Контакт

Daily news

За што им се суди на најхрабрите новинари во Турција?

Објавено пред

Судскиот процес против 17 вработени во турскиот весник „Џумхуриет“, кој почна денес, се води по обвинението за наводна поддршка на „терористички организации“ – движењето на Фетула Ѓулен и забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Казните би можеле да бидат драстични. На вработените во весникот „Џумхуриет“, кои од денеска се пред суд, им се закануваат казни затвор во висина од 7,5 до 43 години. За што? Тоа е познато само делумно. Конкретни обвиненија, како на пример во каква форма била давана поддршка, не се наведуваат.

dobivaj vesti na viber

Врз основа на случајот на Ахмет Шик, може да се насети врз што обвинителството ги заснова своите обвиненија. Овој истражувачки новинар беше уапсен на крајот на декември 2016 година. Обвинителството тоа го образложи, меѓу другото, со Твитер-пораки испратени од Шик. Според Анадолу, овие пораки имале намера „да им наштетат на имиџот на Турција, нејзините правни институции и нејзините воени и безбедносни организации“.

Притоа, Ахмед Шик главно поставуваше прашања и укажуваше на контроверзи во владината пропаганда. Во некои од твитовите, на пример, се осврна на случајот на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов. Карлов веше застрелан на 19 декември 2016 година од страна на џихадистички мотивиран експолицаец. Според владата, тој бил приврзаник на движењето на Ѓулен. Шик на Твитер постави прашање како тогаш може да се објасни фактот дека атентаторот бил полицаец. Ахмет Шик е затворен затоа што поставуваше прашања и укажуваше на контроверзите во пропагандата на власта.

Шик се осврна и на апсењето на актерот, режисер и политичар Сири Суреја Ондер. Тој беше пратеник од редовите на опозициската прокурдска партија ХДП. Заедно со поранешниот вицепремиер на Турција, Јалчин Акдоган, тој објави соопштение за можно решение на курдскиот конфликт. Потоа беше уапсен под обвинение дека поддржува терористичка организација. Заклучокот на Шик за овој случај гласеше: „Ако делото на Суреја се третира како кривично, не треба ли да има повеќемина осомничени, почнувајќи од оние кои седат во претседателската палата?“

Шик веќе има поминато една година во затвор, во периодот 2011/2012 година. Негова грешка тогаш била што го критикувал влијанието на движењето Ѓулен во државниот апарат – токму онака како што тоа денес го прави Ердоган. Само што тогаш Ердоган и Ѓулен сѐ уште биле добри пријатели.

Во актуелниот судски процес обвинети се, меѓу другите, главниот уредник на „Џумхуриет“, Мурат Сабунчу, како и неговиот претходник Џан Дундар, кој во моментов живее во егзил во Германија. Во обвинението се вели дека линијата на Џумхуриет „радикално“ се променила откако Дундар станал главен уредник. Оттогаш, наводно, весникот следи цели на „терористички организации“.

Дундар веќе е осуден во друг процес на пет години и десет месеци затвор. Таа пресуда сѐ уште не е правосилна. Дундар и дописникот на весникот Ердем Ѓул беа обвинети за наводно објавување државна тајна. „Џумхуриет“ во мај 2015 година објави слики што прикажуваат претрес на повеќе камиони кои биле на пат од Турција кон Сирија. Во камионите, зад хуманитарната помош имало скриена воена опрема, која, најверојатно, требало да ѝ биде доставена на сириската опозиција. Владата претходно негираше дека со конвојот се пренесува оружје. Фотографиите го докажаа спротивното. „Ова е оружјето за кое Ердоган тврди дека не егзистира“, објави „Џумхуриет“.

„Весникот ‘Џумхуриет’ е симбол за храбриот ангажман на малкуте преостанати независни медиуми во Турција. Пресудата би претставувала разорен сигнал и срам за турското рпавосудство“, оцени Кристијан Мир, раководител на германската секција на организацијата „Репортери без граници“. На годишната листа на слобода на печатот, Турција се наоѓа на 151. од вкупно 180 места.

