Daily news
Александрова: СЈО работи на политичко оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ
СЈО е инструмент за политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ и работи надвор од сите законски утврдени стандарди, а единствен стандард е да се реализираат политички нарачаните обвиненија, во изјава за медиумите, рече денеска Емилија Александрова.
– СЈО се однесувЕмилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа дека а како за него да не важат Уставот и законите на Република Македонија. СЈО работи под политички диктат. Нивна цел е политичко оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ во обид да го нарушат рејтингот на партијата во очи на претстојните локални избори. СЈО е единствениот адут во рацете на Зоран Заев, кој има очајно слаб рејтинг помеѓу граѓаните. Тие се фрапирани од неговиот антидржавнички однос. Потпишувањето на договорот со Бугарија, кој во повеќе точки е во спротивност со македонските национални интереси, шверцерскиот начин за протнување на законот за јазиците, партизацијата на државаниот апарат и неспособноста да се справи со секојдневните проблеми на граѓаните се само дел од хаосот и неизвесноста во која Заев и бандата околу него ја туркаат државата, изјави Александрова.
Според неа, целото делување на СЈО во предизборниот период имало за цел уривање на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и носење на власт на СДСМ кои, како што кажаа Александрова, имале задача да ја реалзираат антидржавната агенда.
– Случаите ТНТ, Траекторија и другите случаи монтирани случаи насочени кон претседателот Никола Груевски. Катица Јанева сака да создаде слика во јавноста дека Никола Груевски и Зоран Заев се ист профил на личност. Мисли дека криминалецот Зоран Заев нормален и прифатлив за јавноста ако сите останати неосновано ги оцрни. Граѓаните можат да видат дека целата хајка против ВМРО-ДПМНЕ е политичка режија која треба да и одземе гласови на партијата. Јавноста виде дека димната завеса СЈО ја создаваше за да му отвори терен на СДС да го сокрие кршењето на законите на Република Македонија, рече Александрова.
Таа додаде дека СДСМ и СЈО и сите прекршители на законите, мотивирани или принудени од нив, требало да знаат дека по враќањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биле ревидирани и исправени сите одлуки на СДСМ.
– Со враќањето на правната држава и демократијата во Република Македонија сите криминалци и прекршители на законот ќе одговараат. Сите од прв до последен! За криминилите и антидржавните дејствија кон државата и нејзините граѓани мора да има соодветни санкции, заврши Александрова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.