Контакт

Daily news

Исхрана и вежби според хороскопскиот знак

Објавено пред

ОВЕН
Амбициозната и активна Викторија Бекам е типичен припадник на овој знак. Луѓето родени во него тежнеат кон конкуренцијата и решени се да победат. Кога станува збор за исхраната, брзите режими на исхрана кои даваат брзи резултати се најдобар избор за нив бидејќи трпението дефинитивно не е нивна карактеристика.

dobivaj vesti na viber

Исхрана: Аткинс диетата (богата со протеини и многу малку јаглехидрати) е добар избор за овните. Тоа им дава сила и одговара на нивната темпераментна природа. Станува збор за екстремен режим на исхрана, па затоа е потребно повремено советување со доктор и контролирање на нивото на холестерол.

Вежби: Овните се премногу себични за да бидат тимски играчи, па според нив вежбање заедно со пријателите нема никаква смисла. Претпочитаат да изберат аеробик, трчање или што било друго што ќе ги тестира нивните граници.

БИК
Актерката Кристина Хендрикс, како и секој бик, е склона кон „забранетите задоволства“, особено оние кои вклучуваат чоколадо. Затоа, за биковите најефективен метод е планирана диета.

Исхрана: Волуметрикс диетата, која се базира на внесување храна со ниска енергетска вредност и дозволува консумација на големи количини овошје и зеленчук, е најдобрата опција за биковите. Имајте ги предвид јаглехидратите, кои бавно се разградуваат и суво овошје кое ќе ви даде чувство на ситост.

Вежби: Искористете ја својата тврдоглавост за да останете фокусирани на целта, како на пример, трчање 5 km за 45 минути.

БЛИЗНАЦИ
Свежи, младешки и секогаш подготвени за акција. За близнаците „разноликоста е зачин на животот“, па затоа тие тешко се држат до одреден режим на исхрана или вежбање.

Исхрана: Најважно во исхраната на близнаците е да се балансираат различни групи на храна и да се комбинираат со различни типови вежби. Нивниот најголем недостиг е брзата храна. Избегнувајте ги чипсовите, чоколадото и наместо тоа јадете повеќе овошје. Освен тоа, нека ви биде обврска, барем еден оброк во текот на денот да го јадете со прибор, наместо брза храна.

Вежби: Пробајте микс на аеробни вежби и вежби со висок интензитет за да не ви биде досадно.

РАК
Уживањето во храна и забавите одат заедно. Дури и Шерил Кол, иако е слаба, признава дека е склона кон овие задоволства. Вашиот надворешен непробоен слој всушност крие многу лојална душа. Храната ви носи емоционална сигурност, па затоа и кога сте вознемирени, барате утеха во храната.

Исхрана: Најважно во исхраната на раковите е да научат како да ги контролираат своите потреби и нагони за јадење.

Вежби: Агресивен тренинг за раковите е синоним за пекол. Затоа, најдобро за нив е пливањето.

ЛАВ
Мадона е типична лавица – бестрашна и фокусирана. Кога тие одлучуваат да дејствуваат, имаат доволно енергија и се посветуваат во претворањето на идејата во дело.

Исхрана: Лавовите преферираат тешка храна, а тоа е пропаст за нив. Мали порции богати со протеини, јајца, риба и зрнеста храна е идеален начин на исхрана за нив. Внесувањето јаглехидрати треба да се сведе на минимум.

Вежби: Сакаат предизвици, па за нив се најдобри вежбите од појак интензитет, како дигање тегови или зумба.

ДЕВИЦА
Избегнувајте краткорочни диети и брзо губење на килограмите. Диетите кои се базираат на внесување течности и супа можеби се привлечни, но долгорочно ниту се добри, ниту ефикасни.

Исхрана: Свежо овошје, салати, лосос и ореви се вистински избор за девиците. Избегнувајте леб, полномасно млеко и кремасти млечни производи. Телото на девицата е чувствително на стрес, а тоа им удира на желудник. Тешката храна само ќе го направи вашиот организам пренатрупан.

Вежби: Групни вежби, како на пример јога или пилатес, се совршени за овој хороскопски знак.

ВАГА
Рамнотежа и хармонија се клучни зборови за вагата, па затоа треба да ги вклучат во својата исхрана и вежбање. Гвинет Палтроу, која е припадничка на овој знак, нека ви биде пример со своите дефинирани мускули на нозете, совршениот тен и преферирањето на макробиотичка исхрана.

Исхрана: Поради влијанието на планетата Венера, вагите сакаат да се чувствуваат негувано и сакано. Во спротивно, утеха ќе побараат во слатки. Нивните коски и бубрези се слаба точка, па затоа треба да консумираат храна богата со калциум и да пијат многу течности.

Вежби: Црвено, испотено лице не е опција за вагите, па затоа тие преферираат нежни вежби, како јога.

СКОРПИЈА
Целосно фокусираните скорпии бараат режим за исхрана само заради рекрација и за да ги тестираат своите граници.

Исхрана: Без јаглехидрати, без овошје и млеко, а со многу мешункасти растенија – тоа е вистински избор, но прилично екстремен. Сепак, еднаш неделно може да јадат што сакаат, што посебно ќе им се допадне бидејќи уживаат да одат од крајност во крајност.

Вежби: Страстните скорпии имаат ригорозен режим кој бара концентрација, како на пример кик бокс или други боречки вештини.

