Контакт

Региони

Уреден нов простор за параглајдеристите на Мечкин Камен

Објавено пред

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси свечено во средата беше започнат од просторот за параглајдинг летови на Мечкин Камен – Исток во Општина Крушево, во присуство на директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стаин, заедно со градоначалникот на Крушево, Ѓорѓи Дамчески, директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Кристијан Џамбазовски, претседателот на Воздухопловната Федерација на РМ, Владимир Бараков, и инструкторот по параглајдинг Златко Спиркоски.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на споменатиот проект беше отворија новоопременото полетилиште, кое сега располага со нова мини-метеоролошка станица, ветроказ, рампа за проверување на опрема за параглајдинг и информативна табла со корисни информации за полетилиштето и условите на него. „Во последниов период, силно расте популарноста на активниот туризам. Сакаме да и помогнеме на Македонија да се поврзе со глобалниот пазар за активен туризам и да ги изгради капацитетите на услужните компании за активен туризам кои се активни во земјата“, рече Стаин. „Новата опрема која УСАИД ја донираше ќе им го олесни на пилотите планирањето и спроведувањето на летови, ќе им заштеди време, но и ќе охрабри поголем број на посетители да пробаат да летаат со параглајдер”, прецизираше директорот на мисијата на УСАИД во Македонија.Стаин го најави и настанот „Откриј го Крушево“, кој ќе се одржи овој викенд: „На 27-ми јули, овој еднодневен настан ќе им го покаже на домашните посетители најдоброто од туристичката понуда на Крушево, од пешачки и велосипедски патеки и параглајдинг, до тури со коњи, традиционални занаети, храна и концерт на Мечкин Камен. Дури и тие кои го имаат посетено Крушево и порано ќе откријат нови работи за кои можеби не знаеле претходно”, рече. На настанот присуствуваа и претставници од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, претставници од Воздухопловната федерација на Македонија, од мобилниот оператор „Оне“, со чија донација мини-метеоролошките станици добија СИМ картички за емитување на податоците на интернет, како и инструктори и пилоти по параглајдинг.По завршувањето на официјалниот дел од настанот присутните официјални лица и претставници на медиумите земаа учество во тандем-параглајдинг лет, како демонстрација на подобрените услови за летање на полетилиштето.Во 2014 година, проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси ќе опреми вкупно четири полетилишта за параглајдинг во Република Македонија со рампи за проверка на параглајдинг опремата, мини-метеоролошки станици, ветрокази и информативни табли. Овие активности се дел од иницијативата на Проектот за развивање на капацитетите на македонскиот туристички сектор за подобрување на пристапот кон глобалниот пазар на активен туризам./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво...

Регион1 час

(Видео) Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари...

Свет2 часа

(Видео) Мамдани: Трамп, знам дека ме гледаш, имам четири збора за тебе

Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, одржа победнички говор во Бруклин во кој на остар начин рече дека „градот што...

Европа2 часа

(Видео) Украинците нападнаа база на една од најнапредните руски единици, убиени се офицери

Припадници на Главната разузнавачка управа (ХУР) на Украина извршија прецизен напад во окупираниот град Авдиивка во регионот Донецк, уништувајќи го...

Свет2 часа

(Видео) Најмалку седум лица загинаа откако се урна товарен авион во САД

Tоварен авион на компанијата UPS се урна во вторник и експлодираше во огнена топка неколку моменти по полетувањето од меѓународниот...

Македонија3 часа

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско...

Свет3 часа

(Видео) Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. Мамдани...

Регион3 часа

(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија

Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот...

Регион3 часа

(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица

Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет...

Топ13 часа

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен...

Топ13 часа

Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени

Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две...

Топ13 часа

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат. Осомничениот...

Топ14 часа

Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје

Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри...

Македонија17 часа

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет...

Македонија18 часа

Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос

Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за...

Македонија19 часа

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите единствени позиции за Македонија 

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Брисел имал пријателска средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Првата средба ја...

Свет20 часа

Систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на ЕУ; ЕК во страв од тројански коњ на Русија во рамките на Унијата

Европската комисија разгледува воведување систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на Европската Унија, изјави...

Македонија20 часа

Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија...

Македонија21 час

Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу

Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе...

Македонија22 часа

Го тепал со метална шипка, со рацете и со нозете речиси половина час, па го оставил да искрвави на скалите: eден осомничен за убиство во дојранско Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...