Daily news
Владата донесе одлука за јакење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот
На денешната седница Владата ја донесе Уредбата за методологија за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2018 година. На седницата беше истакнато дека оваа уредба спаѓа во делот на оние документи од осбена важност за рамномерниот развој на општините како дел од стратешките определби на Владата на Република Македонија. Во дискусијата по оваа точка, членовите на владата очекуваат и дполнителни мислења од ЗЕЛС, Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии, врз основа на кои ќе се градат идните политики за зголемување на процентот од приходите на додадена вредност кои од буџетот на Република Македонија се наменети за општините.
Владата ја разгледа и ја усвои информацијата во врска со побарувањата на Министерството за финансии по основ на користен кредит од страна на Мешовитото јавно претпријатие Проаква Струга по основ на Поддоговорот за кредит од Акционата програма за унапредување на општините и животната средина, и донесе одлука за укажување до општините Струга и Охрид, како и до МЈП Проаква Струга, во рок од една недела, да достават до Министерството за финансии барање со предлог за исплата на обврските согласно Законот за задолжување на Република Македонија со кредит кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) по договорот за проектот „Акциона програма за унапредување на општините и животната средина во Куманово, Велес, Штип, Струмица, Охрид/Струга“. Оваа одлука на Владата на Република Македонија е во соласност со определбата на владата да изнајде трајно решение за состојбата со долгот по овој основ што го имаат општините Струга и Охрид, што претставува сериозна пречка во нивното работење.
На дневниот ред на 22. седница на владата беше разгледана и информацијата за Годишниот извештај за управување со јавниот долг на Република Македонија за 2016 година, и заклучи овој извештај да биде доставен како информација до Собранието на Република Македонија.
Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со формирање на работни групи за подготовка на нацрт текст на нов Закон за енергетика. Во оваа насока Министерството за економија во координација со Кабинет на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања треба да формираат работна група која ќе ги координира активностите поврзани со подготовката на нацрт текст на нов Закон за енергетика со претставници од Кабинетот нa Претседателот на Владата, Кабинет на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Министерството за економија и Регулаторна комисија за енергетика, за подготовка на одредбите кои се однесуваат на пазарот на електрична енергија, пазарот на природен гас, топлинска енергија, нафта и нафтени деривати и обновливите извори на енергија.
На предлог на Министерството за внатрешни работи, владата ја усвои информацијата за потребата од изготвување на Стратегија на Република Македонија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со Акционен План за нејзино спроведување.
Со оглед на тоа што оваа стратегија е дел од агендата на Планот 3-6-9, владата ги задолжи Министерство за правда и Министерство за финансии (Управа за јавни приходи; Царинска управа; Управа за финансиска полиција; Управа за финансиско разузнавање), да достават номинации за членови на Работна група за изготвување на Стратегија на Република Македонија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со Акционен План за нејзино спроведување.
Владата да ја разгледа Информацијата за решавање на проблемите во Јавното претпријатие за државни патишта и во Јавното претпријатие Македонија. Владата донесе одлука Јавното претпријатие за државни патишта и Јавното претпријатие Македонија пат да достават измени и дополнувања на Програмата за одржување и заштита на државните патишта за 2017 година и Годишната програма на ЈП за државни патишта за да се обезбедат 150 000 000,00 денари за потребите на ЈП Македонија пат, откако претходно ќе се обезбедат позитивни мислења од Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Државната комисија за спречување на корупцијата.
На денешната седница на владата беше разгледана и усвоена информацијата за утврдените активности со Регионалните бизнис центри формирани во рамките на Центрите за развој на планските региони. Дополнително владата го задолжи Министерството за локална самоуправа до декември 2017 година да ја информира Владата на Република Maкедонија за степенот на реализација на aктивностите утврдени во договорите за поддршка на aктивностите на регионалните бизнис центри формирани во рамки на Центрите за развој на планските региони, за 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.