СТРЕЛЕЦ
Скарлет Јохансон е вистински стрелец – сензуална, силна и витална. Стрелците сакаат да патуваат и уживаат во активности во природа. Токму затоа треба да изберат режим на вежбање кој вклучува контакт со природата. Треба да консумираат многу течности бидејќи на тој начин ќе го исчистат своето тело од штетни материи. Свежи сокови од зеленчук, како што се морков и цвекло се супер избор.

Исхрана: Ориентална исхрана, која вклучува многу риба, ореви, семки, зеленчук и ориз е вистински избор за стрелец. Сето тоа дава многу енергија, а тоа им треба бидејќи стрелците се еден од најенергичните знаци. Слаба точка им е тешката храна.

Вежби: Пешачење, возење велосипед и трчање, бидејќи ги привлекува свежиот воздух.

ЈАРЕЦ
Кејт Мидлтон, која е типичен јарец, е владетел на самодисциплина. Мирна, фокусирана, војвотката следи режим кој е цврсто поставен и не може ништо да излезе од патот. Но, јарците не треба да се самоказнуваат ако некогаш скршнат од него.

Исхрана: Пилешко месо, зеленчук, јајца, овошје, ориз и енергетски пијалаци овозможуваат константно следење на внесот на калории, а јарците тоа го сакаат.

Вежби: Одлично функционираат и сами, па затоа најчесто не го сакаат групното вежбање. Трчање или возење ролери е одлична вежба за нив.

ВОДОЛИЈА
Актерката Џенифер Анистон е пример за водолија – незапирлива и со слободен дух. Тие креираат и рушат правила каде и да се појават, па држењето диета за нив е вистински предизвик.

Исхрана: Водолиите се вистински бунтовници и имаат тенденција да си дозволуваат себеси премногу. Кај овој знак преовладува нервниот систем, па за да се одржи во рамнотежа, треба да внесуваат доволно витамин Б (преку зеленчук), туна и јајца.

Вежби: Вртење хулахоп или трчање бидејќи водолиите се задоволни кога се чуствуваат слободни.

РИБИ
Способни, интуитивни и нежни, припадниците на овој знак (меѓу кои се вбројува и Ева Мендез) треба да користат режим што повеќе ќе ги опушти отколку да ги измори и да им одземе многу енергија.

Исхрана: Рибите треба да го зајакнат својот имунолошки систем со многу лук и ѓумбир, но и со храна која има многу малку масти.

Вежби: Вистински избор е пливање или танцување бидејќи тоа е добар начин за намалување на стресот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Апелот на Министерството за здравство да не се снимаат пациентите од дискотеката во Кочани е загрижувачки, смета Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост поради апелот на Министерството за здравство до медиумите да не ги фотографираат...

Македонија2 часа

Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – во Скопје ЗОО починаа уште две лами

„Нашата, скопската Зоолошка, е една хорор-приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел некоја ‘умна’ глава преземе...

Македонија4 часа

(Видео) Два полициски хеликоптера го гаснат пожарот во околината на Блаце

Денеска, од 5 часот, полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за...

Европа4 часа

(Видео/фото) Масивен руски напад со дронови врз Киев, Харков и Одеса

Руските сили ја нападнаа Украина со беспилотни летала од типот „Шахед“, при што најтешко се погодени Харков, Одеса и Киев,...

Македонија4 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот кај Блаце делумно под контрола

Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови...

Свет4 часа

Татко загина спасувајќи го семејството во Тексас: катастрофалните поплави одзедоа најмалку 80 животи

Катастрофалната поплава што го погоди југоисточен Тексас одзеде најмалку 80 животи, вклучувајќи 21 дете, соопштија локалните власти. Обилните дождови што...

Македонија5 часа

(Видео) Три хеликоптери го гаснат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата...

Свет5 часа

Трамп: Испраќаме писма за царините до сите земји

САД ќе почнат да испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и тарифи почнувајќи од денес, изјави американскиот...

Свет6 часа

Трамп: Тажно е да се гледа како Илон целосно ја губи контролата

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече плановите на Илон Маск за основање нова политичка партија „смешни“ и додаде дека Соединетите...

Свет6 часа

(Видео) 80 мртви во поплавите во САД, меѓу нив и 28 деца: потрагата по исчезнатите продолжува

Бројот на жртви од катастрофалните поплави што го погодија централниот дел од Тексас рано утрово се искачи на најмалку 80,...

Македонија6 часа

(Видео) Ангелов: Mожна причина за пожарот кај Блаце е фрлено догорче од цигара од возило во движење или намерно потпалување

Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило...

Македонија7 часа

Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница во Бардовци, нема причина за загриженост, велат од Министерството за здравство

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја...

Македонија7 часа

(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање...

Македонија12 часа

Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

Ноќеска е нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце. Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите....

Македонија16 часа

Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште шест кандидати за градоначалници

Покрај кандидатурата на Орце Ѓоргиевски за градоначалник на Скопје, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за уште шестмина кандидати кои...

Македонија21 час

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети – целта беше отворање јавна дебата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за немажени и неженети, појаснувајќи дека изјавата имала за цел да...

Македонија22 часа

Орце Ѓорѓиевски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, да биде кандидат за градоначалник на Градот...

Македонија1 ден

(Видео) Пожарите ќе се гаснат со пренаменети армиски и полициски возила кои 8 години биле запуштени, рече Мицкоски

Полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години биле целосно запуштени, се пренаменети за да ги гаснат шумските пожари....

Македонија1 ден

(Видео) Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со...