Контакт

Daily news

Филмски скандал со политички импликации: Каде завршија 4,6 милиони евра?

Објавено пред

„Макфакс“ истражува две години: Што се случи со проектот тежок 4,6 милиони евра? Пари за медиумска пропаганда на ВМРО одработена во Хрватска или серија за фабрикувана историја?

dobivaj vesti na viber

Додека скопскиот асфалт се топи на превисоките температури и секојдневно се создава нова историја, во филмските кругови се крева прав за најавата за почеток на снимањето на обемна серија што треба да опфати извесни епохи од досегашната македонска историја. Се бараат продукции што ќе бидат вклучени во снимањето, за кое носител на главната продукција е хрватскиот продуцент и режисер Винко Грубишиќ, кому македонската Агенција за филм пред две години му одобрила неверојатни 4,6 милиони евра за одработка на 130 епизоди од серија што ќе визуализира повеќе епохи од нашата историја.

Очевидци тврдат дека Грубишиќ често го посетувал Министерството за култура непосредно пред заминувањето на министерката Елизабета Канческа-Милевска.

„Речиси секојдневно доаѓаа во Министерството за култура заедно со директорката на Агенцијата за филм, Мими Ѓорѓоска-Илиевска, Грубишиќ и Милевска. Бевме изненадени зошто овој хрватски продуцент доаѓа во Скопје, а домашната филмска фела не знае многу за тоа“, ни рече македонски продуцент кој сака да остане анонимен.

Ова ни го потврдија и службеници во Министерството за култура, што биле сведоци на заедничките кафиња на оваа тројка.

Во обид да дознаеме нешто официјално за овој проект тежок неколку милиони, а во кој е вклучен човек за кого во Хрватска неговата фела докажуваше сериозни криминали,  ѝ се јавивме на директорката на заминување Илиевска. По неколкудневно инсистирање, таа одговори „средства за ова се одобрени, а не се исплатени“. Иако ни вети дека ќе имаме средба за подетални информации, таа  не се согласи на тоа.

Не одговори ниту какво сценарио пресудило да му се доверат милиони на Грубишиќ, ниту кој би бил режисер, ниту како е направен превид во протоколот на законите за филм кога треба да се снима серија.

Имено, за работа на серија е потребно да се сними пилот-епизода, а кога станува збор за содржина од историски карактер, таа мора да подлежи на рецензирање од историчари. Но, во изминатите години од оваа институција протокот на информации е нетранспарентен, освен кога се работи за афирмативни настани (успеси, награди, фестивали).

Стравот да се зборува јавно за ова, како и големата мистериозност во доверување информации нè наведе приказната подетално да ја истражиме и да се вратиме две години наназад кога е склучен овој договор, спорен во секој поглед.

 

Трагата води во Хрватска

Интернет-пребарувачот за името на Грубишиќ исфрла неколку написи во кои се пишува за македонската серија за која тој ги добил овие средства. Хрватски колеги ни рекоа дека, познавајќи ја работата на човекот познат како голем пропагандист и ПР-човек на десничарската ХДЗ од времето на Фрањо Туѓман, не е изненадувачки ако овие средства ги добил за иста цел од нашата десница“.

„Грубишиќ е контроверзен човек, кој има големо влијание во медиумите во Хрватска. Можно е да одработил медиумска пропаганда, за која ни е познато дека наплатува многу, а исто така има медиуми расположени да ги зголемат сметките“, ни рече колега од Хрватска од еден влијателен загрепски неделник.

Пребарувавме и во медиумите и, изненадувачки, токму во овој период извесни хрватски медиуми пишуваат значајни написи за политиките на тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ, како и за претседателот Ѓорге Иванов.

Хрватски „Национал“ ( на 15.3.2016) пишува, „Грубишиќ допатувал од Македонија во нивната редакција за да ја демантира веста дека е поврзан со 4,6 милиони евра и дека зад таа информација стои Хрвоје Хрибар, претседател на хрватскиот аудиовизуелен центар, човек кој во континуитет зборуваше за криминалите во филмската дејност во Хрватска каде што често се спомнуваше името на Грубишиќ“.

Но, зачудувачки, во Македонија повиканите не ја демантираа оваа вест.

 

Кој е Винко Грубишиќ, познат како ПР и медиумски гуру на ХДЗ?

Името Туџманов пропагандист го добил во 1991 година кога тогаш, на 25 години, како основач на ОТВ и член на „Лоши деца“ од Радиото 101, станал помошник на Министерството за информации, подоцна водач на кампањата на ХДЗ, водач на Одделот за информирање и советник на тогашниот претседател Фрањо Туѓман. По завршување на војната, Грубишиќ ја основа ТВ НОВА и под спорни околности добива доминантен удел во акциите на националната филмска куќа „Јадран филм“ по нејзината приватизација. Во 2001 е вплеткан во извесна афера за постигнување контрола врз хрватските медиуми. Иако имало цврсти докази за ова, никогаш не е подигната тужба за овој случај.

