Контакт

Daily news

ДУИ: Пред 15 години заедно воспоставивме национална вредност

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

„Пред 15 години заедно воспоставивме национална вредност сега веќе докажана на дело, наследничка на Ослободителната национална армија, Демократската унија за интеграција.

 

15 години заедно триумфиравме во постојани битки и во служба на граѓаните, почнувајќи од парламентарните избори во 2002 година, референдумот за територијална поделба во 2004 година, локалните избори во 2005 година, парламентарните избори во 2006, предвремените парламентарни избори во 2008 година, локални и претседателски избори во 2009 година, предвремените парламентарни избори во 2011 година, повторно предвремените избори во 2014 година до последните избори во декември 2016 година.

 

Во овие 15 години, од основачкото собрание, организиравме четири конгреси, од кои првиот на 19 ноември 2005 година, вториот на 19 декември 2009 година, додека третиот конгрес на годишнината на партијата на 5 јуни 2014 година, при што воспоставивме нов стандард не само за ДУИ туку и за сите партии во земјата и регионот, преку организирање  дводневен тематски конгрес во март 2015 година.

 

Во овие 15 години почитувани членови и граѓани, заедно имаме направено многу, почнувајќи од: Уставните измени во согласност со Охридскиот договор, територијалната поделба, албанските национални симболи, унапредување на употребата на албанскиот јазик, правичната застапеност во државните институции, заокружувањето на инфраструктурата во високото образование со легализација на ДУТ, отворање нови факултети, студентски домови, нови спортски сали, оснивањето на албанскиот државен универзитет во Скопје, изградба на повеќе училишта, детски градинки, спортски сали, изградба на слободни економски зони во Струга, Кичево, Тетово, Скопје, Липково, добивањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ, либерализација на визниот режим со земјите на ЕУ, отворањето на претпристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ, проектот за гасификација за Скопје, Тетово и Гостивар, изградба на нови патишта и автопатот Кичево-Струга, енергетската врска со Албанија, граничниот премин со Косово и Албанија без пасош, демаркација на граничната линија со Косово, признавање на независноста на Косово, плоштадот Скендербег, плоштадот Илириа, плоштадот на знамето, Скендербег, Хасан Приштина, Иса Болетини, Јосиф Багери, Неџат Аголи, Пјетр Богдани во Скопје, одбележувањето на 100-годишнината од албанската азбука, раѓањето на Мајка Тереза, како и 100-годишнината од знамето, албанскиот театар во Скопје, библиотеката и театарот во Тетово, Музејот на албанската азбука во Битола и Музејот на слободата, Меморијалниот центар „Албанска мајка“ во Зајас, водоснабдувачки систем во албанските населени места, ургентни центри во Тетово и болнички центар, субвенции за земјоделците, образовни стипендии и безброј други проекти.

 

Секој предизвик, секое соочување, секое достигнување, секој успех е заеднички, и токму овој 15-годишен јубилеј го отсликува клучниот факт кој ја изедначува ДУИ со народот, ДУИ која не го разочарува народот и ДУИ која целосно дејствува во согласност со очекувањата на народот.

 

Но, оваа 15-годишнина, исто така, нè наоѓа и пред многу сериозни и одлучувачки предизвици за Албанците, за земјата, за регионот. Во околности на големи судири на геополитички и геостратешки интереси, идеолошки судири, Демократската унија за интеграција и понатаму останува цврста, посветена во својата ориентација, за интегрирање на Македонија и регионот во НАТО и Европската Унија, во искрено пријателство и партнерство со Вашингтон и Брисел.

 

Истовремено, сите ние при Демократската уунија за интеграција сме повеќе од посветени за да градиме правна држава, држава на правдата, општество во кое ќе владее законот, еднаков за сите. Нашата посветеност на овој јубилеј ќе донесе и нормативно заокружување на Охридскиот договор преку јазичната еднаквост, но и храбар чекор кон вратите на НАТО и ЕУ, како и целосен фокус во зголемување на животниот стандард, економскиот развој и отворање нови работни места.

