Контакт

Daily news

Вренцовска: Јас го одлoжив почетокот на претставата, тоа е академски

Објавено пред

По скандалот што се случи на затворањето на Охридско лето, каде што од вербална расправија дошло до физичка пресметка меѓу актерот Сашко Коцев и градоначалникот Никола Бакрачески, директорката на фестивалот, Сузана Вренцовска, за „Макфакс“ вели дека претставата доцнела бидејќи организаторите ги чекале гостите од Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Претставата доцнеше 15 минути, но ние зедовме предвид дека дел од протоколот доаѓаше од Скопје и токму од таа причина задоцнивме 15 минути, што секаде се смета дека е академски. Да доцнеа повеќе, ние ќе започневме независно од нивното непристигнување, но 15 минути е нешто што ние проценивме дека може да биде почитувано“, вели директорката Вренцовска.

Таа од аспект на прв човек на фестивалот вели дека нејзе ѝ паѓа одлуката дали фестивалот ќе започне навреме или не, а јавноста требало да го има предвид фактот дека тие како организација секогаш носеле тешки одлуки. Во однос на коментарите на социјалните мрежи, Вренцовска вели дека нема коментар не одговарајќи конкретно дали некој побарал од организацијата да се одложи почетокот на фестивалот.

„Не е вообичаено да доцниме. Се доцни само од објективни причини поради временски непогоди или можеби од технички поради монтажноста на гледалиштето, но веднаш кога ќе седне публиката, започнуваме“, додава Вренцовска.

Во однос на коментарите дека сцената не била соодветно поставена, според првиот човек на Охридско лето, Сузана Вренцовска, не може секој посетител централно да го следи настанот.

„Доколку некои од посетителите не беа задоволни, нека повелат, ние ќе им ги вратиме парите за купените билети. Нашата фестивалска публика многу добро знае дека сите театарски претстави на отворено не секогаш се играат во идеални услови. Во медиумите често слушам дека се спомнуваат конструкции за седење. Морам да кажам дека не направивме конструкција, а можевме, но само од една еднинстрвена причина, прво, многу тешко ќе беше да се расклопи и постави имајќи предвид дека чекавме дали ќе заврне или не“, вели Вренцовска.

Во однос на инцидентот Вренцовска не даде објаснување за причината која се поврзува со организацијата, туку изразува жалење и посакува никогаш повеќе да не се случуваат вакви работи додавајќи дека организацијата не може да се меша, ниту ѝ е место да коментира за вакви настани.

„Макфакс“ му се јави на Сашко Коцев, кој кажа дека нема коментар за случувањата на Охридско лето, а во однос на организацијата сè што требало да каже им било кажано уште вечерта по завршувањето на претставата.

„Немам коментар, темата се заокружи со коментарот на МНТ преку директорот Драган Спасов – Дац, кој го објави ставот во однос на доцнењето и чекањето на публиката. Во однос на одговорноста од страна на организацијата, јас им го кажав тоа ним, односно на сите што имав нешто да им соопштам, тоа им го кажав таа вечер“, вели актерот Коцев.

Директорката на Охридско лето, Сузана Вренцовска, вели дека таа сè уште немала дадено исказ во полиција за инцидентот, а денес добила покана од СВР Охрид.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Мицкоски: Очекуваме во вториот круг бројката на гласови за Орце Ѓорѓиевски да биде околу 125-130 илјади

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во Валандово, во рамки на вториот круг од локалните...

Македонија6 часа

Често миење раце, фрлање ѓубре со ракавици и дезинфекциски бариери во училиштата, препорачаа лекарите од ИЈЗ

Засега не е регистриран пораст на заболувања што може да бидат предизвикани од натрупаното ѓубре на улиците во Скопје, велат...

