Контакт

Daily news

Илија Димовски: Талат Џафери да се однесува одговорно кон Собранието

Објавено пред

Пратеникот Илија Димовски во изјава за медиумите од Собранието рече дека најостро реагира на начинот на којшто Талат Џафери денеска и во последниот период ги води седниците и управува со Собранието. Во името на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Димовски обвини дека Талат Џафери и парламентарното мнозинство свесно го кршат Изборниот законик за што треба да сносат одговорност пред Владата, своите партии и пред граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„Апелираме нервозата што се наметнува во Собранието да заврши што побргу. Доколку некој нема капацитет да се справи со својата одговорност, треба да биде свесен за тоа, доколку некој нема капацитет да се справи со својот карактер, избувлив дух или нервозна динамика на функционирање, треба да се справи со тоа, особено во парламент како овој во кој во овие 60-ина дена господинот Џафери го има повикано обезбедувањето да влезе во салата повеќепати отколку сите претседатели на парламентот во Република Македонија во последните 25-26 години, од времето на господинот Старова, Минчев, Андов итн. до последниот претседател Трајко Вељановски“, рече Димовски.

Тој апелира Џафери да се однесува во согласност со пропишаните норми во Деловникот.

„Господинот Џафери, узурпирајќи го местото на коо седи, има обврска да го почитува Деловникот. Тој не може да избира кој кога ќе зборува, тој има правилник за спроведување во таа смисла, затоа најмногу од сите има обврска да се грижи за редот и поредокот во Собранието, но и за мир и соработка помеѓу пратеничките групи. Најмногу од кој било досега има обврска да се грижи за легитимитетот и легалитетот на постапката бидејќи и позицијата што ја узурпира ја доби во немирна и незаконска постапка, која предизвика многу штети и последици за државата и ќе се влече како опашка зад неговиот таканаречен избор“, додаде Димовски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...

Свет1 час

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е...

Македонија2 часа

Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков....

Свет2 часа

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во...

Македонија3 часа

Подметнат е големиот пожар кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под...

Македонија3 часа

Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по...

Свет5 часа

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,...

Македонија12 часа

Чизмите им останале заглавени во стопен шеќер, повредени неколку пожарникари, пожарот во „Винчини“ под контрола

Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата додека го гаснеле големиот пожар во фабриката „Винчини“. Тие се заглавиле во...

Македонија16 часа

(Видео) Фабриката „Винчини“ во пламен, ангажирани пожарникари од повеќе градови

Голем пожар ја зафати фабриката за слатки „Винчини“ во Виница, каде што огнените јазици уништија магацини и неколку производствени погони....

Скопје17 часа

Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош...

Македонија17 часа

На Табановце чекање и до 40 минути, АМСМ апелира за трпение

Долги колони возила се создаваат на граничниот премин Табановце, каде што за излез и влез во државата се чека и...

Свет18 часа

Во Украина има 700.000 руски војници, еве каде е најголемата концентрација

Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) информираше дека на територијата на Украина моментално има околу...

Скопје19 часа

Таксистите добиваат 200 електрични возила, Меџити го претстави проектот кој ќе го чисти воздухот

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес на работен состанок...

Економија22 часа

Мицкоски порача дека невработеноста паѓа, а економијата оди напред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на „Фејсбук“ порача дека најновите податоци ја потврдуваат економската стабилизација и растот кој, според...

Македонија23 часа

Илиевски: Дали за торба пари Мицкоски продаде државни тајни?

Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, денес одржа прес-конференција на која ја истакна загриженоста на партијата за одбивањето на Христијан Мицкоски...

Македонија24 часа

СДСМ призна дека ги прислушкувал Мицкоски, новинари и бизнисмени, вели Петрушевски

СДСМ призна дека го прислушкувал и го следел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и новинари и бизнисмени, обвинуваат од...

Свет1 ден

„Не одам кај терористот“, Зеленски ја отфрли понудата на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли идејата на рускиот лидер Владимир Путин за билатерална средба во Москва, објави Укринформ,...

Свет1 ден

Израел ги повика жителите на Газа да бегат кон југ пред офанзивата

Израелската армија утрово издаде итен апел до палестинските цивили во Газа да се евакуираат кон југ на градот, со цел...

Македонија1 ден

Учениците се оставени без учебници, родителите печатат материјали од Вибер, реагираше СДСМ

Образовниот систем во Македонија ја почна хаотично новата учебна година, откако се покажа дека учениците немаат учебници, иако од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет1 ден

Трамп: Америка нема само да се брани, туку ќе оди во војна

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која Министерството за одбрана на земјата се преименува во Министерство за војна,...