 

Поминаа 15 години од кога Демократската унија за интеграција постави нови стандарди во политиката промовирајќи ги вредностите на толеранцијата, солидарноста, помирувањето, консензуалноста, единството, одговорноста, донесувањето храбри одлуки и евро-американски дух.

 

Поминаа 15 од кога Демократската унија за интеграција е на браникот на отпорот со отстранување на стравот инсталиран со децении, вложувајќи постојани напори Албанците да не се делат и да станат уште поважни, водејќи борба против омразата и нееднаквоста, како и други национални вредности.

 

И токму оваа 15-годишнина е вистинскиот момент за изразување најдлабока благодарност до сите гласачи, за секој поддржувач и граѓанин кој низ овие години бил до нас, ја вложил својата доверба во жените и мажите на Демократската унија за интеграција за водење на сите процеси во текот на овие години, се наведува во соопштението на ДУИ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Филипче до Димитриевски: Со предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината „Се бориме за нашиот дом“ од Прилеп, му одговори на Максим Димитриевски. „Слушам...

Македонија33 минути

Мицкоски: Венко и Стевчо тајно во седиштето на СДСМ премерувале како да обезбедат 2.000 гласа за Јакимовски од СДСМ

На денешниот митинг во Карпош во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот...

Македонија6 часа

Уапсена сопругата на докторот кој беше застрелан во Куманово, била вмешана во обидот за неговото убиство

Полицијата ја уапси сопругата на докторот кој беше застрелан вчера во Куманово. Тој со повреди беше пренесен во болница, но...

Македонија6 часа

Евакуации во објектите околу плоштадот „ВМРО“ поради куфер оставен на плочникот, полицијата утврди дека е празен

Обезбедувањето на Јавното претпријатие за државни патишта пријавило во полиција дека две лица денес оставиле куфер на плочникот пред нивниот...

Македонија9 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Или сфати дека си избран да ја водиш државата или да си одиш

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на премиерот Мицкоски, порача дека премиерот треба...

Македонија11 часа

Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието. Панчо Минов беше дипломиран...

Македонија12 часа

Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во...

Македонија13 часа

Кривична пријава за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И.(58), двете од Скопје поради...

Македонија13 часа

Истрага против две сопственички на домови за стари лица: сместувале женски и машки лица заедно, дел од корисниците биле заклучувани, им биле служеби оброци со изминат рок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични...

Македонија13 часа

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев, не биди лицемерен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг во Гостивар во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година...

Топ13 часа

Уапсени двајца скопјани: предизвикале пожар на две товарни и едно патничко возило кај спортскиот центар „Јане Сандански“

Денеска, во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје...

Свет16 часа

(Видео) Нападнат автомобилот во кој се наоѓал претседателот на Еквадор, луѓе фрлаа камења, најдени траги од куршуми

Автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа бил опкружен од околу 500 луѓе кога тој пристигнал на настан во покраината Канар,...

Европа16 часа

Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и...

Европа16 часа

Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество...

Свет16 часа

Нетанјаху: Ќе продолжиме да ги постигнуваме сите воени цели, Газа повеќе нема да биде закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера вечер им вети на Израелците дека ќе ги постигне сите цели на војната против Хамас...

Европа17 часа

Путин: Се докажа дека бевме во право во февруари 2022 година

Желбата на луѓето од Донбас и Новорусија да ја поврзат својата иднина со Русија докажа дека одлуките донесени во февруари...

Македонија1 ден

Тошковски: Нема да поднесам оставка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот „Фејсбук“ профил реагира соопштението на СДСМ во кое се бара негова оставка....

Македонија1 ден

Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор...

Македонија1 ден

Нема индиции на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово, соопштија од Јавното обвинителсто. „Во однос на настанот...

Македонија1 ден

Поради сериозни пропусти, Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано...