Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Кристине Алтхаузер: Договорот со Бугарија е „вин вин“ ситуација

Објавено пред

Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер во интервјуто за Макфакс пред да замине на нова мисија во Шангај, порача дека две клучни работи што се случиле додека беше во Македонија се манифестираната желба за создавање различно општество и големото учество на граѓаните во тоа. Околу дилемата дали поранешниот премиер Никола Груевски е веќе политичка историја за Македонија или треба да му се верува дека ќе се врати на власта, таа вели:

dobivaj vesti na viber

„Поранешниот премиер сè уште е лидер на најголемата опозициска политичка партија. Партиските членови се тие што треба да разговараат за ова прашање. Во земјава се зборува многу за рестартирање на проближувањето кон ЕУ, за рестартирање на приближувањето кон НАТО така што можеби треба да има рестартирање и внатре во политичките партии. Но, како што реков, тоа ќе го решат партиските членови и самата партија.

Веќе реков дека за танго се потребни двајца, а и вие имате прекрасен македонски танц „оро“. Учеството повторно е клучен збор. Потребно е учество на сите политички партии, инаку ќе биде многу тешко да се проследи идната работа. За да се успее ќе бидат неопходни и Владата, и Парламентот и опозицијата, и граѓанското општество и другите актери“.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ може да биде конструктивна, имајќи ја предвид опструкцијата со десетте парламентарни групи, Алтхаузер порача дека тоа е нешто ново и изненадувачко за неа, но дека од друга страна, членови на ВМРО-ДПМНЕ застанале исто така зад планот 3-6-9 на владата на Комисијата за надворешни работи минатиот петок, така што треба да се почека со заклучоците. За мене нагласи таа една  „една партија никогаш не постои преку еден лидер туку и преку другите членови“, навестувајќи потоа возбудлива политичка есен во Македонија.

Потезите на новата влада Алтхаузер ги оцени како храбри, и во односот кон Бугарија и Грција, и на внатрешен план. На забелешката дека договорот со Бугарија предизвикува многу негативни реакции во земјата, Алтхаузер со контра став:

„Да, но има исто така и многу позитивни. Многу храбар чекор е да тргнете со други односи кон соседите, а исто така и многу проективно. По сè, ова е ‘вин вин’ ситуација за сите земји во регионот. Донесов лист хартија на кој стои нашата изјава на самитот на Групата 20 во Хамбург за тоа како да се обликува поповрзан свет. Насловот е дека можеме да постигнеме повеќе ако делуваме заеднички отколку ако делуваме поединечно. Тоа е вистина за секаде, па и за овој регион.Така што, за да се дојде до поголемо разбирање со Бугарија, ова е голем чекор напред. Ви посакувам сè најдобро на почетокот на август. Потпишувањето на договорот и прославувањето да се случат на соодветен начин“, вели таа.

За спорот со името таа оценува дека е многу комплицирано прашање и дека не се однесува само на името туку и на идентитетот, и многу други работи. Германија, рече таа, е подготвена да помогне ако се побара од неа, но пред сè решението треба да дојде од двете засегнати земји.

Прашана која е смислата Велика Британија да биде следниот домаќин на самит на ЕУ за Западен Балкан, кога во исто време ќе води преговори за излегување од Унијата, Алтхаузер вели дека на терен имаат многу добра соработка со оваа земја и дека таа е многу заинтересирана и посветена на овој регион, така што нејзиното добро искуство треба да се искористи.

Околу дилемите за Скопје 2014, поточно дали треба да се уриваат дел од спомениците или не, и паралелата со Германија, која урна повеќе објекти од времето на ДДР, вклучувајќи го и Берлинскиот зид, Алтхаузер вели дека двете ситуации не се споредуваат. Како реалноста може да даде неочекувана нова содржина на спомениците од историјата, таа го посочи примерот со споменикот на Карл Маркс во неговиот роден град Триер во Германија, кој станал таква голема атракција за кинеските туристи што Кина побарала да изгради уште еден, многу поголем во истиот град. Дебатата дали да се дозволи тоа или не, според неа, сè уште трае во Германија.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем...

Македонија3 часа

Филипче: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

„Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ работи за олигарсите, граѓаните за нив се само бројка во избирачкиот список“, оваа порака ја упати вечерва...

Македонија3 часа

Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Радовиш, во рамки на изборната кампања за локалните...

Македонија3 часа

Филипче: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не...

Регион11 часа

Македонија ѝ понуди помош на Бугарија по катастрофалните поплави

Македонија е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави претседателот на Бугарија, Румен Радев, на „Икс“,...

Свет13 часа

(Фото+видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди...

Свет14 часа

Израел се согласи на почетната линија на повлекување, се чека потегот на Хамас, објави Трамп

По повеќенеделни преговори, Израел се согласи на почетната линија на повлекување, објави на социјалната мрежа “Truth” лидерот на САД Доналд...

Македонија15 часа

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од утре пад на температурите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во...

Македонија1 ден

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

На денешниот народен митинг во Куманово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Македонија1 ден

Мисајловски: Куманово дополнително ќе биде град на можности

Владо Мисајловски, носител на изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на народниот митинг, кој се одржа во Куманово,...

Македонија1 ден

Филипче од Свети Николе: Борбата за 500 евра минимална плата е за достоинство на секој човек

Вечерва од Свети Николе, каде се одржа граѓанската трибина од караванот „Се бориме за нашиот дом“, Претседателот на СДСМ, Венко...

Македонија1 ден

Филипче од Велес: Маја Хеско за урбан ред во Велес, нова сала, затворен базен и средено Езеро Младост

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Велес го истакна разочарувањето на граѓаните од владеењето...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: Ние ќе ги решаваме проблемите на скопјани, оваа битка не е само битка за поубави и почисти улици и паркови, ова е битка за душата на нашиот главен град

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, се обрати од денешниот народен митинг,...

Македонија1 ден

Димитровски: Скопје не треба да биде град кој ги мачи скопјани, туку град кој им служи на скопјани

Даме Димитровски, носител на листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во...

Македонија1 ден

Стојкоски: Ѓорче Петров ќе стане првата независна енергетска општина

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник за општина „Ѓорче Петров“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на...

Македонија1 ден

Мицкоски: СДСМ не гласаше за промена на Коцевски, затоа што судството и обвинителството се последната гранка на која седи раководството на СДСМ

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг во општина Ѓорче Петров, во рамки на изборната кампања за локалните избори...

Македонија1 ден

Хеско: ДПМНЕ не направи ништо за Велес, време е да им го вратиме градот на граѓаните

Кандидатката за Градоначалничка Маја Хеско, од трибината во Велес, ја презентираше својата програма , со која вели дека Велес повторно...

Македонија1 ден

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа во...

Македонија1 ден

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во општина Јегуновце, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025...

Македонија1 ден

Костадиноски: Продолжуваме да работиме со уште позасилено темпо за модерно Јегуновце со инвестиции во паркови, во спортот и во младите

Димитар Костадиноски, кандидат за градоначалник за општина Јегуновце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната...