Европа
Во невремето на Азурниот брег 13 мртви
Тринаесет лица ги загубија животите во поплавите кои следеа по големото невреме кое во саботата вечерта го зафати Азурниот брег, на југоистокот од Франција, соопштија во неделата локалните власти.
Пороите ги преплавија улиците на Кан и на Ница, а податоците за настраданите се менуваа од час во час, а на крајот се пронајдени 13 безживотни тела во департманот Алпи-Маритимес, во француската покраина Прованса-Алпи-Азурен брег.
Спасувачките екипи имаат големи тешкотии при пристапот во зоните во кои има настрадани, што укажува на тоа дека бројките за жртвите сé уште не се конечни.
Францускиот претседател Франсоа Иланд ја истакна „солидарноста на нацијата“ и им упати сочувство на семејствата на жртвите. Премиерот Мануел Валс, кој е во посета на Јапонија, ја искажа „длабоката тага поради страшните последици од невремето и поддршката за семејствата на загинатите“. Министерот за внатрешни работи, Бернар Казнев, пак, во неделата претпладнето треба да допатува во погодените подрачја./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Руска ракета прелета над воздушен простор на членка на НАТО, вели украински министер
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалните мрежи се огласи за рускиот напад утринава.
Тој ги опиша нападите како божиќен терор и рече дека тоа е одговор на Владимир Путин на оние што зборуваат за илузорен божиќен прекин на огнот мислејќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Исто така, се тврди дека руската ракета поминала низ молдавскиот и романскиот воздушен простор.
„Тоа потсетува дека Русија ѝ се заканува не само на Украина“, додаде тој.
Романија, членка на НАТО, вели дека не ја открила ракетата во својот воздушен простор.
Европа
(Фото) Русите лансираа 12 проектили врз милионскиот град Харков
Градоначалникот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, објави дека Харков утрово се соочил со нов „масовен ракетен напад врз енергетски објекти“.
Игор Терехов вели дека врз градот биле лансирани 12 проектили насочени кон енергетските објекти, како што се котларници и електрани. Поради ова, голем дел од Харков во моментот е без греење.
#Харківщина: російські війська завдали масованих ударів ракетами та дронами, виникли пожежі
Влучання були зафіксовані у кількох районах міста та області. За попередніми даними, постраждали 6 осіб. pic.twitter.com/kxSPx0bCa5
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) December 25, 2024
Тој вели дека во градот досега се повредени најмалку четири лица.
„Сите наши специјализирани комунални услуги ќе работат на поправка и рестартирање на системот за греење. Ќе работиме деноноќно за да го вратиме нормалниот живот во градот што е можно побргу“, вели тој.
Европа
Зеленски: Путин намерно го избра Божиќ за нападот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи по нападот утринава.
Every massive Russian strike requires time for preparation. It is never a spontaneous decision. It is a deliberate choice – not only of targets but also of timing and date.
Today, Putin deliberately chose Christmas for an attack. What could be more inhumane? Over 70 missiles,… pic.twitter.com/GMD8rTomoX
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 25, 2024
„Секој голем руски напад бара време за подготовка. Тоа никогаш не е спонтана одлука. Тоа е намерен избор – не само на цели туку и на време и датум.
Денеска, Путин намерно го избра Божиќ за напад. Што може да биде понехумано? Над 70 проектили, вклучително и балистички, и повеќе од сто борбени беспилотни летала. Целите се нашата енергетска инфраструктура. Тие сè уште се борат за прекин на струјата во Украина.
Според прелиминарните извештаи, нашите бранители успеале да соборат повеќе од 50 проектили и значителен број беспилотни летала. За жал, имаше и погодоци. Во неколку региони во моментот има прекин на струјата. Инженерите работат на тоа што побргу да ја вратат електричната енергија.
Им благодарам на сите што работат за државата, кои се на борбена должност, кои го штитат нашето небо. Ќе го вратиме максимумот. Руското зло нема да ја скрши Украина и нема да го расипе Божиќ“, рече Зеленски.