Daily news
Како изгледал животот пред вакцините?
Противниците на вакцинацијата, чиј растечки број ширум светот за последица има низа епидемии на болести кои благодарение на добрата вакцинација на популацијата се сметаа речиси за исчезнати, заговараат свет во кој никој нема да ги вакцинира нивните деца. Во нивните мозоци вакцините се отровни, опасни и можат да предизвикаат тешки невролошки болести.
Притоа, забораваат дека не толку одамна сме живееле токму во таков свет и тоа од многу едноставна причина, вакцинацијата каква што ја познаваме денес едноставно не постоела. И поради тоа, да погледнеме како изгледал животот во Хрватска, но и во светот, без вакцинации.
Иако противниците на вакцинаците сипаниците ги сметаат за безопасна болест, треба да се потсетат дека во време пред вакцинацијата за сипаници во САД стотици луѓе умирале од компликации кои се поврзуваат за оваа болест (како што е енцефалитис, воспаление на мозочните клетки). Инаку, енцефалитис се јавува околу во еден на 1000 случаи на сипаници, а секој 3000 заболен од сипаници умира од компликации. Тоа денес можеби не звучи страшно, но треба да се знае дека пред почетокот на масовната вакцинација речиси секое лице во САД боледувало од сипаници. Покрај тоа, околу пет отсто деца со сипаници добиваат воспаление на белите дробови, а таа ни во денешно време никако не може да се смета за безопасна болест.
Според податоците на американскиот Центар за контрола на болести ЦДЦ, во епидемијата на рубеола во 1964-65 година се разболеле 12,5 милиони Американци, од кои умреле 2000 бебиња, а забележани се и 11.000 спонтани абортуси. За споредба, во 2012 година, по вакцинација на популацијата, во САД се забележани само девет случаи на рубеола. Ако се присетиме на потешките болести, како дифтерија, треба да се истакне дека од оваа болест само во 1921 година во САД умреле околу 15.000 луѓе. По спроведеното масовно вакцинирање дифтеријата речиси целосно исчезнала и од 2004 до денес во САД е забележан само еден единствен случај со оваа болест. Да потсетиме, дифтеријата може да предизвика невритис и миокардитис, а во случај на развој на компликации смртноста е од 5 до 10 отсто.
Каква била состојбата во Хрватска пред спроведување на програмата за масовна вакцинација на населението? На пример, од дифтерија во Хрватска пред воведување на вакцинацијата годишно умирале сто лица, а од компликации поврзани со сипаниците умреле десетици деца годишно. Од тетанус на пример пред вакцинациите, секоја година умирале неколку десетици работно активни лица. Од детска парализа, болест која била речиси искоренета со употреба на вакцини, годишно исто така умирале десетици деца, а исто толку од нив развивале траен инвалидитет.
Во прегледите на Хрватскиот завод за јавно здравстгво ХЗЈЗ може да се видат графикони кои јасно покажуваат колку ефективната вакцинација ги искоренила тешките болести во Хрватска. Во уште еден преглед се претставени сите нус-појави на вакцинациите забележани во 2012 година, а кои покажуваат колку се безбедни современите вакцини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.