Контакт

Daily news

И новата влада ќе оди на „роуд шоу“

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата, Кочо Анѓушев, објасни денес зошто Македонија е најголемиот добитник од вчерашниот самит во Трст откако од вкупниот грант од 194 милиони евра доби дури 70 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

„Тоа само покажува дека се препознаени реформските процеси и новиот дух на владата, која има за цел да ги имплементира сите процедури и потребни чекори за побрзо и полесно пристапување кон Европската Унија, а со самото тоа и за пристап до нејзините фондовите“, изјави Анѓушев.

„Од вкупните пари, 40 отсто се грант за Македонија, иако таа е само една од шесте земји, а по број на жители е една од помалите. Што значи дека, ако одиме по жител, Македонија е навистина победник во оваа фаза од поддршката на Берлинскиот процес“, објасни тој нагласувајќи дека станува збор за неповратни пари од ЕУ за Македонија.

„Ние како Влада длабоко го почитуваме и го цениме тоа. Мораме да кажеме и дека ја чувствуваме како голема обврска оваа помош за да бидеме навистина реформски ориентирани. Не само поради потребите за пристапување кон Европската Унија туку и за да го подобриме животот на секој граѓанин на нашата земја“, рече Анѓушев.

Сумата со која ќе бидат поддржани вкупниот број проекти што се номинирани на овој самит е над милијарда евра, а овие 194 милиони евра се издвоени како неповратен грант, нагласи тој додавајќи дека проектите што ги номинирала Македонија ќе бидат поддржани со многу поголеми износи.

„Овој грант е добиен за делот на пругата кон Бугарија, што е од исклучителна важност. Како Влада, а со тоа се согласува и Европската Унија, сметаме дека нашето поврзување со Коридорот 8, односно врската помеѓу Македонија, Бугарија и Албанија е од огромно значење. Вие знаете дека по должината на коридорот 10 имаме доста развиена мрежа, но делницата исток-запад не е така развиена. Денес, ако сакате да тргнете и да стигнете до Софија или до Тирана, иако се тоа само делници од 200 – 250 километри, ви требаат повеќе од 4 часа, што е недозволиво“, рече Анѓушев, па додаде:

„Тоа мораме да го промениме. Прво, за да го ослободиме движењето на граѓаните, за да ослободиме движење на производи и друга стока, за да може целото стопанство поефикасно да функционира и работи, и притоа да биде поврзано на две мориња. Како што знаете, тоа е еден исклучително значаен и стратешки коридор“.

Според него, пругата од Бељаковце до Крива Паланка е поделена на три делници, а втората делница е инвестиција од 152 милиони евра, а Македонија доби грант кој е 46 отсто од нејзината вкупна градежна вредност.

„Многу е битно да кажеме дека сите овие средства последните неколку години беа замрзнати за Македонија. Македонија повеќепати аплицираше претходните години за европски средства, но тие не беа доделени. Ценам дека и ова е резултат на препознавањето на новиот дух на владата кој е реформски ориентиран, и овој чекор покажува дека тие сите средби со лидерите на ЕУ во овој месец и половина, не биле случајни. Напротив, тие средби беа со цел да докажеме пред меѓународната заедница дека Македонија е просперитетна држава и коректен партнер за сите на Балканот и во Европа. Мислам дека тоа успеавме да го покажеме, во интерес на граѓаните на Македонија и на целокупното македонско општество“, рече Анѓушев.

Анѓушев во Трст се сретнал и со пртеставници на Светската банка, која според него последните години била прилично незадоволна од ситуацијата кај нас и со неа Македонија не потпишала ниту еден договор, а тоа што било потпишано претходно не се имплементирало. Целта била да се одглави соработката, а теми инфраструктурата, автопатскиот дел од коридорот 8, како и можната поддршка на буџетот со која ќе се помогне македонската економија, која е извозно ориентирана и кон нови технологии.

„Тие беа расположени да дадат таква поддршка и најавија дека за две недели ќе дојдат во Македонија само за таа намена, за да работиме заеднички со нив и со нивната групација AFC, за да дојдеме до такви мерки и до такви средства кои ќе бидат директна поддршка за македонската економија“, соопшти тој.

На крајот Анѓушев најави посета на највисока владина делегација во најголемата асоцијација на работодавачи на Франција за да се поттикне меѓусебната соработка.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија5 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија6 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија7 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија7 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија8 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија8 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет9 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија10 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија10 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија11 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет11 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет12 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет12 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет13 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа13 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет13 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет13 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...