Контакт

Daily news

Талат Џафери во посета на Црна Гора

Објавено пред

На покана на претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, ја предводи парламентарната делегација составена од пратениците Максим Димитриевски и Џеват Адеми.

dobivaj vesti na viber

Пред почетокот на официјалните средби со претставниците на државниот врв беше организиран свечен пречек на гостите со интонирање на химните на двете држави и со салутирање на гардата на Црна Гора пред двајцата претседатели на Парламентите, г. Брајовиќ и г. Џафери.
На разговорите со pретседателот на црногорското Собрание, Иван Брајовиќ, претседателот Џафери изрази чест и задоволство што првата официјална посета по изборот на новото парламентарно мнозинство е во земја од регионот со која немаме отворени прашања, со која нè врзуваат пријателство и традиционално добри политички, економски и културни врски и со која делиме исти надворешно-политички приоритети.
Тој на својот колега и на граѓаните на Црна Гора им го честиташе полноправното членство во Северно-aтлантската договорна организација и истакна дека остварувањето на оваа стратегиска цел на државата ќе придонесе за поголема безбедност и стабилност како во регионот така и пошироко. Претседателот Џафери изрази верување дека со пристапувањето на Црна Гора во НАТО, Република Македонија доби уште еден голем поддржувач на нејзините аспирации за интеграција во евроатланската безбедносна заедница и подвлече дека членството исто така покажа дека вратите на Организацијата остануваат отворени и дека е цврсто убеден дека наскоро и ние ќе ја достигнеме оваа клучна точка на нашиот пат – полноправно членство во НАТО. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелната политичка состојба во двете држави и се согласија дека постои многу простор за проширување и интензивирање на економската соработка, како на ниво на Влади така и на ниво на стопански комори.
На средбата со членовите на Комисијата за одбрана и безбедност на црногорското Собрание, од двете страни беше изразено задоволство од одличната соработка на полето на одбраната меѓу двете држави во форма на обуки и школување кадри, како и учество во заеднички проекти. Од црногорска страна беше искажана спремност за пренесување искуства во однос на пристапувањето во НАТО и за таа цел од наша страна беше упатена покана за средба со членовите на Комисијата за одбрана во Собранието на Република Македонија. Беше поздравена и соработката во рамки на Јадранската повелба со која во моментов претседава Република Македонија.
Делегацијата на Собранието на Република Македонија се сретна и со членовите на новоизбраната Група во црногорското Собрание за пријателство со Собранието на Република Македонија, со која претседава Генци Ниманбегу, кој е потпретседател на Собранието на Црна Гора. На средбата, домаќините беа информирани дека во Собранието на Република Македонија, во сите мандати се формира Парламентарна група за соработка со Парламентот на Црна Гора, а пратениците се согласија дека во иднина треба да се остварат почести директни контакти кои овозможуваат директно запознавање со состојбите во двете држави и размена на мислења и искуства, имајќи ги предвид истите стратегиски приоритети на двете држави.
Беше поздравен напредокот на Црна Гора во однос на преговорите со Европската Унија, со отворањето на 28-те поглавја и дефинирањето на рамката за отворање на преостанатите пет поглавја. На средбата беа разменети искуства и за учеството на жените во Парламентот и притоа Република Македонија беше посочена за пример во регионот со законските решенија за задолжително номинирање на жени во пратеничките листи.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Во моментот нема активни пожари, надлежните апелираат да се внимава за Илинденските празници

Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 18:00 часот , нема ниту еден активен пожар. Шест...

Топ5 часа

Автомобил се судри со автобус кај Тетово – тројца загинати, едно дете е повредено

Три лица го загубија животот, а едно дете е повредено во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на автопатот...

Македонија6 часа

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците – нови ригорозни мерки

Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот...

Македонија9 часа

Мицкоски: Eрес беше да се спомене македонски идентитет во време на претходната власт

На денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски со свој коментар за актуелните позиции во меѓународните...

Македонија10 часа

Гаши: Одредбите не се докрај прецизни дали можеме со распишани избори да избереме народен правобранител и претседател на ДКСК

Во претстојниот период предизвик за Собранието ќе биде изборот на нов народен правобранител и нов претседател на Државната комисија за...

Македонија12 часа

Салиу се вознемири од прашањето дали ќе си поднесе морална оставка по пожарот во Кочани и ги обвини новинарите дека му судат

Министерот без ресор, Шабан Салиу, кој од 2008 до 2017 година беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување и...

Македонија13 часа

Воведени нови летови од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Скопје се поврзува со уште пет нови дестинации. Од скопскиот аеродром се воведуваат летови до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и...

Македонија13 часа

Зголемен број туристи во Македонија, земјата станува сѐ поинтересна за Германците, Французите, Британците…

Анализата на туристичкиот тренд во првите пет месеци од 2025 година покажува дека Македонија бележи интензивирање на туристичкиот промет и...

Македонија14 часа

Обезбедени 42,3 милиона денари финансиска поддршка за ранливите потрошувачи на струја

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека Владата ја донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија...

Македонија16 часа

Активни три пожари на отворено во Македонија

Утрово се активни три пожари на отворено во Македонија, информира Центарот за управување со кризи. До 06:30 часот на територијата...

Свет16 часа

Канада најави дека ќе ја признае Палестина

Канада има намера да ја признае палестинската држава на состанокот на Обединетите нации во септември, изјави вчера премиерот Марк Карни,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поединци од СДС потпалуваат за да има политички пожари, а го бранат и Коцевски како последен бастион за нивниот криминал

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема „Реформи во здравството, ги градиме темелите на промените“...

Топ1 ден

Едно и пол годишно бебе донесено без знаци на живот на Детска клиника

Бебе од Скопје без знаци на живот било донесено на Детска клиника, соопшти полицијата. Имено вчера во 07.30 часот во...

Македонија1 ден

Ганиу ќе ја тужи Арсовска: Моите адвокати спремаат тужби за невистините што ги зборува за мене чесната жена од Град Скопје

Во Чаир нема 150 згради дивоградби, нема дивоградби изградени на државно земјиште и нема темели за 50 нови дивоградби, кажа...

Топ1 ден

Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари Единицата...

Македонија1 ден

Во Тетово ќе се гради Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата...

Македонија1 ден

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторната, уверува Бислимоски

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе...

Македонија1 ден

(Видео) Јанковиќ: Власта нема пари за младите спортисти, а има за ПР-агенции, Борко Ристовски да поднесе оставка

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност,...

Свет2 дена

Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној на Камчатка, ослободува огромна количина енергија. За споредба, атомската бомба фрлена врз...

Македонија2 дена

Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјата

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три...