Овој метод делува на надворешниот изглед на косата па ефектот е видлив уште по првата примена.
Денес жените имаат на располагање богата палета средства за нега на косата. И покрај тоа, тие не престануваат да бараат необични, природни начини за подобрување на нејзиниот изглед.
Така, некои користат аспирин, што е одличен сојузник, на пример, во отсранувањето на прекумерните маснотии од косата.
Аспиринот ја прави косата мека, сјајна и бујна, а голем број жени имаат позитивно искуство во стоотстотно отстранување на првутот додека го користеле.
Треба да знаете и дека аспиринот не го храни коренот на влакното, туку дека дејствува на надворешниот изглед на косата, па ефектот е видлив уште по првата примена.
Можете да го додавате и во маските за коса, така што ќе издорбите 4 до 5 таблети во прав и ќе ги промешате со маската што вообичаено ја користите.
Постои и поедноставен начин: Земете 2-3 таблети аспирин и промешајте ги со неопходното количество шампон и со таа смеса измиете ја косата. Смесата треба да отстои нз косата 2 – 3 минути пред да ја измиете, таман колку што ви е потребно за да го измиете телото.
По ова измијте ја, па исушете ја косата и ќе бидете воодушевени од резултатите.
Овој начин на миење на косата практикувајте го еднаш неделно, а доколку вашата коса е сува, тенка, оштетена и склона на пукање, пронајдете некој друг начин на природна нега, затоа што ацетилисалната киселина од аспиринот може да ги влоши нештата.