Daily news
Што е пофранцуско од сексот?
О-ла-ла! Според нова „Студија за сексуалноста во Франција“, и бројот на партнери и разновидност во сексуалните активности се во подем во Франција.
Што е пофранцуско од сексот? Повеќе секс, како што произлегува – посебно ако сте случајно жена. Речиси 50 години откако француската мајска револуција во 1968 година го исфрли слоганот „задоволство без опструкции“, една нова студија открива дека Французите од двата пола се вклучуваат во сè поразличен и почест секс отколку кога било претходно – и двата пола и порано и подоцна во животот. Но, сепак, можеби најзначајното откритие во овој извештај е дека Французинките трчаат сериозна сексуална трка со нивните машки ривали, уште од последното национално истражување за сексот од 1992 година.
Според новата „Студија за сексуалноста во Франција“, подготвена на 600 страници, и нарачана од француската Национална истражувачка агенција за СИДА, и бројот на партнерите и различноста на сексуалните активности во изминатата деценија во Франција се во значаен подем. Можеби ова не треба да изненадува, со оглед колку секс има во инустријата за забава, на интернет, и во јавните дискусии.
Сепак, она што помалку се очекуваше е колку ревносно француските жени го затворија јазот со мажите во смисла на бројот на љубовници, возраст на почеток со секс, и разновидноста на чинови кои се практикуваат. Во некои аспекти, жените првпат дури и ги надминале мажите. Само 3,5 проценти од жените на возраст помеѓу 18 и 35 години сега велат дека се сексуални апстиненти, на пример, наспроти 6,2 проценти од мажите од истата возрасна група. Французинките се сексуално активни од помлада возраст и почесто го практикуваат отколку претходно, додека 20 проценти од Французите на возраст помеѓу 18-24 години рекле дека немаат интерес ниту за секс или романтична активност.
Во истражувањето, во кое биле испитани повеќе од 12.000 мажи и жени на возраст помеѓу 18 и 69 години, се открива дека просечната возраст на првите сексуални односи е 17,2 години кај Французите, и 17,6 години кај Французинките – што е пад кај младите француски жени од пред речиси 20 години. (За споредба, просечната возраст во САД за почеток со сексуална активност е 17,3 години кај мажите, и 17,5 години кај жените). Бројот на доживотни сексуални партнери е исто во пораст: Французинките на возраст помеѓу 30 и 49 години пријавиле во просек 5,1 „амантс“ во нивниот живот (во споредба со 4 во 1992 и 1,5 во 1970 година). Мажите од истата возрасна група пријавуваат прилично повисоки бројки – 12,9 партнери денес – но ова малку се изменило во споредба со оние кои биле испитувани во 1992 (12,6) и 1970 (12,8). Во меѓувреме, процентот на луѓе кои рекле дека имале само еден сексуален партнер во нивниот живот паднал од 43 проценти во 1992 на 34 проценти денес кај жените, во споредба со 16 проценти кај мажите (што е пад од 18 проценти во 1970 и 21 проценти во 1992 година). Денес, точно 90 проценти од жените на 50-годипна возраст рекле дека остануваат сексуално активни, што е голем скок од 50 проценти во 1970 година.
Причината за скокот на сексуална активност? Од истражувањето се дознава дека промените се главно поради зголемената достапност до сексуални содржини и полесниот достап до партнери со исти карактеристики кои можат да се пронајдат едни со други. Извештајот открива дека секое второ од три деца во Франција гледало порно филм на 11-годишна возраст; истовремено, 10 проценти од жените и 13 проценти од мажите рекле дека користеле веб страници за да се поврзат со идните партнери. На млада возраст, процентот на жени кои го користат интернетот за да дојде до партнер го надмина тој на мажите.
Но, сета оваа зголемена слуденост не мора да значи дека Французите се посреќни и подобро прилагодени на моментот. Речиси 36 проценти од Французинките рекле дека доживеале „честа или повремена“ сексуална дисфункција во последната година од нивниот живот, додека едвај над 21 проценти од Французите го изјавиле истото. Тоа можеби е објаснувањето зошто отприлика 500.000 пациенти во Франција посетуваат советници за секс. Но, студијата покажува и дека некои одржани француски митови се всушност без основа, посебно за издржливоста на француските мажи, на кои нивниот поголем сексуален апетит им дава основа повеќе да „швалерисуваат“ наоколу. Излегува дека Французинките го заслужуваат истиот аргумент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.