Daily news
(Видео) Реал е поуспешен во меѓусебните дуели со Манчестер јунајтед
Реал Мадрид како актуелен европски првак и Манчестер јунајтед, освојувач на Лига Европа, во вторник во Скопје ќе се борат за титулата во Суперкупот на УЕФА.
Великаните на светскиот фудбал на стадионот „Филип Втори“ ќе се соочат 13-ти пат на официјални натпревари, Реал е поуспешен победил четири пати, двапати славеле „црвените ѓаволи“, а четири натпревари завршиле без победник.
Суперкупот на УЕФА, кое име и да го носело ова натпреварување низ годините, Реал го освоил три пати (2002, 2014, 2016), а Манчестер јунајтед еднаш (1991).
Историјата на меѓусебните дуели на Реал и Манчестер јунајтед започанла пред шест децении, на 11 април 1957 година во тогашниот Куп на европските шампиони. На „Сантијаго Бернабеу“ пред 135.000 гледачи Реал првиот полуфинален меч го добил со 3:1, со головите на Ријал, Ди Стефано и Матеос, а Тејлор го постигнал голот за Јунајтед.
Во реваншот на „Олд Трафорд“ немало победник, дуелот завршил 2:2. Тејлор и Чарлтон ги постигнале головите за Јунајтед, а Ријал и Копа за Реал.
Реал потоа со триумфот над Фиорентина 2:0 ја освоил европската круна.
Единаесет години подоцна во двомечот поуспешен е Јунајтед. Труимф на „Олд Трафорд“ 1:0 со голот на Бест, на 24 април 1968 и 3:3 во Мадрид на 15 мај 1968, по што „црвените ѓаволи“ се пласираа во финалето.
Потоа следува пауза од три децении, за Реал и Јунајтед да играат меѓусебен двомеч во четврт-финалето во Лигата на шампионите. На 4 април 2000 во Мадрид натпреварот завршил без голови, а во Манчестер „кралскиот клуб“ триумфира со 2:3 со автоголот на Рој Кин и двата гола на Раул, а стрелци за Јунајтед биле Дејвид Бекам и Пол Сколс.
Три години подоцна повторно во четвртфиналето играат Реал и Јунајтед. На 8.април во Мадрид, Раул постигна два, а Луис Фиго еден гол за триумф 3:1. Ван Нистелрој беше стрелец за Јунајтед.
Две недели подоцна, на 23 април 2003, на „Олд Трафорд“ е одигран еден од најдобрите мечеви во историјата на Лигата на шампионите, Јунајтед победи 4:3, но Реал се пласира во полуфиналето.
Ван Нистелрој, Елгера (автогол) и Бекам со два гола беа стрелци за Јунајтед, а оригиналниот Роналдо постигна хет-трик за Реал.
Последното соочување, на официјални натпревари Реал и Манчестер Јунајтед го имаа пред четири години, во осминафиналето во Лигата на шампионите.
На 13 февруари 2013 во Мадрид мечот заврши 1:1. Кристијано Роналдо и Дани Велбек беа стрелци на головите.
Во реваншот Реал победи во Манчестер со 2:1. Серхио Рамос постигна авто-жгол, а Модиќ и Кристијано Роналдо погодија за Реал.
Реал од клупата тогаш го предводеше актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед, 1жозе Мурињо.
Ненад Цветанов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.