Daily news
ВМРО-ДПМНЕ се заканува: Ако уривате споменици, ќе одговарате
ВМРО-ДПМНЕ реагира на потезите на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, нарекувајќи го неговото новоформирано тело за испитување на проектот Скопје 2014 „совет за лечење фрустрации“. Од оваа партија се закануваат дека ќе одговараат тие што ќе уриваат споменици.
„Варваризмот и неспособноста стануваат основни одлики на т.н. културни работници на СДС. Наместо да унапредуваат – уназадуваат. Наместо да создаваат – рушат. Наместо да го ценат квалитетот – спроведуваат партиски чистки. Бркаат од работа успешни професионалци и вработуваат од чистачка до директор луѓе со членска на СДС како втора лична карта.
Таков е и новиот совет за култура на министерот, Роберт Алаѓозовски, во кој членуваат познати деструктивци од СДС, сејачи на омраза и поделби, луѓе што активно работат на уништување на историјата и културното наследство на Македонија.
„Советот за лечење фрустрации“ на Роберт Алаѓозовски е сочинет од луѓе како Ѓунер Исмаил, Мирослав Грчев и Владе Милчин, а повеќето од нив јавно говореле дека ќе го рушат проектот „Скопје 2014“, ќе рушат споменици, ќе ги минираат, ќе ги топат и од нив ќе прават суровина за металуршката индустрија.
Ова не се зборови на осуден криминалец или бомбаш, ова се зборови на првиот човек на „советот за лечење фрустрации“ на Алаѓозовски.
Цитирам: „Ќе ги минираме, ќе ги стопиме, ќе ги уништиме“ вели Ѓунер Исмаил и продолжува: „оној воин, сосе мајка му, сосе татко му, Никола Карев и целата булумента која служи за потсмев. Во СДСМ се дискутира безмилосно и радикално“.
Господа советници, ви препорачуваме вашите фрустрации и радикалност да ги канализирате во вашиот дом или во соодветна институција, која не е совет за културата. Без оглед на познатиот однос на СДС кон историјата и хероите на македонската држава, без оглед на вашиот бес и гнев, тој став не е став на мнозинството граѓани во Република Македонија и треба да бидете многу внимателни во чувството на семоќност кое може да повлече ваши непромислени постапки.
Започнавте со јадење живи луѓе и политички прогон кој ќе заврши на суд на штета на Република Македонија – и за тоа сталинистот Алаѓозовски ќе одговара.
Но, доколку се обидете да уништувате споменици на историјата на македонската државност, ќе одговарате сите до еден и ќе ви суди народот. Дури и побргу отколку што очекувате“, рече на прес-конференција пред Министерството за култура, Милош Милошевски, од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.