Контакт

Daily news

На 1 август потпишување, на 2 заедничко славење

Објавено пред

Договорот што ќе биде потпишан меѓу премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август ќе биде почеток на дводневното заедничко прославување на Македонија и Бугарија бидејќи Владата подготвува програма на заеднички активности на 2 август, која сè уште не е финализирана и во која ќе учествува бугарската делегација.

dobivaj vesti na viber

Објавувајќи го договорот, како што бараше опозицијата и претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Заев оцени дека тој ќе ја приближи Македонија кон ЕУ и НАТО, а зголемувањето на економската и трговската соработка со оваа земја ќе отвори повеќе работни места и ќе го запре одливот на луѓе од нашата држава. Притоа, Заев нагласи дека овој договор, како и сите меѓународни договори, повлекува права и обврски и може да биде раскинат во секое време, додавајќи дека тој лично се надева оти тоа никогаш нема да се случи.

Заедничката историја, што толку возбуди некои кругови во Македонија, според премиерот,  ќе биде „историја што обединува и која никогаш повеќе нема да разделува“.

На новинарска забелешка дека договорот има обврски само за Македонија и е асиметричен, премиерот одговори дека во сите членови има обврски за двете страни, освен таму каде што Македонија се обврзува да не се меша за правата на нашето малцинство во Бугарија што, пак, е ублажено со претходната точка каде што стои дека има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани таму.

Она што е ново е дека во уводниот дел на договорот има дел во кој индиректно се признава постоењето на македонскиот народ, нешто што досега како отстапка не е добиено од Бугарија. Имено, во него стои:  „Имајќи ја предвид заедничката историја, која ги поврзува двете држави и нивните народи…“

На прес-конференцијата Заев нагласи дека договорот е во согласност со националните интереси на Македонија и го нарече голем чекор.

„Договорот е одраз на новиот дух на политики од генерација политичари на денешнината кои градат мостови, а не рушат, кои подаваат раце за да ги сплотуваат граѓаните, а не вртат грб за да ги делат. И јас како премиер и новата Влада сме цврсто решени да водиме политики што решаваат проблеми, а не создаваат и не бегаат од нив.

Овој договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и  Бугарија го усогласивме затоа што од другата страна имаме пријател и сосед со добра волја да затвориме прашање што непотребно одвлекува внимание и енергија наместо да ги насочува кон интересите на граѓаните на двете земји и нивните народи“, рече Заев.

Со потпишувањето на договорот ќе се финализира процесот што почна во 2009 година, од кога се одржани десет заеднички состаноци на комисиите на Македонија и Бугарија. Генерално, со договорот Бугарија се обврзува дека нема да ѝ стави вето на Македонија за влез во ЕУ и НАТО. Двете земји ќе формираат заедничка мултидисциплинарна комисија за историја и за образовни прашања, која ќе даде толкување на историските настани што ќе се засноваат на историски извори и за својата работа ќе поднесува извештај еднаш годишно пред владите на двете земји.

Со согласност на двете страни ќе се организираат чествувања на историски настани и личности. Ниту една од страните нема да поттикнува и поддржува дејства насочени против другата земја што имаат непријателски карактер и нема да пројавуваат територијални претензии една кон друга. Двете земји ќе формираат меѓувладина комисија која еднаш годишно ќе организира средби, со напомена дека договорот што се потпишува може да биде изменет и дури и да биде  целосно повлечен ако една од земјите го побара тоа.

Договорот ќе биде потпишан на официјалниот јазик, т.е. македонскиот, во согласност со Уставот на РМ, што е формулата што ја промовира поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, и со неа го реши јазичниот проблем во тогашната декларација за пријателство и соработка на двете земји.

Ова е договорот што ќе го потпишат Борисов и Заев:

ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

Република Македонија и Република Бугарија (нарекувани во понатамошниот текст заеднички „Договорни страни“),

Поаѓајќи од заедничкиот стремеж за понатамошен развој на добрососедството, пријателството и соработката меѓу двете држави,

Длабоко убедени во потребата од развој на соработката врз основа на меѓусебното почитување, доверба, разбирање, добрососедство и заемно почитување на интересите на нивните држави,

Верувајќи дека сеопфатниот развој и продлабочување на пријателските добрососедски односи меѓу нив одговара на интересите на народите на Република Македонија и Република Бугарија,

Убедени во неопходноста од зајакнување на безбедноста и мирот, соработката и довербата во Југоисточна Европа,

Поздравувајќи го стремежот на Република Македонија за интеграција во европските и евроатлантските структури,

Верувајќи дека конструктивниот дијалог за сите аспекти на билатералните односи, како и за регионални и меѓународни прашања, ќе придонесе за понатамошен развој на врските меѓу двете држави на рамноправна основа,

Потврдувајќи го фундаменталното значење на Заедничката декларација од 22 февруари 1999 г. во односите меѓу двете држави,

Имајќи ја предвид заедничката историја, која ги поврзува двете држави и нивните народи,

Почитувајќи ги принципите на Повелбата на Обединетите нации и документите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, како и демократските принципи содржани во актите на Советот на Европа,

Се договорија за следново:

Член 1

Двете Договорни страни ќе развиваат сестрани односи помеѓу себе во согласност со основните принципи на меѓународното право и добрососедството.

Член 2

1. Двете Договорни страни ќе соработуваат во рамките на Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Советот на Европа и други меѓународни организации и форуми.

2. Двете Договорни страни ќе ја развиваат соработката помеѓу себе во областа на европската и евроатлантската интеграција, насочена кон успешна подготовка на Република Македонија за нејзиното пристапување кон Европската Унија и НАТО. Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО.

Член 3

Двете Договорни страни ќе помагаат за развој на соработката меѓу државите од Југоисточна Европа, за зајакнување на разбирањето, мирот и стабилноста во регионот и при реализацијата на регионални проекти, како дел од процесот за создавање на единствена Европа.

Член 4

1.Двете Договорни страни ќе одржуваат контакти и ќе остваруваат средби меѓу претставници на органите на државната власт на различни нивоа за развој на пријателските односи и соработката.

2.Двете Договорни страни ќе помагаат за одржување на контактите меѓу локалните власти и граѓаните на двете Договорни страни.

Член 5

Имајќи ја предвид нивната географска блискост, двете Договорни страни ќе се стремат да создаваат неопходни правни, економски, финансиски и трговски услови за обезбедување на најшироко можно движење на стоки, услуги и капитал. Тие ќе ги поттикнуваат заедничките инвестиции и ќе обезбедат нивна заштита.

Член 6

Двете Договорни страни ќе го поддржуваат зголемувањето на туристичката размена, како и развојот на соодветни форми на соработка во областа на туризмот.

Член 7

1.Двете Договорни страни ќе ги прошируваат и усовршуваат транспортните врски и комуникациите меѓу нив, вклучително во рамките на регионалните инфраструктурни проекти.

2.Двете Договорни страни ќе се стремат кон олеснување на царинските и граничните формалности за патниците и стоките, кои се движат меѓу нив.

Член 8

1.Двете Договорни страни ќе ја поттикнуваат активната и непречена соработка во областа на културата, образованието, здравството, социјалната грижа и спортот.

2.Во рок најдоцна до три месеци од влегувањето во сила на овој договор, со цел продлабочување на заемната доверба, двете Договорни страни ќе формираат Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на Договорните страни.

3.Двете Договорни страни ќе организираат со заемна согласност заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности.

Член 9

Двете Договорни страни ќе прават напори за слободно распространување на информации, преку поттикнување и развивање на соработката во областа на средствата за јавно информирање со искористување на можностите на современите информативни средства. Тие ќе се ангажираат во заштитата на авторските и интелектуалните права на творците од двете земји.

Член 10

Двете Договорни страни ќе ја унапредуваат соработката во правната и конзуларната област и поконкретно во областа на граѓанските, казнените и административните прашања, како и за решавање на хуманитарните и социјалните проблеми на нивните граѓани.

Член 11

1.Ниту една од Договорните страни нема да презема, поттикнува и поддржува дејствија, насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер.

2.Ниту една од Договорните страни нема да дозволи нејзината територија да биде искористена против другата од организации и групи, кои имаат за цел извршување на субверзивни, сепаратистички дејствија и дејствија кои се закана за мирот и безбедноста на другата Договорна страна.

3.Двете Договорни страни немаат и нема да пројавуваат територијални претензии една спрема друга.

4.Секоја од Договорните страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани, на територијата на другата Договорна страна, во согласност со меѓународното право.

5.Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија.

6.Двете Договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетиле на нивните односи.

Член 12

1.Во рок од три месеци од влегувањето во сила на овој Договор, двете Договорни страни ќе основаат Заедничка меѓувладина комисија. Комисијата се копретседава од Министрите за надворешни работи на двете Договорни страни и вклучува високи официјални претставници на двете Договорни страни.

2.Заедничката меѓувладина комисија ќе одржува редовни средби еднаш годишно, со цел преглед на ефективната примена на овој Договор, примена на мерки за подобрување на билатералната соработка, како и решавање на прашања, кои се појавиле за време на исполнувањето на Договорот. Секоја од Договорните страни може, по потреба, да предложи организирање на дополнителни средби на Заедничката меѓувладина комисија.

Член 13

1.Овој Договор подлежи на ратификација согласно уставните барања на Договорните страни. Овој Договор влегува во сила на датумот на размената на ратификационите инструменти на двете Договорни страни и останува во сила за неопределен временски период.

2.Овој Договор може да биде изменет со писмена согласност меѓу двете Договорни страни. Измените се договараат по дипломатски пат и влегуваат во сила во согласност со став 1 од овој член.

3.Секоја Договорна страна може да го раскине Договорот со испраќање на писмено известување до другата Договорна страна. Договорот ќе престане да биде во сила една година по датумот на приемот на ваквото известување.

Член 14

Овој Договор, на никаков начин, нема да биде толкуван така што ќе противречи на билатералните и мултилатералните договори, чии страни се Договорните страни.

Потпишан во два оригинални примероци, секој од нив на официјалните јазици на Договорните страни – македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија и бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија, при што и двата текста имаат еднаква важност.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

(Видео) Хаос во Србија: полицијата за раце и нозе влечеше луѓе кои ги блокираа автобусите за митингот на Вучиќ

Посериозен конфликт меѓу полицијата и граѓаните во Нови Пазар се случи откако студентите, според информациите од социјалните мрежи, го блокирале...

Регион1 час

Паралелни собири во Србија: студентите во Нови Пазар, власта во Белград

Во Србија денеска ќе се одржат два паралелни собири – еден во организација на студентите и друг во организација на...

Македонија2 часа

СДСМ: Кој ќе одговара за последниот смртен случај на Кардиохирургија?

СДСМ бара итна и целосна истрага за скандалот на Кардиохирургија и утврдување на одговорност за последниот смртен случај каде пациент...

Македонија2 часа

Министерот Муцунски денеска ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум (ADF2025), што се...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: За отвореното како пупка судство на Заев, младиот живот изгубен на пешачки од несовесен возач вреди две години, а за ќебапи пет години затвор

Седумгодишното владеење на СДС и ДУИ остави трајни последици во функционирањето на системот. Постепено и систематски тие ја уништуваа секоја...

Македонија4 часа

Времето денеска променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Според информациите од УХМР, ќе дува умерен, а долж Повардарието...

Македонија19 часа

Обвинителството бара да се продолжи притворот на осомничените за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани побара од Судот да се продолжи притворот за сите осомничени во истрагата за пожарот во дискотеката...

Македонија21 час

Седум пациенти денес се враќаат од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун

Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и...

Македонија21 час

Општина Ѓорче Петров до инвеститорот кој урна ѕид на соседна зграда: Веднаш да се прекине изградбата на објектот

Овластен градежен инспектор од Општина Ѓорче Петров извршил вонреден инспекциски надзор и увид на местото каде ѕид меѓу вториот и...

Македонија22 часа

Вработените во штипскиот затвор со поинаква верзија за дрогата, за полицијата и за кучката Цеца

Група вработени лица во штипскиот затвор реагираа со демант на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов,...

Македонија23 часа

(Видео) Апсења во фабрика за канабис, најдени сомнителни буриња

Извршени се претрес и вонредна контрола во фирма во Гостивар, која поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели. Фирмата...

Македонија24 часа

Обвинителите го прашуваат таткото на Вања зошто бил невработен и каков ученик бил: „Со Шекеринска бевме првенци на генерацијата“

Во судот денес сведочи Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој одговара на прашањата на обвинителите. Во испитувањето се осврнаа...

Македонија1 ден

„Пред велигденските празници ќе бидат достапни сите лекови за онколошките пациенти во количини за наредните 12 месеци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС повторно шири лаги и манипулации. СДС е препознатлив единствено по неговата навика да користи чувствителни теми за да го...

Македонија1 ден

Се бара одговорност за илјадниците примероци од Правописот што со години скапувале во несоодветни услови

По информациите дека повеќе од 2.600 примероци од Правописот на македонскиот јазик (второ издание, 2017 година) седум години се чувале...

Македонија1 ден

Алијансата го исклучи од партијата директорот на Геријатрија, кој барал мито за да смести неподвижно лице

Алијансата за Албанците го исклучи од партијата Мухсин Арифи, кој е осомничен дека зел мито за да смести неподвижно лице....

Македонија1 ден

Наместо оставки, членовите на Судскиот совет оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на млада девојка на пешачки, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Членовите на Судски совет со изгласана недоверба, наместо да поднесат оставки, оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на...

Македонија1 ден

(Видео) Мециновиќ: Кандидатите за Програмскиот совет на МРТ претендираат за трет мандат спротивно на законот

„Во член 118 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги се вели следното: мандатот на членовите на Програмскиот совет...

Македонија1 ден

Дел од онколошките пациенти повторно без лекови, СДСМ бара одговорност

Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Oколу еден месец нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало...

Македонија1 ден

Свлечиште во Битолско блокира пат

РЦУК Битола, известува дека поради настанатото свлечиште на патот што ги поврзува село Долно Дивјаци, Општина Крушево и село Кочишта...

Македонија1 ден

Потрагата по исчезнатото повозрасно лице од Степанци во Штипско продолжува

Исчезнатото повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16:20...