Контакт

Daily news

Владата за два месеца вработила 96 лица, претходната речиси 4.500 за еден ден

Објавено пред

Како што најави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ги објави податоците на сите вработени во јавната администрација откако на власт е коалицијата предводена од СДСМ. Според него, од 1 јуни годинава до денеска од страна на новата Влада се вработени 96 лица во сите институции. Од нив, 32 се посебни кабинетски советници на министрите, а 26 лица се ангажирани во Владата како советници на премиерот, кабинетски службеници на министрите без ресор и лица за односи со јавност.

dobivaj vesti na viber

– Во согласност со законот секој министер има право на три надворешни кабинетски советници и за сите лица што се ангажирани се објавени огласи. Не само што вработувањата се според законот туку сите министри го немаат докрај искористено правото што им следува според законот – рече Манчевски и додаде дека е нормално да се ангажираат нови лица за да се спроведе новата програма.

Воедно, тој нагласи дека од 1 јуни до 25 јули преку единиците на локалната самоуправа се вработени повеќе од 300 лица.

– Повеќето од општините се под контрола на најголемата опозициска партија и тоа покажува каква е фамата за нова партизација на администрацијата – рече Манчевски.

Истакна дека претходната влада во периодот од распишувањето на изборите на 17 октомври 2016 година до 31 мај годинава кога се формира новата Влада, вкупно ангажирала 7.708 лица, иако во согласност со Изборниот законик и договорот од Пржино не беа дозволени никакви вработувања и ангажирања лица.

Само на 17 октомври, на денот на распишувањето на изборите, биле ангажирани 4.473 лица, а другите 3.235 лица во деновите кога не постои никаква законска основа за вакви ангажмани. Од оваа бројка на 17 октомври биле ангажирани 2.313 лица со договор на дело, авторски договори или договори за волонтирање.

Најави детаљен извештај во кој ќе бидат презентирани податоците и истакна дека е во фаза на изработка функционална анализа, која очекува да биде готова до крајот на годинава, со која ќе се види вкупниот број ангажирани лица во јавната администрација и ќе се напрви реорганизација. Во согласност со препораките на премиерот Заев, некои од вработените во јавната администрција ќе се понудат на реалниот сектор во согласност со нивните потреби.

Податоците, како што кажа, од мај годинава покажуваат дека во јавната администрација се ангажирани 129.000 лица, но бројката не е конечна бидејќи во неа не се влезени вработените во акционерските друштва кои се во сопственост на Владата, како ЕЛЕМ, МЕПСО…

Најави дека ќе им биде решен статусот и на 1.600 лица што седат дома, а земаат плата.

– Ќе се изнајде решение и соодветен ангажман за сите. Никој нема да биде избркан од работа поради политичка припадност – посочи Манчевски.

Прашан за која намера во ребалансот на буџетот е предвидено зголемување на буџетот на МИОА од 311 на 440 милиони денари, Манчевски рече дека вишокот средства е наменет за укинување на радиодифузната такса и додаде дека технички преку буџетот на МИОА ќе се финансира работењето на МРТ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија10 часа

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија11 часа

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија12 часа

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...

Македонија13 часа

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија13 часа

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...

Топ14 часа

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...

Македонија14 часа

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот Љутков повторно против колективните договори

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните...

Македонија14 часа

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација...

Свет17 часа

Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи...

Европа18 часа

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,...

Свет18 часа

(Видео) Топлотен бран ја погоди Австралија, властите предупредуваат на „катастрофален“ ризик од пожари

Делови од Австралија в петок го очекуваат катастрофални услови на избувнување пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од...

Европа19 часа

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во...

Европа19 часа

(Видео) Руски независни медиуми: Путин го прослави Божиќ во тајна воена база

Рускиот претседател Владимир Путин очигледно не го прославил овогодинешниот православен Божиќ во една од познатите московски катедрали, туку во црква...

Македонија20 часа

Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан

Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга...

Свет20 часа

Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе купува само американски производи

Претседателот на САД, Доналд Трамп извести дека Венецуела ќе ги користи своите приходи од нафта за купување исклучиво американски производи....

Македонија1 ден

Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и...

Македонија1 ден

Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија

По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни...

Македонија1 ден

Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би...

Македонија2 дена

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за...