Контакт

Daily news

Сонот го чува здравјето на мозокот

Објавено пред

Кога спиеме, мозочните клетки работат многу вредно на отстранување на отпадот што се собира додека сме будни.

dobivaj vesti na viber

Зошто ни е потребно спиењето? Научниците нашле можен одговор на ова старо прашање. А одговорот може да води кон нови третмани за невролошки нарушувања, како што се Алцхајмеровата или Паркинсоновата болест, објави „Гласот на Америка“.

Додека спиеме, нашиот мозок работи многу повеќе од обновување за следниот ден, судејќи според резултатите на истражувањето на Универзитетот „Рочестер“. Нашите мозоци може да бидат зафатени со плакнење на штетниот отпад.

Истражувачите проучувале мозок на глувци на кои им била вшприцувана флуоресцентна боја во цереброспиналната течност или ликвор. Еве што велат. Обрнете внимание на количината активност на сликата од левата страна. Тој глушец спие. Од десната страна е слика на мозок на глушец кој е буден. Неврологот Маикен Недергард ја предводеше студијата. Таа вели дека човечкиот мозок има две многу различни функции.

– Кога сме будни, мозочните клетки работат многу вредно за да ги обработат сите информации од нашето опкружување. Спротивно на тоа, кога спиеме, тие работат многу вредно на отстранување на отпадот што се собира додека сме будни.
Истражувачите наведуваат дека тој отпад вклучува токсини одговорни за Алцхајмеровата болест и други невролошки нарушувања. Тие исто така утврдиле дека во текот на спиењето мозочните клетки се намалуваат, што овозможува отпадот да се отстрани многу поедноставно.

Докторка Недергард вели дека тоа подоцна завршува во црниот дроб каде што конечно токсините се отстрануваат.

– Нашата студија навестува дека спиењето ни е потребно затоа што имаме микроскопски систем за пречистување и отстранување на отровниот отпад од мозокот.
Системот за прочистување на мозокот може да се проучува само со помош на нова технологија за снимање бидејќи при тестирање животни тие мора да бидат живи за да се следи тој процес. Доктор Недергард вели дека следниот степен е наоѓање на тој процес во човековиот мозок.

Резултатите од студијата ја потенцираат важноста на улогата што спиењето ја има кога сме здрави и болни, што можеби еден ден ќе доведе до третман за спречување или лекување на невролошките нарушувања.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет44 минути

Крипто пазарот доживеа историски пад, 1,4 милиони инвеститори во паника

Крипто пазарот доживеа историски пад во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе 100-процентни царини на кинескиот...

Македонија2 часа

Сиљановска Давкова по повод 11 Октомври: Да ја сочуваме визијата и храброста на оние што тргнаа во востанички марш

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи...

Македонија3 часа

Од утре гужви на границите со новиот систем за влези и излез, ги објавуваме сите детали за што сè треба да се подготват патниците

По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален...

Македонија4 часа

Осомничениот раководител во РЕК доби затворски притвор, куќниот е укинат поради можност за бегство

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик...

Македонија13 часа

(Видео) Шукова: План и решенија за Гази Баба да стане мотор на развој на Скопје

„Оваа општина има огромен потенцијал. Но наместо да биде мотор на развојот, стана илустрација за стагнација“ – порача Каја Шукова...

Спорт13 часа

Белгија удри во македонскиот ѕид – Фудбалерите освоија бод во Гент

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови во Гент, против Белгија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во САД,...

Македонија15 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски од уста не ме вади

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ѓорче Петров, рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан...

Македонија15 часа

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од народниот митинг одржан во општина Богданци, во рамки на изборната кампања 2025...

Македонија17 часа

Разрешен директорот на Клиниката за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски

Министерството за здравство информира дека министерот Азир Алиу денес донесе решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за...

Топ18 часа

Шест уапсени по вчерашната тепачка пред угостителски објект во Скопје

На 09/10.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од...

Македонија21 час

Застреланиот лекар Шаини ја брани сопругата: Ги отфрлам тврдењата дека зад ова стои госпоѓата Арјета Ајдини

Застреланиот лекар Зекирија Шаини ги отфрли како неосновани и невистинити тврдењата дека неговата сопруга Арјета Ајдини е вмешана во вооружениот...

Македонија23 часа

Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република...

Македонија23 часа

Поликлиника во Расадник со пари од унгарскиот кредит најавија Ѓорѓиевски и Стаменкоска-Трајкоска

По триесет години празни ветувања, поликлиниката во Расадник станува реалност, кажаа денес актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за...

Свет1 ден

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела. Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека таа ја...

Македонија1 ден

(Фото) Општина Центар испрати протестна нота до австриската амбасада поради паркирано возило во пешачка зона

Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на...

Регион1 ден

Русија ѝ се заблагодарува на Србија за донацијата од речиси 6 милиони долари: „Посебна симболика“

Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, Србија обезбедила „финансиска хуманитарна помош во вредност од 472 милиони рубли (околу...

Македонија1 ден

Филипче вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Криминалот на СДС и договорените тендери со компанијата Марковски излегоа дека се вистинити. Фирмата Марковски која во период од 2...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди Филипините, цунами се заканува и на Индонезија

Земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди јужните Филипини, соопшти Филипинската сеизмолошка агенција, издавајќи предупредување за цунами кое беше...

Свет1 ден

(Видео) Руски ракети и беспилотни летала го погодија Киев, гореше облакодер во центарот на градот

Масивни руски напади запалија облакодер во центарот на Киев и ги таргетираа енергетските објекти, соопштија официјални лица. Украинската министерка за...

Македонија2 дена

Судиите мора да судат според законот а не според партиски влијанија, време е за ресет на системот, порача Мицкоски

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Илинден, во рамки на изборната...