Daily news
ВМРО-ДПМНЕ Куманово: Дамјановски да каже што има направено за градот
Основна обврска на секоја одговорна власт во секоја одговорна држава треба да биде отчетот. Параметар за тоа како се спроведуваат проектите, сервисирање на обврските и услугите кон граѓаните. Одговорност за тоа каде, како и колку се трошат народните пари, изјави Срѓан Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека СДСМ и Дамјановски не користат параметри како отчетност, одговорност и транспарентност и според тоа спаѓааат во категоријата неодговорна власт и несериозна политичка партија.
„Дамјановски и СДС во Куманово 12 години се на власт и за целиот тој период на нивното владеење не се оправдаа пред граѓаните каде и како се трошат народните пари, што е направено со нив, а во што допрва ќе се инвестира. Дамјановски не излезе со отчет и не кажа кои проекти ги има направено од програмата, на кој проект најмногу се гордее и од кој проект граѓаните имаат најмногу корист.
Градоначалникот е недоследен на ветувањата и на сите проекти и приоритети што ги ветува со години. Правдањето дека нема доволно средства не е точно. За 12 години владеење СДС и Дамјановски потрошија буџет од 15 милијарди денари, народни пари што ги трошат во скапи ресторани, одмори со службени возила и слично. Доколку беа малку одговорни и принципиелни, ќе реализираа нешто од програмата и ќе им останеше и за нови непредвидени проекти. Градот стагнира и назадува од секој аспект. Граѓаните гневни веќе прашуваат каде одат нивните пари кога не гледаат ништо ново да се гради во Куманово.
Колегите на Дамјановски од другите градови имаат годишни отчети на стотици страници реализирани капитални проекти во нивните општини. За жал, тоа во Куманово не е пракса. Причината е јасна. Од корумптивните кадри што ги има СДС и Дамјановски немаат со што позитивно да излезат и да се пофалат.
Ветувањата останаа само на хартија, а парите на граѓаните само на кафеански фактури за Општината и јавните претријатија. Дамјановски и СДС се цела вечност на власт, мора да ја понесат одговорноста за тоа што градот тоне и стагнира од секој аспект.
Го повикуваме Дамјановски да излезе во неговото продолжение на мандатот и да им каже на граѓаните на Куманово што има направено за градот и до кога мисли да држи над 100.000 граѓани на Куманово во заложништво“, изјави Срѓан Ивановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.