Контакт

Црна хроника

Кривична пријава за екс директорот на комуналното претпријатие во Струга

Објавено пред

Поради постоење на основи на сомнение за сторени казнени дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Несовесно работење во службата“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 39-годишниот стружанец, поранешен директор на јавното комунално претријатие од овој град

dobivaj vesti na viber

Пријавениот, во својство на службено лице директор на Јавното претпријатие „Комунално“ Струга, без објавување на јавен оглас спровел постапка за јавна набавка со барање за прибирање на понуди за набавка на материјали за оградување на капела и цвеќара. За најповолен понудувач со одлука била избрана фирмата „Набизи“ од Струга по што пријавениот од сметката на Јавното претпријатие „Комунално“ на 31-ви мај 2011 година на сметката на Набизи“ ДООЕЛ Струга авансно уплатил 120.000,00 а следниот месец на истата сметка уплатил 92.150,00 денари. Тоа го направил иако стоката не била доставена до претпријатието, ги прифатил фактурите од посочената фирма и противправно ги потпишал издатниците прикажувајќи дека стоката е примена и подигната од негова страна од магацин. На овој начин пријавениот го оштетил буџетот на претпријатието за сума од 212.150,00 денари.Пријавениот, како одговорно лице во јавното претпријатие со повреда на законските прописи за совесно постапување при вршење на дискреционо овластување, со пропуштање на должен надзор несовесно постапил со тоа што на вработените им ги признавал сметките за гориво кое го точеле во нивните приватни возила без патен налог со што им овозможил горивото да го користат за приватни потеби. Со тоа, за периодот 2011, 2012 и 2013 година им овозможил да прибават имотна корист 489.974,00 денари на штета на буџетот на претпријатието. Со одлука, Управниот одбор на ЈП „Комунално“ Струга го овластил сега пријавенито директор да одреди приватни возила кои ќе се користат за службени  отреби по што тој со вработените кои ги одредил потпишал договори за користење на нивните приватни возила.Во текот на 2011, 2012, и 2013 година, вработените кои имале склучено вакви договори, во нивните приватни возила точело гориво на сметка на ЈП „Комунално“. Приватните возила ги користеле без патен налог во кој треба да е наведено за каква службена работа се користи возилото и истиот треба да е одобрен од раководителот. Фактурите со кои биле опфатени овие точења на гориво во приватни возила, пријавениот ги прифаќал и потпишувал со што одобрувал да се книжат. На овој начин ги прифаќал сметките за точење гориво во приватни возила кои се возеле без патен налог, овозможувајќи им на тие лица да ги користат возилата за приватни потреби оштетувајќи го ЈП „Комунално“./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Уапсен прилепчанец: ограбил манастир во Неготино

Објавено пред

Вчера во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен 44-годишниот М.А. од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.

dobivaj vesti na viber

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен скопјанец, запленети 300 теписони и стази без документација

Објавено пред

Вчера полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Имено, откако било сопрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.

Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

фото: МВР

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Со возилото удрил во заштитна ограда а возел со 1,98 промили алкохол во крвта: уапсен кичевец

Објавено пред

Вчера во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево.

dobivaj vesti na viber

Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет3 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет3 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет3 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет3 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа4 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави Ројтерс

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија14 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет14 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет17 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет17 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија20 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија21 час

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија23 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет24 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет1 ден

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа1 ден

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет1 ден

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет1 ден

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет1 ден

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...