Daily news
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески, од Охрид направија “панаѓур на кичот и гласната музика”
Општинската организација на СДСМ од Охрид, ги обвини локалната власт на БМРО ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески, за “хаос, неред, метежот и дезорганизација во екот на главната туристичка сезона”.
Особено во стариот дел на градот, каде не бил донесен летен сообраќаен режим со кој ќе се регулира сообраќајот, поради што жителите и туристите се соочуваат со невиден метеж и застој во сообраќајот.
-Бакрачески, кога ја презеде власта во Охрид, ветуваше дека од градот ќе направи претпознатливо монденско место.Денес, четири години подоцна, локалната власт предводена од Бакрачески, е заинтересирана само за продажба на општински парцели по багателна цена, додека во Охрид се случува хаос и неорганизираност. Наместо град на културата, Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ го претворија Охрид во панаѓур на кичот и гласната музика од која до раните утрински часови без сон остануваат и охриѓани и туристите. Охрид и граѓаните не заслужуваат ваква локална власт која мисли само на сопствените интереси додека градот се гуши во смет и сообраќаен метеж, реагираат од СДСМ.
На овинувањата реагираа од Општина Охрид, кои ги нарекоа “паушални, неточни и непроверени информации”.
-Веројатно многу е посилна потребата да се прикрие сопствената немоќ за преземање на централната власт, а со тоа и преземање на одговорноста пред граѓаните, што мораат вака преку брзоплети соопштенија да се обидуваат да ја дефокусираат јавноста. Охриѓани знаат дека познавањето на законите и ингеренциите им се слаба страна но овој пат се надминаа себе си: ги критикуваат состојбите на сообраќајот кои се директна и единствена надлежност на СВР Охрид, сега предводен од кадри на СДСМ. Сообраќајниот режим е доставен до СВР Охрид која е единствена надлежна институција да се грижи и да ги санкционира сите оние кои истиот го прекршуваат.
Во дописот се додава дека „шампионите за губење на земјиште низ чудни и нетранспарентни постапки, сето тоа надополнето со чудни постапки за експропријација си дозволуваат да зборуваат за некој друг. Тоа се истите оние кои Охрид го оставија без земјиштето кај старата автобуска станица, просторот кај градскиот полигон, зградата од старото училиште Св. Сава и многу други.
– Убаво е и сакаме да се прави ревизија на секое работење и немаме ништо против таа да биде или домашна или меѓународна. Но претходно е добро да ги прочитате ревизорските извештаи за периодот кога вие го водевте Охрид и да се уверите што се сте правеле на штета на граѓаните на Охрид, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.