„Џумхуриет“ во септември 2016 година ја доби Алтернативната Нобелова награда за „своето бестрашно истражувачко новинарство и безусловната определба за слобода на мислење наспроти сета цензура, потиснување, затвор и закани со убиство“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија21 минута

Се зголемува цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија24 минути

Мицкоски ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Собранието ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик...

Економија31 минута

Објавени повици за самовработување, за млади до 29 години грант до 10.000 евра, а за невработени над 29 години грант до 7.000 евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Селајдин Белули,...

Македонија40 минути

(Видео) Скандал е да се прави журка додека Македонија се уште тагува, скандал е да се пали пиротехника, која што е забранета, велат од СДММ

„Социјалдемократската младина на Македонија со згрозеност реагира на скандалозната и срамна прослава на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Додека родителите и семејствата...

Македонија1 час

Ослободителна пресуда за струшкиот градоначалник, Мерко законски го набавил луксузното „ауди“

Основниот суд во Струга го ослободи градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој беше обвинет за незаконска набавка на луксузното службено...

Македонија3 часа

„Човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Ахмети, денес ќе се изгласа за министер за здравство“, велат од АА

„Азир Алиу, човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Али Ахмети, прв и главен човек кој ја...

Македонија4 часа

„Влен“: Носиме промени со имиња што го прават секој граѓанин горд

„Во време кога на земјата ѝ се потребни професионализам, посветеност и вистинскo претставување повеќе од кога било, „Влен“ го презема...

Македонија5 часа

Влада: Tелефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација

Од денес телефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција, извести Владата. „Преку...

Македонија5 часа

Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански „Пулс“

Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за...

Свет5 часа

(Видео) Гувернерот на Калифорнија: Ќе го тужам Трамп за распоредувањето на Националната гарда

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вели дека ќе го тужи Доналд Трамп за распоредување на трупи на Националната гарда во...

Свет6 часа

(Видео) Израелската армија упадна во бродот на Грета Тунберг

Израелските сили пресретнаа брод со хуманитарна помош што пловел кон Газа, на кој биле активистката за климатски промени Грета Тунберг,...

Европа7 часа

(Видео) Жестоки руски напади во западна Украина, Полска ги подигна воените авиони

Полските и сојузничките авиони беа активирани рано утрово за да ја обезбедат безбедноста на полскиот воздушен простор откако Русија започна...

Свет8 часа

(Видео) Немири во Лос Анџелес, судири меѓу полицијата и демонстрантите, запалени автомобили

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на 2.000 војници од Националната гарда во Лос Анџелес за смирување на немирите по...

Македонија16 часа

(Фото+видео) Мицкоски: Извесно е дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе победат, има шанси СДСМ да остане без ниту една општина

Следните избори, и локалните, но и следните парламентарни, две основни работи ќе бидат важни – првата ќе биде борбата против...

Македонија22 часа

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство утре пред пратениците, Владата од него очекува макотрпна работа и посветеност

Собранието утре треба да го разгледа владиниот предлог Азир Алиу да биде министер за здравство. Во биографијата пишува дека Алиу...

Македонија23 часа

(Видео) Митева: Одморалиштето Пониква се става на располагање за рехабилитација на повредените од Кочани

Владата во текот на следната недела ќе донесе одлука со која одморалиштето Пониква, кое е во сопственост на Министерството за...

Македонија24 часа

(Видео) Петрушевски: 9 милиони евра завршиле во фирма на Заев од Бугарија блиска до Филипче за ископ на јаглен во време на СДС

Огромни суми на пари, кои се бројат во десетици милиони евра, од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Масовна и груба партизација, објавуваме список за 50 партиски вработувања во РЕК Осломеј

Владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведува масовна, бртутална партизација на институциите преку нова серија вработувања со партиски списоци, рече денеска на прес-конференција,...

Македонија1 ден

(Видео) Аврамовски: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува јавен повик до општините ширум државата: да престанат со расфрлање на јавните средства за еднодневни настани...

Свет1 ден

(Видео) Силен украински напад врз Москва: гори фабрика, затворени се аеродроми

Украинскиот напад со беспилотни летала врз Москва доведе до затворање на два клучни аеродроми што го опслужуваат главниот град, соопштија...