Контакт

Daily news

„Макфакс“ во бункерот на Енвер Хоџа

Објавено пред

Kако од лоша историја се прави туризам и туристички „бренд“ , може да се види во Тирана каде што во недостиг на вистински туристички атракции се прави приказна што сакаат да ја чујат тие што се на поминување низ Албанија.

dobivaj vesti na viber

Она што беше некогаш синоним за политичката и материјална беда во оваа држава сега се доживува како шарм на некои минати времиња. Едно од тие обележја е новоотворениот бункер во центарот на Тирана кој, според она што може да се види внатре, е подземно скривалиште на тајната служба „Сигурими“ каде што се испитувале и се притворале противници на режимот.

Ова е втор бункер во Тирана од времето на Енвер Хоџа, што стана достапен за јавноста од фебруари годинава, бидејќи поголемото нуклеарно засолниште на диктаторот во околниот рид околу градот веќе функционира како музеј и арт галерија од 2014 година.

Во Бунк-арт 2, како што се нарекува овој историски музеј и галерија, се влегува од дополнително изграден влез кој води до низа од четири меѓусебно поврзани ходници со простории за разни намени, од кои едната соба за деконтаминација од нуклеарен напад и еден подземен излез што што води директно со Министерството за внатрешни работи. Внатре можат да се видат соби за испрашување, канцеларии, затворски ќелии, соби со изложени анонимни писма против режимот, архиви од прислушкувањата и следењата , опрема за воена и нуклеарна заштита и слично.

Внатре е и канцеларијата во која работел Енвер Хоџа, слики на сите министри за внатрешни работи од тоа мрачно време, ходници обложени со стаклена волна и простории заштитени со неколку бетонски врати.

Целиот тој оригинален намештај од тоа време и оригинална опрема делумно е дополнет со артистички интервенции, како плаво обоениот тоалет и флуоросцентно зелената соба за деконтаминација.

Бунк-арт 2 музејот е продолжение на постариот и попознат Бунк-арт 1 музеј, со масивна димензија и тунел за влегување колку две фудбалски игралишта, каде што се наоѓаат 106 простории поврзани на пет нивоа во најблискиот рид на Тирана. Енвер Хоџа, по чија наредба се градел овој бункер, не доживеал да влезе внатре бидејќи умрел пред да биде завршен, по што почнал распадот на неговиот режим.

Двата бункери се дел од околу 700.000 бункери што Хоџа ги изградил за четирите децении додека беше на власт во земјата (од 1941 до 1985 година), од кои повеќето со големина колку да примат две лица внатре. Сега тие речиси се исчезнати од Албанија и се поретко можат да се видат, освен таму каде што се изложуваат како туристичка атракција бидејќи се симболот по кој Албанија се препознава во светот.

Низ Тирана можат да се сретнат неколку бункерчиња приспособени за туристите, од кои повеќето со уметнички цртежи.

Иако пораката во бункер музеите е да не се повтори историјата и Албанија да се конфронитира со своето минато, властите јасно ставаат на знаење дека бункерите стануваат дел од еклузивната туристичка понуда на земјата. Случајно или не, и новите столбчиња на улиците личат на бункерите, како што човечињата на семафорите од Источна Германија станаа заштитен знак денес на Берлин.

Со секое ново доаѓање Тирана има друго лице, бидејќи забрзано се гради и се менува, но наспроти шармот на новите градби, позади главните улици се уште постои печатот на старите комунистички времиња, кога зградите беа главно со распукан малтер или без фасади.

Таа слика на руинираност полека ја снемува од главниот град на Албанија, каде што само ова лето е обновен главниот плоштад Скендербег, на кој му се врати сјајот од времето на италијанската окупација, а изграден е и нов кварт околу рибниот пазар, каде рестораните и објектите ги носат боите на традиционалните килими на Албанија.

С. Јовановска

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените...

Македонија8 часа

(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување...

Топ9 часа

Лихварска шема во Гостивар: Заем од 35.000 евра со камата од 15.000 за една година, па по 3.000 евра месечно

Против две лица, меѓу кои еден нотар од Гостивар и една фирма, тетовската полиција поднесе кривични пријави поради сомнение за...

Македонија10 часа

Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое...

Топ12 часа

Тешко злосторство во Кавадарци – го убил својот брат, па го закопал во дворот

Четириесет и тригодишен маж е осомничен дека по расправија го убил својот една година помлад брат, а потоа неколку дена...

Македонија16 часа

Децата на подолго болничко лекување нема да губат настава, на Детската клиника се воведува формално образование

За да нема прекин на воспитно-образовниот процес на учениците што имаат посериозни здравствени предизвици и се на болничко лекување повеќе...

Македонија16 часа

Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу „Шкендија“ и „Карабах“

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар...

Македонија19 часа

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба, во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица....

Македонија19 часа

Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе...

Свет20 часа

ОН предупреди на катастрофални последици ако Израел ги прошири своите воени операции во Газа

Висок функционер на Обединетите нации предупреди дека може да има „катастрофални последици“ ако Израел ги прошири своите воени операции во...

Свет21 час

Хирошима: 80 години од првата атомска бомба во светот, која уби над 100.000 луѓе

Јапонскиот град Хирошима одбележува 80 години од американскиот нуклеарен напад што го уништи градот и одзеде десетици илјади животи. Хирошима...

Свет21 час

Трамп именува наследник

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес посочи дека потпретседателот Џ. Д. Венс би можел да биде неговиот најверојатен...

Регион22 часа

Српскиот министер, кој доживеа мозочен удар во емисија, е свесен, но сè уште во критична состојба

Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ, се разбуди по операцијата поради мозочен удар и е свесен, но има...

Топ1 ден

Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село. Полицијата постапила по претходна пријава дека...

Топ2 дена

Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши...

Македонија2 дена

Скопјанец преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт

Полицијата поднесе кривична пријава за скопјанец кој преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт. Денеска, Секторот за компјутерски криминал поднесе...

Македонија2 дена

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат, донација од Јапонија

На Клиниката за детски болести денеска беше промовиран дигитален мобилен рендген-апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија. „Станува збор за...

Топ2 дена

Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фришоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со шверц на цигари. Против пет...

Македонија2 дена

Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат...

Македонија2 дена

(Видео) Еден качен на хауба, друг вози без дозвола – поднесени пријави за скопјаните што дивееја на улиците

Министерството за внатрешни работи поднесе пријави против двајца млади скопјани, откако на социјалните мрежи се појави видео од опасна и...