Daily news
Културни акции за унапредување на општините
Денеска (22 јуни, четврток) во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје се одржа конференцијата „Културни акции за унапредување на општините – Регрантисти во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија од ИПА 2 Програма за граѓанско општество и медиуми 2014-2015“, по повод завршувањето на проектот Граѓанско учество за локална демократија кој го спроведуваа Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД).
На настанот се обратија Никола Бертолини, раководител за соработка од Делегацијата на Европска Унија, Роберт Алаѓозовски, Министер за култура, Фани Каранфилова-Пановска, извршна директорка на ФООМ и Георги Христов, претседател на ЦРЛД.
Претставниците од партнерските општини Струмица, Струга и Скопје ги презентираа заклучоците за усвоените локални стратегии и акциски планови за култура и потенцираа дека веќе имаат испланирано буџет за поддршка на истите. Потоа ги споделија впечатоците и податоците од разлизираните проекти кои се дел од акциските планови.
Проектот Граѓанско учество за локална демократија е поддржан од Европската Унија, а се спроведуваше од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со Центарот за развој на локалната демократија во општините Струга, Струмица и Центар, во периодот јануари 2016 – јуни 2017 година.
Целта на проектот е да помогне во зајакнување на влијанието на граѓанското општество во развојот на јавните културни политики и донесувањето одлуки на локално ниво, како и создавање средина што ги охрабрува активностите на граѓанските организации за имплементација на локалните културни политики.
Во рамките на проектот, меѓудругото, беа подготвени и усвоени Стратегиите за култура во сите три општини и беа регрантирани 9 граѓански организации за јакнење на нивниот капацитет и поддршка на мали иновативни проекти од областа на културата во насока на спроведување на локалните стратегии.
Регрантирани беа следните проекти: „Музеј Виа Кандавиа – Ливада”, дестинација за културен туризам во Струга”, Здружение за етнокултура „ВИА Кандавиа” – Стругa; „Струга Креативен град”, Здружение Иницијатива за независен културен активизам ИНКА – Струга; „Етникумите заеднички се почитување на културните вредности”, Здружение за развој на меѓуетнички дијалог „Етнитети” – Струга; „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме!”,Организација на жени од Струмица; „Интерактивна платформа на манифестации, настани, културни работници и организации/здруженија во доменот на културата”, Здружение Туристички сојуз – Струмица; „Креативна акција за културна мобилизација”, Здружение за едукација и развој на лица со пречки во развојот Еднаквост за проектот – Струмица; „24.doc”, Здружение на поддршка на деца и млади со различности СИНАТА ПТИЦА – Скопје; „Прво па женско – фестивал за феминистичка култура”, ЗГ за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје; „Децата во центар (на вниманието)”, ЗГ Буден театар – Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.