Daily news
Бизнис форум во Трст: Регионална економска заедница како подготовка за членството во ЕУ
Интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ не може да се постигне без економски развој на регионот, а Унијата мора да му помогне на регионот да го постигне тоа, порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на бизнисот форумот во Трст, кој се одржува во рамките на Самитот на ЕУ за Западен Балкан. Хан најави дека Унијата на Балканот сака формирање регионална економска заедница, која ќе опфаќа пазар од повеќе од 20 милиони луѓе и ќе биде еден начин на подготовка за членстово во ЕУ. Трговијата, дигитализација, слободното движење и инвестициите ќе бидат областите во кои земјите од Западен Балкан ќе треба да работат заедно.
„Ова ќе биде интересно и за странските инвеститори и важно е идејата да се имплементира. Оваа заедница нема да значи и замена за членството во ЕУ туку подготовка за лесна транзиција во единствениот пазар на ЕУ. Политиката може да даде само рамка и соодветни услови за создавање работни места, но тоа мора да го направите самите вие, преку напорна работа”, порача Хан додавајќи дека развиената економија е единствениот начин за одржлив мир во регионот.
Македонија ќе работи на тоа да ги подобри односите со своите соседи, како еден предуслов за подобра регионална соработка, а потоа и членство во ЕУ, изјави вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на бизнис форумот. Тој најави повеќе приоритети на кои ќе работи новата влада, со цел да ја развие економијата.
„Имаме политичка волја за имплементација на реформите кои ќе водат кон економски развој, и важно е да се нагласи дека ќе соработуваме со нашите соседи. Пазарот од два милиони луѓе е мал и пред сè треба да ги поддржиме нашите компании за да растат и да бидат компетитивни во регионот, а потоа и во ЕУ. Втората мерка се однесува на привлекувањето на странските инвеститори и ние мора да направиме сè за да обезбедиме рамка за привлекување инвестиции. Сите ќе имаат поддршка од институциите во административните процедури. Важна областа за нас ќе биде и енергетиката, со акцент на обновливата енергија. Меѓу приоритите ќе бидат и инфраструктурните проекти, односно градењето на патишта и гасната инфраструктура. Овие проекти се начин за заеднички развој, а со регионалата економска заедница, земјите во Балканот ќе имаат подобри односи”, порача Анѓушев.
Од Трст за Макфакс, Бојан Стојковски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.