Daily news
Свој леб по свој вкус
Како се приближуваат празниците така домот полека оладува. Секој во семејството има свои планови и модерниот начин на живеење полека ја нарушува семејната атмосфера. Тоа не се должи на луѓето туку на промените кои новиот динамичен свет ги носи со себе. Постои еден начин како топлината повторно да се врати. Домашниот леб го побудува секое сетило и вдахнува нова димензија низ целиот дом.
Секој го обожава мирисот и вкусот на домашниот леб, но скоро никој веќе нема доволно време со часови да припрема теста и да пече. Затоа купувањето на некоја од новите машини за правење на леб е одлична инвестиција. Ваквата машина прави се што е потребно без многу време поминато во подготовка. Машината за печење на леб полека прераснува во една најбараните апарати за домаќинство. Со неа нема потреба од грижи за адитивите кои се ставаат во комерцијалниот леб. Секој знае што се става во машината за да се направи лебот. Тие кои се запознаени со работата на овие машини може да сведочи за сигурноста која ја има во исхраната, гордоста од направениот леб, слободата во изборот на состојките и незаменливиот вкус и мирис.
Како и кај секоја храна потребно е малку внимание и време за подготовка на совршената комбинација на вкусови. Како и сите други почетоци секој треба да си поигрува со состојките и евентуално да создаде леб во кој ќе ужива. Повеќето се задоволуваат со тоа што на кратко ги подготвуваат состојките, ги ставаат да се печат и со тоа имаат домашно подготвен леб. Сепак, за некои постои високо ниво на задоволство во тоа што подготвуваат леб со состојки по сопствен вкус кој ги задоволува сите нивни сетила и со тоа го внесува интензитетот на чувства кој го дава домашниот леб.
За да ги олеснат почетоците на секој кој за прв пат се запознава со машините за леб произведувачот Vivax нуди и неколку рецепти со своите машини. Тие се одличен начин како побрзо да се разберат командите на фурната и ги олеснуваат чекорите за креирање на совршениот домашен леб.
Најлесен начин за да се започне со припремата на првиот леб е да се направи класичен бел леб или леб со ореви и суво грозје. За спремање на бел леб потребно е да се стават 300 милилитри на вода, 2 лажички сол, 2 и пол лажички шеќер, 150 грама гриз од пченица, 350 грама лебно брашно, 1 и пол лажица сув квасец и 2 и пол лажици масло. Се селектира програмата French на машината и за некое време домашниот леб е готов. Кај лебот со ореви и суво грозје се ставаат 330 милилитри вода или млеко, 2 и пол лажици маргарин или путер, 2 лажици сол, 2 и пол лажици шеќер, 520 грама лебно брашно, 1 и пол лажица сув квасец, 75 грама суво грозје и 40 грама кршени ореви. Овој леб се пече на програмата Basic и препорачливо е оревите и сувото грозје да се додадат по звучниот сигнал за време на втората фаза на мешање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.