Контакт

Daily news

„Меѓаши“ згрозени од коментарите полни со омраза за религиозните практики во градинката „Пчела“

Објавено пред

Поттикнати од бројните реакции во медиумите и на социјалните мрежи, во врска со сликите од децата кои го посетуваат едукативниот центар „Bleta“ (,,Пчела”) во Чаир, објавени на фејбук страницата, како вршат ритуални обичаи карактеристични за исламот, притоа имајќи предвид дека се работи за деца, огорчени сме од различните коментари по социјалните мрежи кои се основаат на предрасуди и стереотипи полни со гнев и омраза кон децата – велат од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

dobivaj vesti na viber

Според информациите кои неофицијално ги добивме станува збор за здружение на граѓани ,,Bleta” кое во рамките на своите активности има Едукативен центар за деца од предучилишна возраст и во чии рамки меѓудругото спроведува верски ритуали. Децата кои го посетуваат центарот се деца на родители кои практикуваат ислам. Родителите самоволно и по свое лично убедување ги праќале децата во тој центар и имале сознание дека тука освен друго се учат и основните верски одредби. Всушност тоа било и причината поради која тие ги запишале децата во таа ,,градинка”. Родителите знаеле каде ги пуштаат децата, тие се дел од тоа здружение и сакаат децата покрај другото да ги научат и верските практики

Според член 14 од Конвенцијата за правата на детето – Слобода на мислење, совест и вероисповед:

  1. Државите членки го почитуваат правото на детето за слобода на мислење, совест и вероисповед.
  2. Државите членки ги почитуваат правата и должностите на родителите, и, ако е таков случајот, на законските старатели да го насочуваат детето во остварувањето на неговото право на начин кој е во согласност со развојот на неговите способности.
  3. Слободата на манифестирањето на вероисповедта или на убедувањето може да потпаѓа само под оние ограничувања што се пропишани со закон и што се неопходни поради заштита на јавноста, сигурноста, редот, здравјето или моралот или основните права и слободи на другите.

Во членот 18 од Конвенцијата за правата на детето меѓудругото се вели дека за се што се презема за детето и во негов интерес, одговорноста ја имаат родителите.

член 18

  1. Државите членки ќе ги вложат сите напори за да се уважи принципот двајцата одители да имаат заедничка одговорност во подигањето и во развојот на детето. Родителите или, во зависност од случајот, законските старатели имаат главна одговорност за подигнувањето и за развојот на детето. Интересите на детето се нивна основна грижа.
  2. Поради гарантирањето и унапредувањето на правата содржани во оваа Конвенција, државите членки на родителите и на законските старатели им пружаат соодветна помош при вршењето на должноста во воспитувањето на детето и обезбедувањето развој на институциите, објектите и службите за грижа на децата.
  3. Државите членки ги преземаат сите соодветни мерки за да обезбедат децата на вработените родители да ги користат услугите на детските установи и објекти.

 Универзална декларација за човекови права донесена во 1948 година предвидува дека  сите родители имаат право да го изберат образованието кое ќе го добијат нивните деца. Декларацијата за елиминација на сите форми на нетолеранција и дискриминација врз основа на религија или уверување од 1981 година во член 5 предвидува дека родителите или старателите на детето имаат право да го организираат семејниот живот во согласност со нивната религија или уверување имајќи го предвид морално воспитување/обтразование на детето во кое тие веруваат дека детето треба да биде воспитано.

Верското образование, верските обреди, крстења, првата причест и сите религиски теми се работа на семејството а не на државата. Децата кога ќе станат полнолетни сами ќе одлучат дали ќе продолжат да веруваат на ист начин, ќе одберат ли некоја друга вера или ќе бидат атеисти или агностици. Тоа спаѓа во приватната сфера а училиштата и градинките се јавни установи.

Детските градинки се јавни установи и сите кои работат во градинките мора да се придржуваат на позитивните прописи на Република Македонија со кои се гарантира заштитата на детските права и најдобриот интерес на детето и неговиот развој во духот на прифаќање, споделување, примање како и други вредности во духот на мултиконфесионализам.

Во напредните демократски земји верските активности во воспитно-образовните институции, а меѓу нив и градинките, спаѓаат во корпусот на човековите слободи и основни човекови права.

И кога во Република Македонија би се вовеле вакви верски програми во градинките никако тоа не би требало да биде без согласност на родителите. Од друга страна кога би се донеле такви програми многу е важно и прашањето како тие ќе се спроведуваат. Да не се случи истото што и пред некоја година во основното образование кога веронауката доведе до верски поделби меѓу децата. Можеби затоа е добро да се користат искуствата од овие пракси во земјите кои се поблиску до нас, на пр. Хрватска каде се јавија многу проблеми во спроведувањето на верското воспитување во градинките. Многу од родителите тоа го сметаа за агресивна верска индоктринација и предлагаа посебни верски градинки за оние родители кои сакаат нивните деца да примаат верско образование.

На крајот, но не помалку важно, апелираме до пошироката јавност, родителите, старателите, да ги заштитат децата од секаков тип ширење етничка, верска, национална, расна и други типови омраза. Сметаме дека е неопходно државата да направи регистри за сите дневни и едукативни центри во рамките на граѓанските здруженија и да обебеди следење на програмите на истите – се вели во реакцијата од тимот на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа30 минути

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија4 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа4 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет5 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет5 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија5 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија7 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија9 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија10 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија10 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија10 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија11 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија14 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ15 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет15 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет16 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет16 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет16 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија1 ден

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....