Daily news
Зошто се проѕеваме?
Научниците утврдија дека проѕевањето е многу посложена појава отколку што до сега се веруваше. Тоа може да се појави од различни причини и да има различни функции.
Станува збор за средство кое во стресни периоди овозможува да го одржиме мозокот во будна состојба. Кај многу животински видови заразното приѕевање е начин да се заштити семејството и пријателите така што сите во групата ќе останат во состојба на подготвеност. Појавата, која обично трае околу шест секунди и често се јавува во серии, предизвикува хемиски промени во мозокот.
Долго време се веруваше дека проѕевањето е начин да се компензира недостигот на кислород во организмот, а нашата склоност да се проѕеваме кога ќе видиме други да го прават тоа е погрешно толкување како израз на емпатија.
За да влеземе во сржта на проѕевањето, научниците направиле низа експерименти со група луѓе и животни. Нивната основна хипотеза е дека значајната улогата на проѕевањето е во тоа да го одржи мозокот ладен за да може оптимално да функционира.
Мозокот е многу чувствителен на загревање, а Ендру Галуп, асистент на Катедрата за психологија на Државниот универзитет во Њујорк во Онеонт, тврди дека помнењето слабее кога оптималната температура на мозокот од 37 Целзиусови степени ќе порасне помалку од еден степен.
Експериментите со глувците покажаа дека вдишувањето студен воздух ја намалува температурата на мозокот така што ја лади крвта која оди до мозокот.
Стресот и анксиозноста предизвикувааат загревање на мозокот, а проѕевањето го лади и обезбедува негова максимална ефикасност, вели д-р Галуп. Со тоа може да се објасни зошто често се проѕеваат луѓето од кои тоа не би очекувале, како падобранци кои се подготвуваат да скокнат од авион, или луѓе кои треба да одржат говор.
Во рамките на истражувањето од 2012 година чии резулати се објавени во весникот Journal of Comparative Psychologie, д-р Галуп и неговите колеги ја набљудуваа оваа појава кај четири групи папагали, од видот мал александар. Кога некои папагали од едната група се вознемириле поради гласните звуци, сите почнале да се проѕеваат, што во другата група не беше случај. Научниците веруваат дека тоа е доказ дека заразното проѕевање има функција да ја одржи групата во приправна состојба.
Научниците идентификуваа и некои од хемиските промени во мозокот кои го поттикнуваат проѕевањето. Рецепторите кои учествуваат во пренесувањето пораки до мозокот функционираат со помош на хемиската супстанца допамин. Нивото на допамин е најголемо рано наутро, па сосема е логично што луѓето да се проѕеваат кога ќе се разбудат, објасни д-р Галуп.
Некои рецептори одговорни за проѕевањето реагираат на опиоидите, што објаснуа зошто зависните од хероин во текот на одвикнувањето многу често го прават тоа.
Истражувањата покажуваат дека повеќе се проѕеваме кога сме уморни, но не е јасно зошто. Д-р Галуп смета дека причина е во тепмпературата на мозокот која е највисока во текот на ноќта, а некои научници веруват дека проѕевањето ја следи промената на состојбата, на пример, преминување од спиење во будна состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.