Во последните години тој се посветува на „Јадран филм“ очекувајќи од пропаднатата продукција да направи влијателен произведувач на филмови и ТВ-серии.

За неколку филмски наслови се обидува да влезе во копродукција со кинески продуценти (за римејк на „Валтер го брани Сараево“) и најавува реализација на серија по познатиот роман „Гричка вјештица“ по делото на Марија Јуриќ Загорка. Сепак, неколкупати е предупреден дека поради големите долгови, „Јадран филм“ ќе мора да оди во стечај.

Сепак, сите спорни информации тој ги демантира повикувајќи се на тоа дека станува збор за реваншизам од страна на Хрвоје Хрибар и некои луѓе од професионалната филмска фела во Хрватска, која изминативе години се обидува да ги докаже криминалите и да ја заздрави дејноста.

По логика на нештата и извесни дојави, и зад политиките на македонската ТВ „Нова“, која исто така ги поддржуваше политиките на нашата десница, стои ова име, а сопственикот на македонската ТВ „Нова“, Сеат Кочан, е моментно под сериозни обвиненија на СЈО.

 

Проектот договорен зад затворени врати

Како многу филмски проекти во најава, во кои требаше да се толкува македонската историја (најави за снимање филм за цар Самуил), така и за овој одлучувале комисии во Агенцијата за филм.

Додека ги очекуваме официјалните информации побарани како соопштение од јавен карактер, дознавме дека на директорката биографиите на тие што конкурираат пред Агенцијата не ѝ се важни.

Слично беше кога таа одлучуваше за вториот кандидат за фестивалот „Браќа Манаки“, иако оваа апликација беше правно неоснована и, уште повеќе, зад неа стоеше човек што исто така е под лупа на законот.

Извори за „Макфакс“, кои сакаат да останат анонимни, велат дека промената на директорите во Агенцијата за филм, што се случи на 4.11.2015 година, кога на местото на Дарко Башевски дојде Илиевска, е направена токму поради тоа што Башевски не сакал да го потпише проектот за оваа серија.

За да се поткрепи некако овој во секој поглед сомнителен проект, лани се направени законски измени во Агенцијата за филм, со што се либерализира начинот на поддршка на Агенцијата за филм за играни и за ТВ-серии.

Неодамна, во редакцијата добивме информација дека Грубишиќ имал средба и со новиот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, но тој ни рече „не е точно“, и немаше никаков коментар за овој случај.

Се бара македонска продукција што набрзина ќе ги одработи парите.

Како што се зборува во кругот на филмаџиите, деновиве се контактираат продукции што би почнале со снимање на серијата кон средината на август. Наводно, потребни се две за работата тематски да биде поделена со оглед на историската содржина.

Контактиравме и дел од продукциите со кои наводно ќе има обид да се снимат епизоди што ќе ја оправдаат оваа серија, но некои од нив негираат, а други не се достапни за новинарите.

Во меѓувреме кадровската промена е во тек и во моментот оваа институција практично остава простор за изземање документација што би ги покрила или оправдала сомнежите за оваа милионска приказна.

Се навестува дека има обиди дел од документацијата да исчезне.

Министерството за култура пред неколку дена поднесе барање до Државната комисија за ревизија, што ќе треба да ги чешла сите институции во културата каде што постои сомнение дека се правени штетни договори.

Во очекување официјални искази кои единствено може да ја спласнат правта крената како галопирањето на македонските коњаници во некој филмски историски спектакл, можеме само да насетуваме во која насока ќе се доработи ова мистериозно сценарио.

А. Василевска

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија9 часа

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија11 часа

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија12 часа

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...

Македонија12 часа

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија13 часа

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...

Топ13 часа

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...

Македонија13 часа

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот Љутков повторно против колективните договори

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните...

Македонија14 часа

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација...

Свет17 часа

Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи...

Европа17 часа

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,...

Свет18 часа

(Видео) Топлотен бран ја погоди Австралија, властите предупредуваат на „катастрофален“ ризик од пожари

Делови од Австралија в петок го очекуваат катастрофални услови на избувнување пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од...

Европа19 часа

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во...

Европа19 часа

(Видео) Руски независни медиуми: Путин го прослави Божиќ во тајна воена база

Рускиот претседател Владимир Путин очигледно не го прославил овогодинешниот православен Божиќ во една од познатите московски катедрали, туку во црква...

Македонија19 часа

Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан

Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга...

Свет19 часа

Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе купува само американски производи

Претседателот на САД, Доналд Трамп извести дека Венецуела ќе ги користи своите приходи од нафта за купување исклучиво американски производи....

Македонија1 ден

Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и...

Македонија1 ден

Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија

По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни...

Македонија1 ден

Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би...

Македонија2 дена

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за...