Daily news
Арифи за „Макфакс“: Ни требаа 10 години за да најдеме идејно решение за расчистување на депонијата
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, тврди дека расчистувањето на тетовската депонија е веќе започнато. Сметот се носи во трансфер-центар, а за остатоците во депонијата градот има потреба од владина помош.
– Јас уште во девет утрината извршив инспекција со мојот тим, веќе е започнато расчистувањето на депонијата според планот и процедурите. Се работи за долгорочен проблем кој постои повеќе од 15 години и затоа ни е јасно и дека решенијата треба да бидат долгорочни. Направивме центар за трансфер кој веќе е во употреба, комунален смет на депонијата веќе не се фрла три или четири недели, а за остатоците ни требаше екстра помош, а не да ги носиме од едно на друго место бидејќи тоа не е решение. Во рамките на ребалансот на буџетот прифатено е Владата да интервенира во ова финално чистење. Ние не баравме помош, со наши можности ги правевме решенијата, но сега ни треба помош во финалната фаза – рече Арифи.
Во изјава за „Макфакс“ таа додаде дека компаниите што расчистуваат сега го носат сметот во „Дрисла“ и „Русино“.
Ние ги користите тие депонии, Тетово не треба да има депонија, само ќе функционира трансфер-центарот, рече Арифи.
Таа тврди дека претходните градски власти за депонијата воопшто не барале решенија.
– Јас во Општината најдов куп долгови, но ниту едно решение за депонијата. Ние моравме да најдеме среднорочни и долгорочни решенија. Јас не го водам градот политички, туку сум ориентиран кон решавање на проблемите на граѓаните, вели Арифи.
И јас живеам тука заедно со моето семејство, нормално дека ми пречи загадувањето, додава градоначалничката.
– Граѓаните на Тетово може да се потсетат како било пред четири години. Ние бараме други цивилизациски решенија, без разлика колку и да се тешки бидејќи само тие се гаранција дека може да се оди напред – истакна Арифи.
На прашањето дали ќе се кандидира повторно за градоначалник, Арифи вели дека тоа е одлука што ја носат партиските органи, но додава дека нејзиното срце е во Тетово и дека живее за својот град.
Кристијан Ландов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.