Македонија8 часа

(Видео) Mециновиќ за отпадот во Скопје: Владата намерно го остави градот да дојде до колапс за потоа да се прикажува како херој

Амар Мециновиќ, кандидатот на Левица зa градоначалник на Град Скопје во вториот круг на локалните избори, со предупредување за алармантната...

Македонија9 часа

М-НАВ: Тасевски призна дека штрајкот што го најави беше незаконит и свесно спроведува атака

На 22.10.2025 година М-НАВ АД Скопје преку правниот застапник адвокат Горан Николовски одржа прес-конференција, на која беа презентирани ставовите и...

Македонија9 часа

Tримесечна специјализирана обука: Лекарската комора го условува продолжувањето на лиценцата на д-р Кузмановски

Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора го разгледала поднесеното барање за продолжување на лиценцата за работа на...

Македонија10 часа

Каде скопските градоначалници го одлагаат собраниот отпад, прашуваат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје спроведе активности за собирање и транспорт на...

Македонија11 часа

Скопје се соочува со неприроден прилив на бездомни кучиња, нивното дислоцирање од една во друга општина е сурова и опасна пракса, порачуваат од „Анима мунди“

Во последниот период сведочиме на повторливи, систематски и сурови случаи на дислоцирање цели легла и глутници кучиња во градот Скопје...

Македонија13 часа

Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин

Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово,...

Европа14 часа

(Видео) Акција на украинските падобранци: ослободија село, заробија 50 Руси

Украинските воздушни напаѓачки сили го ослободија селото Кучерив Јар во Донецката област, заробувајќи повеќе од 50 руски војници и спасувајќи...

Свет14 часа

Ким Џонг-ун: Ниту доминацијата ниту тиранијата не може да ги прекинат врските со Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека воениот сојуз меѓу неговата земја и Русија ќе напредува непрекинато, објави државната медиумска агенција...

Свет15 часа

Белата куќа: Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател следниот четврток

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател Кси Џинпинг следниот четврток, соопшти Белата куќа. Трамп ќе присуствува...

Европа15 часа

(Видео) Се појави нова снимка од бегството на крадците од „Лувр“

Се појави неверојатна снимка од двајцата крадци кои лежерно бегаат од Лувр откако украле француски крунски скапоцености во вредност од...

Европа16 часа

Мерц: Ќе разговарам со Американците, се надевам дека „Роснефт“ ќе биде ослободен од санкциите

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека претпоставува дека германското делување во Роснефт ќе биде исклучено од американските санкции наметнати врз...

Македонија1 ден

Коалиции се градат со вредности, не со етнички поделби, му порача Мицкоски на Касами кој најави поддршка за ДУИ во Кичево

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагираше на изјавата на лидерот на Беса од „Влен“, Билал Касами, кој во интервју за...

Македонија1 ден

За Мицкоски предвремените избори се непотребни, но на oпозицијата и’ порача: „Внимавајте што посакувате, можеби ќе ви се исполни“

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба се осврна на...

Македонија1 ден

Даниловски алармира: Глувците во Скопје шират ризик од болести, преминат е Рубиконот, потребна е итна интервенција

Епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски предупреди дека Скопје се соочува со закана за јавното здравје, повикувајќи на итна, координирана интервенција...

Македонија1 ден

Независниот кандидат Милосим Војнески се повлече од вториот круг во Македонски Брод

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Македонски Брод, Милосим Војнески, објави дека се повлекува од изборната трка пред вториот круг...

Македонија1 ден

Не сакаме да се повтори сценариото со Арсовска, ние сме тука за скопјани, не за поединци, рече Мециновиќ

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција изјави дека партијата бележи значителен раст...

Македонија1 ден

Скопските лихвари им ги одземале имотите на оние кои не можеле да ја вратат позајмицата, каматата била и до 15 отсто месечно

Полицијата спроведе координирана акција на повеќе локации низ Скопје и приведе 11 лица осомничени за лихварство и перење пари, а...

Македонија2 дена

Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Киер Метер, министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација, во...