Daily news
Џихадисти од ИД молат да бидат убиени во ирачки затвор
Над 100 припадници на Исламската држава биле заробени во тесна просторија во која седеле рамо до рамо на подот, во затвор во близина на неодамна ослободениот град Мосул, пренесува АП. Во просторијата немало електрична енергија, ниту вентилација, а надвор температурите се искачуваат и над 45 Целзиусови степени.
Ирачки официр, кој бил задолжен за затворот, открил дека внатре се заробени речиси 370 припадници на ИСИС. Тој открил дека затворите се пренатрупани затоа што ирачките сили во текот на овој месец ги исчистиле последните упоришта во градот по деветмесечната борба за ослободување на Мосул.
Меѓу затворениците имало и лица што биле заразени од разни болести, а повеќето од нив не можеле ниту да се движат. Како што открил официрот, нозете им се отечени затоа што со денови не можат воопшто да мрднат.
Само во последните три месеци повеќе од 1.150 затвореници минале низ затворот. За понатамошна истрага и судење во Багдад биле испратени 540 затвореници. Јужно од Мосул, во базата Кајара, биле сместени другите заробеници, околу 2.800, кои исто така ирачката армија ги чувала во тесни простории.
„Меѓу овие луѓе нема да најдете ниту 10 вистински члена на Исламската држава. Сите се тука повеќе од шест месеци. Откако сум јас тука, веќе осум месеци, само еднаш го видов сонцето“, раскажал еден затвореник, иако тешко е дека ќе му поверуваат ирачките војници.
„Сакаме да умреме. Никој од нас немал посета, не доаѓаат ниту членовите на нашите семејства. Тие дури и не знаат дека сме тука“, изјавил друг затвореник.
Голем број невладини организации предупредуваат дека Ирачаните употребуваат премногу брутални мерки против џихадистите на Исламската држава и прекршуваат многубројни меѓународни конвенции. Но, ирачките војници сметаат дека поради бруталноста на Исламската држава, за заробените џихадисти не смеат да важат никакви меѓународни закони.
Сепак, она што најмногу загрижува е дека речиси е сигурно оти меѓу затворениците има и невини цивили кои бегале од Мосул. Познато е дека меѓу цивилите често се инфилтрирале борците на Исламската држава со цел да спасат жива глава, па ирачката армија нема избор и ги апси сите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.