Контакт

Daily news

Хомосексуална оргија во Ватикан

Објавено пред

Уште еден скандал го тресе Ватикан овие денови, откако ватиканската полиција упаднала на хомосексуална оргија во стан што припаѓа на Конгрегацијата за доктрина на верата – Одделението чија одговорноста е да се справи со педофилијата и сексуалната злоупотреба.

dobivaj vesti na viber

Најпрво италијанските весници објавија дека полицијата го затекнала предогиран еден од станарите на објектот, секретарот на кардиналот Франческо Кочопалмериа, шеф на Советот за законодавни работи на Понтификатот и еден од главните советници на папата Франциско.Франческо Кочопалмериа бип предложен за унапредување но овој инцидент и претходните два настани кога се предозирал двапати, ќе му наштетат.

Овој скандал доаѓа по овинувањата за високиот преставник во Ватикан и советник на папата, Џорџ Пел, за снедозволени ексуални дела. Кардиналот Пел беше назначен да ги исчисти финансиите на Светата Столица, откако папата најави голем број на реформи кои ги налутија конзервативците.Одбивањето на папата да му помогне на тешко болното британско момче Чарли Гард, исто така, ги разлути конзервативците.

“Отпорот кон папата се зголемува”, изјави извор за „Ватикан Тајмс“.”Пет вознемирувачки приказни се појавија за неколку дена. Тие создадоа турбуленции. Таму не се случува раскол, но папата изгуби кредибилитет во очите на многумина,” изјавил изворот.

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Двајца во притвор, еден во бегство – поднесена кривична пријава против три лица за пукањето во Чаир

Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена...

Македонија52 минути

Не се воведува дополнителен еден час евтина струја преку ден оти ќе треба да се укине евтината од 22 до 24 часот, РКЕ ги направи пресметките

Анализата на потрошувачката на струја од 2021 година до септември годинава покажува дека до крајот на 2023 година немало услови...

Европа2 часа

(Видео) Првите снимки од разорниот земјотрес што ја погоди Турција: Сè се тресе, луѓето бегаат

Исклучително силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, соопшти ЕМСЦ. #deprem #earthquake #turkey #malatya...

Македонија3 часа

Три пиштоли, рамки, шаржер, илјада куршуми, шок-бомби и дрога пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

При претрес во домот и подрумските простории во сопственост на 48-годишен скопјанец, полициски службеници на 14 октомври пронашле поголемо количество...

Македонија4 часа

„За коса ја извадил од такси-возилото, ја удрил со главата и ѝ ја пукнал левата аркада“, Обвинителството поведе постапка против скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец поради основано сомнение за кривично дело – Тешка телесна повреда според...

Свет5 часа

Кина: Не се откажуваме од можноста да го вратиме Тајван со сила

Кина нема да вети дека ќе се откаже од употребата на сила против Тајван, но тоа се однесува на надворешно...

Европа5 часа

Украинските власти наредија евакуација на Купјанск, еден од клучните градови: „Се водат тешки битки“

Украинските власти денеска наредија евакуација на Купјанск, важен град и три други локалитети во североисточниот регион Харков, бидејќи руските сили...

Свет6 часа

(Видео) Трамп: За мене најубавиот збор на светот е царина

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги бранеше своите протекционистички трговски политики и другите фискални предлози, отфрлајќи ги оценките дека тие...

Свет6 часа

Северна Кореја тврди дека 1,4 милион млади луѓе ѝ се приклучиле на армијата

Севернокорејските државни медиуми објавија дека оваа недела, околу 1,4 милиони млади луѓе, вклучително студенти и претставници на младинската лига, се...

Македонија17 часа

Регистриран земјотрес во Македонија

Попладнево е регистриран земјотрес во Македонија со јачина 2,4 степени според Рихтер. Епицентарот е на 13 км североисточно од Демир...

Македонија21 час

Јакимовски до Јаневска: Се јавувам доброволно да одам на часови кај министерката да ми одговори како да ги изменаџирам парите

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски уште еднаш побара од министерката за образование Весна Јаневска да ги подмири трошоците за греење...

Македонија22 часа

13 игротеки затворени, кај некои имало хигиенски недостатоци, на 32 им се изречени глоби по контролите на Агенцијата за храна

Агенцијата за храна и ветеринарство на почетокот на овој месец спроведе вонредни контроли во игротеките во земјата. Со контролите опфатени...

Македонија22 часа

Рама: Северна Македонија беше понижена, тажен сум што нашите браќа не почнаа преговори

Премиерот на Албанија, Еди Рама, упати јавна поддршка за Северна Македонија и критики до Европската Унија што нашата земја се’...

Топ23 часа

Приведени четворица за пукањето во Чаир, двајца од нив се затвореници од „Идризово“, кои излегле поради работа

Полицијата соопшти дека го расчисти случајот со пукањето на улицата Христијан Тодоровски- Карпош, во близина на Општина Чаир, каде што...

Македонија23 часа

Германската министерка на средбата со Муцунски: Потребна ни е обединета ЕУ, која нема да биде блокирана од одделни земји членки

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес во Берлин оствари билатерална средба со сојузната министерка за надворешни...

Македонија1 ден

Јаневска за училиштата без греење во Карпош: Верувам дека градоначалникот, кој е многу способен, ќе најде начин да ги згрее, блок- дотациите се исплатени

Парите за греење во основните училишта се исплатени на сите општини, рече денес министерката за образование Весна Јаневска иако вчера...

Македонија1 ден

Скопје е меѓу европските градови со најнезадоволни жители од јавниот превоз

Скопјани се меѓу најнезадоволните жители на европските градови кога станува збор за јавниот превоз. Седум од 10 жители во Европа,...

Регион1 ден

Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската Унија

Албанија ќе биде првата земја кандидат за членство која ќе ги отвори пристапните преговори според изменетата методологија за проширување, соопшти...

Македонија1 ден

Запленети златен накит, лекови, облека, цигари и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен...

Македонија1 ден

„Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка“, прашува СДСМ

„Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања. Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ...