Контакт

Daily news

Заев: Голем чекор во интерес на македонскиот и бугарскиот народ

Објавено пред

Договорот со Бугарија е во согласност со националните интереси на Р. Македонија и е голем чекор кој одговара на интересите на народите и на двете земји, рече премиерот Зоран Заев по објавувањето на усогласениот текст на договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија, што ќе биде потпишан на 1 август во Скопје.
Договорот ќе биде потпишан на македонски и на бугарски јазик.

dobivaj vesti na viber

– Договорот е во согласност со националните интереси и е одраз на новиот дух на политичари кои градат мостови, а не ги уриваат. Како премиер и Влада сме цврсто решени да водиме политики кои решаваат, а не создаваат прооблеми. Договорот го усогласивме затоа што имаме сосед со добра волја за да затвориме прашања што ни ги одзедоа времето и енергијата – рече Заев.

Договорот е основа за патната и гасната инфрастктура, за унаредување на размената на стоки, услуги и капитал и дава силен импулс за Коридорот 8, за царински и гранични олеснувања и економска соработка меѓу бизнисмените. Заев потенцира дека со договорот двете земји застануваат заеднички против говорот на омраза и провокациите и се обврзуваат дека заедно ќе ја спречуваат евентуалната негативна кампања.

-Посебно за Р. Македонија е значајно дека Р. Бугарија два целосна поддршка за влез на земјава во НАТО и ЕУ без услови – истакна Заев.

Тој рече дека оваа влада преку овој договор само го финализира процесот од 2009 и очекува и опозицијата да учествува во заокружување на процесот и да даде поддршка за договорот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија3 часа

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ4 часа

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија7 часа

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија8 часа

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија8 часа

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет10 часа

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија12 часа

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија12 часа

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија12 часа

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...

Свет13 часа

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет13 часа

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од речиси 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...

Свет13 часа

Северна Кореја: Сојузниците на САД да го прекинат надзорот врз нас

Северна Кореја го осуди надзорот на земјата, наводно извршен од земјите сојузници на САД под изговор дека го следат спроведувањето...

Свет13 часа

Руското Министерство за одбрана: Соборени 16 украински проектили и 31 беспилотно летало

Руската воздушна одбрана уништи четири украински крстосувачки ракети „Олуја сенка“ над Крим и 12 ракети „Оља“ над Белгородската област, соопшти...

Свет13 часа

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите

Литванската Централна изборна комисија соопшти дека на вчерашните претседателски избори актуелниот претседател Гитанас Науседа освоил убедливо најмногу гласови, односно 44,54...

Свет13 часа

Најмалку 37 лица загинаа во поплавите Индонезија, 17 се водат исчезнати

Најмалку 37 лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата што минатиот викенд погодија три области...

Македонија1 ден

ДУИ велат дека Силјановска го прекршила Уставот, за „Влен“ тоа што заклетвата е потпишана со уставното име значи дека ја прифатила реалноста

Шефот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми рече дека претседателката, Гордана Силјановска Давкова, го прекршила Уставот при положувањето на...

Македонија1 ден

Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова

Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех...

Македонија1 ден

Грчкото МНР реагира на заклетвата на Силјановска: „Европскиот курс зависи од употребата на уставното име“

Грчкото Министерство за надворешни работи упати реакција по денешна заклетва во Собранието на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Од...

Топ1 ден

Две тинејџерки во Скопје тепале соученичка, а уште две снимале – таткото на нападнaтото девојче има видео

Насилство во близина на средно училиште во Центар. Две тинејџерки тепале соученичка, а уште две снимале со мобилен телефон. Ова...