Контакт

Daily news

Книжевна вечер на МКЦ „Лебедовата песна на заробеничката на ветрот“

Објавено пред

Во рамките на манифестацијата „МКЦ за Скопје“, со која Младинскиот културен центар – Скопје ја одбележува 54-годишнина од скопскиот катастрофален земјотрес, на 25 јули 2017 година (вторник), со почеток во 20 часот, во киното „Фросина“ ќе биде одржана книжевната вечер „Лебедовата песна на заробеничката на ветрот“ (сага за првата македонска поетеса Даница Ручигај).

dobivaj vesti na viber

Вечерта, всушност, е замислена како промоција на книгите „Лебедовата песна на заробеничката на ветрот“ и „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се!“ на новинарите на Македонското радио – Радио Скопје и публицисти Искра Чоловиќ и Свето Стаменов, кои се посветени на првата македонска поетеса – авторка на антологиските стихозбирки „Сребрени ноќни игри“ и „Заробеници на ветрот“ и основоположничка на т.н. женско писмо во современата македонска поезија и литература воопшто, Даница Ручигај, која загина во скопскиот катастрофален земјотрес во 1963 година.

Со овие две книги се заокружува мултимедијалниот проект посветен на Даница, кој започна со специјалната радиоемисија „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се!”, што беше емитувана во пет едночасовни продолженија во текот на јули и август 2013 година на програмата на Македонското радио – Радио Скопје по повод педесетгодишнината од трагичната смрт на првата дама на македонската поезија и кој кулминира со радиоелегијата „Лебедовата песна на заробеничката на ветрот“. Овие книги, всушност, се своевиден претоп на жанрот радиоемисија во книга коментари, сведоштва, критики, есеи, поезија и поезија за поезијата на најпоетесата меѓу македонските поетеси, раскошната и незаборавна Даница Ручигај, која остави длабоки и неизбршливи траги не само во современата македонска поезија туку и во македонската култура воопшто.

Книгата „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се!“ има повеќеслојна структура, односно е преплет на повеќе жанрови и видови литература: авторски текст – коментар кон животот на поетесата и нејзиното време на човечко и творечко опстанување, сеќавања на триесетина нејзини пријатели, познајници, современици и следбеници, литературни критики, есеи, избрани стихови од нејзините две антологиски стихозбирки „Сребрени ноќни игри“ и „Заробеници на ветрот“, но и песни посветени на Даница, како и податоци за проекти посветени на или инспирирани од неа. И сето тоа збогатено со ретки и оригинални фотографии на нестварно прекрасната и преубава поетеса.

„Лебедовата песна на заробеничката на ветрот“, пак, има три структурални делови: авторски текст – коментар кон животот на поетесата и нејзиното време, избрани стихови на авторката и автентични искажувања на петнаесетина нејзини современици, пријатели и следбеници.

Токму затоа „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се“ и „Лебедовата песна на заробеничката на ветрот“, всушност, се книги – концентрат на најважното за Даница, за она што не смее да се заборави за жената која сосема сама започна и сврте цела една страница во македонската поезија и култура воопшто. Но, тие уште се и еден обид на авторите, кои повеќе од две децении неуморно трагаат по животните и творечките врвици на Даница Ручигај, од првата македонска поетеса да биде симната копрената на намерна или ненамерна заборавеност и конечно да си го заземе местото што ѝ припаѓа на македонското поетско небо.

Даница Ручигај со својата исконска физика и духовна убавина и со својот сензибилитет, некомформизам, творечка енергија и животна храброст, не помирувајќи се со патријархалните предрасуди и стереотипи за жената на овие наши македонски простори, пред повеќе од пет децении со своите стихозбирки „Сребрени ноќни игри“ и „Заробеници на ветрот“ ги удри темелите на т.н. женско поетско писмо во македонската поезија и со тоа ја подотвори вратата низ која по нејзините стапки достоинствено и со дигнитет ќе тргнат повеќе модерни, самосвесни и еманципирани жени на македонската поезија.

Таа, македонската Силвија Плат, амазонката на македонската современа поезија, и најхрабрите по неа се изборија за рамноправно создавање на жената во најсуптилната сфера во уметноста – поезијата, дарувајќи ни возвишени плодови на поетското создавање, збогатувајќи ја комуникацијата меѓу двата пола и облагородувајќи го светот во нас и околу нас. Затоа, мораме да признаеме, сакале или не, дека во тоа време преполно со табуа, нејзината појава и творечка енергија преточена во стихови, претставува авангарда во вистинска смисла на зборот.

Промотори на „Лебедовата песна на заробеничката на ветрот“ и „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се!“ на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов се проф. д-р Васил Тоциновски и проф. д-р Александар Прокопиев. Модератор ќе биде Анета Трпевска, спикерка на Македонското радио – Радио Скопје, а стиховите на Даница Ручигај ќе ги интерпретира Искра Чоловиќ. За музичкиот дел, пак, се задолжени Александар Прокопиев, Сашо Гигов – Гиш и Јаков Дренковски, аудиодизајнот е на Бесим Кека, тон-мајстор на Македонското радио и еден од бардовите на македонското аудиоснимање, видеомонтажата на Софија Макриевска, а техничката поддршка е на Зоран Јовановиќ.

Во рамките на книжевната вечер ќе бидат прикажани и документарните филмови посветени на Даница Ручигај „Поетот живее и по смртта“ (1993) и „Соновите не заспиваат“ (2016) на новинарите на Македонската телевизија Соња Драгољуб-Гиздавиќ и Катица Трајковска-Абјаниќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија13 часа

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија15 часа

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија15 часа

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија16 часа

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија17 часа

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет18 часа

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет19 часа

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион1 ден

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет1 ден

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет1 ден

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ1 ден

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ1 ден

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија2 дена

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија2 дена

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија2 дена

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија2 дена

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ2 дена

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија2 дена

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...