Daily news
Што прават 2 банани дневно за вашиот организам?
Бананите се користат како природен лек за многу заболувања
Една студија открила дека две банани можат да го снабдат организмот со доволно енергија за дури 90 минутно напорно вежбање. Тоа е причината зошто бананите се омилено овошје на бројни спортисти.
Покрај тоа, во однос на јаболката, бананата содржи:
-трипати повеќе фосфор
-двојно повеќе јаглехидрати
-двапати повеќе од останатите витамини и минерали.
Ова се некои од предностите:
Чир
Бананите се користат како природен лек за цревни проблеми, главно поради мазноста и мекиот состав. Има способност да ја обложи слузокожата на желудникот а со самото тоа ја намалува иритацијата и киселоста.
Анемија
Благодарение на високата содржина на железо, редовното консумирање на банани може да ви помогне да се изборите против анемија. Железото стимулира производство на црвени крвни зрнца и со тоа го зголемува нивото на хемоглобинот во крвта.
ПМС
Бананите се богат извор на витамин Б6 кој има способност да го регулира нивото на шеќер во крвта и да го подобри расположението.
Крвен притисок
Бананата е богата со калиум што ја прави совршена за здрав крвен притисок. Потврдено е дека бананите имаат способност да го намалуваат крвниот притисок и да заштитуваат од мозочен удар.
Терморегулација
Поради својот природен ефект на ладење, во Тајланд и многу други култури ширум светот, бананите се користат за снижување на температурата на идните мајки.
Зголемени киселини во желудникот и ждригавица
Бананите содржат антацид кој помага при ждригавица. Доволна е само една банана за да ги смири симптомите.
Депресија
Бананите се богати со триптофан кој се претвора во серотонин, невротрансмитер кој помага да се опуштите, да го зголемите расположението и да ја надминете депресијата. Според студијата, многумина од луѓето кои патат од депресија доживуваат значителен напредок после консумирање на бананите.
Опстипација
Бананите стимулираат редовно празнење на цревата и ослободуваат од опстипацијата, поради високото ниво на диетални влакна кои ги содржат.
Утринска мачнина
Спречете ја утринската мачнина јадејќи ја бананата како ужина, бидејќи ова овошје го одржува нивото на шеќерот во нормални граници.
Мамурлак
Бананите можат да бидат од голема помош во случај на мамурлак, особено ако се помеша со мед и млеко. Пригответе милшејк со мед, млеко и банана. Медот ќе го зголеми нивото на шеќер во крвта, млекото ќе го рехидрира и освежи телото а бананите ќе ја ублажат болката во стомакот. Мамурлакот брзо ќе исчезне.
Убод од комарец
Бананите и во овој случај се корисни. Врз убодот протријте со внатрешноста од кората на банана, па брзо ќе се намали отокот и иритацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.