Uncategorized
Хан дел од вината за кризата во Македoнија гледа кај соседите
Еврокомесарот Јоханес Хан го впери прстот во Грција и во Бугарија како земји кои придонеле за политичката дестабилизација на Македонија со тоа што го блокираа почетокот на преговорите, кога за тоа имаше препорака од Европската комисија.
На прес-конференцијата пред средбата со премиерот Зоран Заев, Хан изјави дека очекува ЕУ и земјите членки да ја научиле лекцијата и да сфатиле дека незапочнувањето преговори со Македонија изминатите осум или девет години меѓудругото доведе до настаните кај нас изминатите две-три години.
Ваквата изјава ги вознемири грчките и бугарските новинари во Брисел кои бараа објаснување од Хан дали тој вината за дестабилизацијата на земјата и за блокадата на нашата интеграција ја гледа во нив или во авторитаризмот на екс премиерот Никола Груевски, во спомениците, во лошото судство и недостигот од реформите.
„Не, одговорот лежи во одговорните луѓе во БЈРМ. Но, ако политичката рамка и клима не беа во прилог на започнување преговори, тоа секако не беше од помош за нејзино стабилизирање и за нејзиното задржување на патеката на која беше пред десет години“, рече Хан.
Притоа тој потсети дека Македонија пред десет години беше најдобриот „ученик“ во регионот, а сега тоа не е случај и дека на тоа влијаел недостигот на конкретна перспектива.
„Ова е поентата што сакав да ја истакнам. Затоа, соседите треба да имаат интерес и да придонесат земјата да се стабилизира и да се вклучи во оваа рамка“, им порача Хан на бугарските и грчките новинари.
На дополнителното прашање, дали сака да каже дека Груевски на почетокот на владеењето бил помалку авторитарен отколку на крајот, споменувајќи ги во тој контекст спомениците од Скопје 2014, Хан одговори:
„Искрено ова е нешто што треба да го истражи политичката наука. Јас сум тука за да се справувам со реалноста и да наоѓам одлуки за иднината. Затоа не сакам да го анализирам минатото.Она што се однесува за сите земји се однесува и за БЈРМ. Крајно и мирно решение за регионот може да се најде само ако сите земји станат членки на ЕУ. Националистичките и популистички реторики ќе го направат регионот и натаму фрагилен, а тоа не е прифатливо за ЕУ. Ние во ЕУ имаме интерес да се реши проблемот со Македонија и таа, и другите земји, не само да имаат перспектива за членство туку и да почнат преговори“, рече Хан.
Претходно тој најави дека на средбата со Заев клучна тема ќе биде имплементацијата на ургентните реформски приоритети, дека Рајнхард Прибе ќе дојде до крајот на овој месец во Скопје да ја испита ситуацијата, а во јули ќе дојде повторно со својот тим да ги рестартира реформските иницијативи. Реформите, според него, се изгубиле од фокусот последните месецие, но резултатот од нив и формирањето нова влада не се доволни за да добиеме повторно препорака за преговори есенва. Ќе бидат потребни и извесни одржливи и значајни чекори во однос на реформите, рече тој пред новинарите во Брисел.
.
На прашањето дали има шанси Македонија да почне преговори со ЕУ со БЈРМ, како што се навестува за НАТО деновиве, Хан рече дека дека не сака да шпекулира околу тоа дека е преурането такво нешто, но дека ЕУ ќе направи сè да има некаков прогрес и барем да има решение за почнување преговори за членство со Македонија.
На прашањето дали денес ќе бара од Заев да го потпише Договорот за пријателство и соработка што го нуди Бугарија, Хан нагласи дека двата премиери, Заев и Бојко Борисов, имаа веќе контакт и дека имаат добри односи, со очекување оваа земја, што ја стави во „сите“, да сфатила колку блокирањето на преговорите ја дестабилизира Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

