѓутоа и во неговиот и во сите други случаи каде што станува збор за луѓе од правосудниот систем мора да биде одредена казна ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ. Не после да ми се појават како адвокатчиња, нотарчиња, извршители и да бенефицираат од направениот криминал, вели професорката Најчевска.

Марко Зврлевски е петтиот  по ред државен јавен обвинител од осамостојувањето (поточно од донесувањето на новиот Закон за јавно обвинителство. Негови претходници беа Стеван Павлески, Ставре Џиков, Александар Прчевски и Љупчо Шврговски. Неговото разрешување нема да биде никаков преседан, бидејќи при промена на власта првиот човек на Обвинителството секогаш е прв на удар, бидејќи се смета како “продолжена рака“ на претходната владејачка гарнитура. Ниту еден од неговите претходници (со исклучок на Љупчо Шврговски кој истера цел шестгодишен мандат,но не конкурираше за втор мандат),не останаа до крајот на законскиот рок и беа разрешени, заради „нестручно и несовесно работење“.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ на 11 август го  почна мандатот на 25 август 2006 година, а веќе  на 29 септември достави предлог за разрешување на тогашниот државен обвинител Александар Прчевски. На 15 октомври Собранието го разреши, без да го повика на седница.

Зврлевски стапи на  функцијата  на 25 јануари 2013 година, а дојде од позиција на прв човек на скоспкото јавно обвинитлество. Беше избран со 58 гласови за, и ниту еден против или воздржан.

Во неговото работно портфолио е запишано дека првото работно искуство го има како учесник во Проект „Обичајното право како извор на правото“ при Македонската академија на науките и уметностите (1988-1989), по што кратко време работи како новинар во Македонската радио телевизија. Од приправник по правна струка во тогашното Општинско јавно обвинителство во Скопје (1989-1991), преку стручен соработник (1991-1998), адвокат од областа на казненото право (1998-2000), заменик-јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Скопје; (2000-2005). Во декември 2005 година е распореден во Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција, а по трансформирањето на одделението, е избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Од ноември 2009 до јануари 2013 година како Основен јавен обвинител раководи со Основното јавно обвинителство – Скопје.

Постапката за избор на нов државен обвинител предвидува Собранието да распише оглас по предлог на Владата, а рокот за поднесување на пријавите е 15 дена од денот на објавување на огласот во „Службен весник“. Според член 41 од Законот за јавно обвинителство, „Советот на јавни обвинители на Република Македонија, на барање на Владата на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, до Владата доставува образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно со закон“. За кандидатот што ќе го предложи Владата за јавен обвинител, кон предлогот се доставува и мислењето од Советот. Ако Советот на обвинители во првиот рок не се изјасни, има и дополнителен рок од 15 дена да достави мислење. Ако и во тој рок не достави, се смета дека мислењето е позитивно.

За разрешување на Зврлевски е потребно просто мнозинство. Нему му остануваат неколку можности. Прво, да се врати во матичната средина, а тоа е скопското јавно обвинителство. Второ, да користи апанажа од една година, а по истекот на овој рок да најде ново вработување. Трето, веднаш да замине во адвокатура по примерот на своите претходници. И последната, да остане како обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија, со кое раководи.

Гордана Дувњак

 

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија2 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ3 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија5 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија5 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија6 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ6 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ7 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија8 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион8 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет9 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа10 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион11 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија11 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија11 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ22 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија23 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија23 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија1 ден

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија1 ден

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...